Sunday, November 28, 2021

КРАЈОТ НА ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА НА ЗАЕВ Е КРАЈ И ЗА АХМЕТИ, A МИЦКОСКИ ВЕЌЕ ЈА ЗАВРШИ СВОЈАТА

 

  


 Најпрвин да изразам сочувство на роднините и пријателите на загинатите во автобуската трагедија како и за  загинатите во пожарот во тетовската болница.

Навистина тешка година е за сите нас на сите полиња.

Оставката на Заев конечно е завршена работа. Ќе се согласите дека е лошо е да ја врзете својата политичка кариера со победата на лош кандидат и лош градоначалник на Скопје, особено во услови кога и во партијата,  баш и  не Ве „обичаат“,  тебе и твоето крило. Сепак времето ќе покаже дали е тоа политички сенс и знаење на господинот Заев кога да се повлече или некој му дошепнал од меЏународната да го стори истото.

Господинот  Ахмети долго опстојува во македонската политика и успеа да го одложи крајот на својата  кариера пред локалните избори со наративот кој го продаде  на меЏународнат заедница дека е гарант на стабилност, не само на Македонија туку и пошироко, по основ на исламски радикализам и фундаментализам и дека успеа да ги смири протестите на радикалите поврзани со случајот „Монструм и слично. Сето тоа во моменти кога постојат шпекулации дека црни пари доаѓаат за исламистите во регионов од Саудиска Арабија, Јордан и Турција , а  тоа секако  им оди во прилог и  одговара на руските интереси и интересите  српскиот свет.

Веројатно дека и  за  Ахмети беше изненадување оставката на Заев, а тоа  го потврдува  фактот дека се уште ДУИ се обидува да го разубеди Заев во намерата за двојната оставка, макар и останал само Премиер.

Сепак изгледа дека постојат  спремни наследници во ДУИ за неговата позиција, за жал сето тоа е убрзано со трагедијата во тетовската болница и трагедијата со запалениот автобус, како трагична парадигма, не само за корупцијата во ДУИ туку и за корупцијата во Македонија во последните 30 години, на сите политички чинители, партии и самиот државен апарат.

Состојбата во опозиционерската ВМРО-ДПМНЕ после  пировата победа и не е така сјајна. Немаат привлечна сила за нови гласови, но исто така доцнат  со гаранциите кон меѓународната заедница за Преспанскиот договор, процесите кои што следат, договорот со Бугарија како и неминовната потреба за  расчистувањето со груевизмот и неговите кадри. Обидот да формираат ново парламентарно мнозинство од наративот сите против Ахмети, се преврте во наратив сите против Мицкоски. Исто така, таму има проблеми со пара безбедносни структри кои што соработуваат со нашите стратешки непријатели, аферите околу финансирањето на партијата  итн,итн. Особено е интересен делот на приказната  што е продаден на раководството и членовите на партијата дека комуникацијата по мрежата Телеграм не може никој да ја следи, итн,  итн.

Поклопувањето на партиските изборите во СДСМ со конгресот на ВМРО –ДПМНЕ ги направи уште понервозни токму кадрите на груевизмот, истите да негодуваат дека поклопувањето е некултурно од страна на СДСМ.

Токму на 12 декември 2021 година ќе имаат граѓаните на Македонија претстава која партија е подемократска,  искрено пред многу години очекував дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ.

 

Нови ветришта дуваат во Република Северна Македонија, скртено Македонија!

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...