Wednesday, July 21, 2021

НИКОЛА ПОПОСКИ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ


      - Кога ботовите ќе стивнат-

    Покрај тоа што имам примедби од блиски луѓе да не пишувам за политика,  сметам дека следните информации се прилично ексклузивни , битни и суштински за развојот на демократијата и иднината на  Македонија, но  секако адвокатурата е јавна професија по устав и  треба адвокатите да учествуваат и во јавниот политички живот со свои коментари и ставови. Јасно е дека од тие причини нема да навлегувам во подлабинска анализа, но ќе ги споделам информациите со јавноста.

Проверени информации кои што доаѓаат од блиски кругови на раководството  на ВМРО-ДПМНЕ говорат дека претседателот,  г. Мицкоски веројатно нема  да ги дочека локалните избори на чело на партијата.

Партиски брифери велат  дека Груевски веќе дал налог преку Александар Николоски и неговите партиски структури да се деинсталира Мицкоски, а на негово место да се инсталира Никола Попоски и дека операцијата е веќе спремна да се изведе во партијата. Како што се сеќаваме, г. Попоски требаше да биде премиер после изборите во 2016 година, но Груевски се обиде да ги изигра странците и да остане премиер што секако скапо го чини и него и партијата.

Брифингот за Никола Попоски да биде  премиер  во 2016 година доаѓаше  од високи дипломатски кругови  кои што беа инволвирани  во пржинскиот процес.

Пред локалните избори што следат на есен општо било незадоволството во партијата од целокупните политики на Мицкоски, изборот на кадрите, изборните порази и секако неговиот слаб лидерски капацитет, итн. Особено е интересно дека на нож  од членството било дочекано помирувањето со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Сепак  тие дебати да ги оставиме на членството.

Доцнењето со промоција на кандидатите за градоначалници е сигурен показател дека Мицкоски нема одврзани раце да ги избере истите и дека  последен збор се чека се уште   од Будимпешта.

Информациите говорат дека од  Мицкоски  дигнале раце сите странски дипломати,   како од нашиот  сојузник САД, така и од Русија и Франција.

Сигурни информации говорат  дека кабинетот на Мицкоски се обидел да обезбеди средба со амбасадорот Рикер на маргините на Преспа форумот за што биле одбиени.

Како и да  е, ни следи жешко политичко лето,  интересни  партиски превирања и секако локални избори.

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...