Меѓународната заедница го реши деценискиот спор за името помеѓу Македонија и Грција со тн „Преспански договор“, потпишан во Нивици од страна на министрите за надворешни работи на двете земји. Како што знаме референдумот за името беше неуспешен, а името се смени во парламентот под сомнежи за поткупување и уценување на 8 пратеници од опозицијата.
Ветувањето од САД и ЕУ беше дека ако го смениме името ќе влеземе во НАТО и во ЕУ.
Како и секогаш нашите Американски пријатели го исполнија своето ветување, Македонија е членка на НАТО, но под името Северна Македонија. Историски факт е дека САД се најголемите заштитници на Македонија во поновата историја односно почнувајќи од 1991 година наваму, а и самите знаеме дека пријателството помеѓу САД и македонскиот народ започнува од времето на тн „Афера Мис Стон“ од далечната 1901 година.
За влезот во ЕУ не можеме да се лутиме на САД, тие не се членка на ЕУ
Проблемот како и секогаш се јавува со ЕУ, ветувањето што го дадоа државниците на државите членки на ЕУ како Меркел и Макрон , дека, ако го смениме името ќе станеме членка на ЕУ не го исполнија, како и многу други дадени ветувања. Неефикасноста на заедничката политика на замјите членки на ЕУ, особено на надворешната политика е прочуена надалеку. Не случајно Британците ја напуштија истата, а Хенри Кисинџер не сакаше да се јавува во Европа.
Преспанскиот договор е американски проект , САД и НАТО се гарантот на истиот, а во реал политиката, веројатно, сите што се занимаваат со политика знаат што значи тоа.
Американците секако дека го потрошија трпението околу решавање, за нив банален спор за името. Како што се сеќаваме во 2008 година токму Грција го стопираше влезот на Македонија во НАТО, проблемот на македонската владејачка гарнитура во тоа време беше погрешната перцепција дека токму ние ќе ја однесеме победата во спорот со името и започна со тн „Проектот за антиквизација“, а тогашната грчка Влада падна.
Во 2012 година дојдоа првите информации дека е можно македонската Влада да се врти спрема Русија, а нивниот проект „Груевски – технократот што ќе го реши името“ треба да се демонтира иако самите помогнаа цврсто да се позиционира неговата „фамилија“ во самиот државен апарат и во македонската економија. Груевски им потроши дополнителни 11 години за решавање на спорот, заедно со Глигоров, Црвенковски и Георгиевски ги чинеше многу време од потпишувањето на времената спогодба со Грција во 1995 година.
Американците се дополнително фрустрирани од повторно одолговлекување на приемот на Македонија во ЕУ, а ветувањето кое што го дадоа Меркел односно Германија и Макрон-Франција, кои што требаше да бидат столбот односно јакиот фактор за гаранција на ветувањето.
За жал од приемот во ЕУ ништо. Сведоци сме на пинг-понг партија во самата ЕУ и обид за поставување на нови услови за влез на Македонија во унијата. Прво блокираше Франција поради фактот дека Македонија има проблеми со владеење на правото, а Германија се обиде да додаде одредба во документот за проширување дека Македонија погрешно ја толкува фашистичката улога на Бугарија во минатото, а со тоа и на самата Германија. САД во последен момент преку Чешка и Словачка стави вето на неразумниот и непријателски чекор на Германија кон Македонија.
Мислите не е фрустрирана американската булдожер дипломатија? Се лажете!
Влезот на Македонија во ЕУ е безбедносно прашање, но е скоро неизводливо заради монархистичкиот менталитет кој владее во ЕУ и со металниот склоп на нивните политичари, кој е на иста линија со рускиот империјализам и идејата за Сан-стефанска Бугарија во која Македонија и Македонците не постојат. Веројатно не им е јасно и во Германија и во Франција дека Македонија е надвор од проектот за решавање на Косовското прашање и поделба на Македонија нема да случи.
Иницијативата на г.Апасиев и г.Кекеновски за уставноста на Преспанскиот договор е наместо, договорто е неуставен и факт е дека начинот на донесување и потпишување на преспанскиот договор се спротивни на уставот и токму решението на Уставниот суд на Македонија може да го донесе излезното решение за кое веќе стравуваат дипломатите во Грција, кои со право може да се каже дека ја познаваат Американската дипломатија во детали.
Уставниот суд нема да може да го укине Договорот од Преспа, но ќе може да ги укине одредбите за внатрешна употреба на истиот, односно да се врати името Република Македонија за внатрешна употреба.
#PrespaAgreement #Prespa #unconstitutional #Преспа #ПреспанскиДоговор #неуставен