Monday, February 21, 2022

КАКО ТОА, РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ БИЛ ЖИВ?!

 


После моето гостување во Утрински брифинг кај господинот Сашо Орданоски, публиката со право прашува како тоа режимот на Груевски бил се уште жив?! Прашањето е сосема легитимно и наместо,  јавноста со право  стравува од можната за  реституција на режимот.

Сега да образложиме како е тоа можно режимот на Груевски да е жив, а Груевски побегна во 2018 година во Будимпешта. Бриферите говореа,  претходно  дека  западните служби му го дозволија бегството  затоа што се испазари да обезбеди пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за промената на името на Македонија во Северна Македонија и веројатно истите служби мислеа дека далечината ќе го направи своето и неговата контрола ќе избледи во партијата, но не е така.

 Господинот Мицкоски е формало-правно лидер на партија, но тој не одлучува за ништо, тоа се покажа и со фактот што пред секои избори  заедно со Александар Николоски одат во Будимпешта, демек на состанок со Орбан, но во вистината е дека одат за изим од Груевски за кадровските решенија. Целокупната формална партиска структура се уште на дневна основа брифира кај Груевски преку  социјалните мрежи, се зборува дека ја користат руската Телеграм и други руски телекомуникациски системи кои што „никој не ги слуша“, веројатно како што „тајниот“ израелскиот сателитски телефон употребен за време на настаните од 27 Април 2017 година од Виена каде што  заедно со Груевски беше и оверувачот на политиките на Мицкоски, Николски. Оттаму сега и потребата да се испегла во јавност лицето и делото на Александар Николски со награда дека бил влијателен млад лидер после пеховите со Чешка и Словачка како и етикетата од релевантни западни извори дека заедно со претседателот на партија Мицкоски, се ширачи на лажни вести. Се тука повторно се поставува логично прашање зошто ако користи руски телекомуникациски системи, таква верба Груевски на полага на руските банки таму да ги чува украдените пари и зошто не набави Лада како безбедносно возило туку Мерцедес 600, за кој премиерот Ковачевски  јаде заушки од медиумите на Груевски дека го користел истеиот.

 Но да продолжиме понатаму, на дневна основа кај Груевски рапортираат и избраните функционери, односно градоначалниците и советниците, а тоа секако помогнато оверено и заплашено со уште едно грдо лице на неговиот режим, тоест неговиот кум Ставрески. Се сеќавате на телото за координација на градоначалниците. Покрај овој официјален дел, и господинот Орданоски во своите колумни посочи за пара безбедносни и пара разузнавачки структури кои што гравитираат околу градоначалникот на Аеродром, но такви центри има околу уште неколку градоначалници. За лицата именувани и вработени од Груевски и фамилијата во државната администрација да не забораваме, влакно не им фали. Неофицијални се зборуваше дека министер за внатрешни работи  во сенка е Оливер Андоноски и преку него се собираат информации за можни афери во државните органи. Тевтерчињата во судството и другите правосудни органи се уште функионираат.

Медиумите кои што ги финансира Груевски исто така му реферираат на дневна основа. Имаше пиши бриши со некои писанија пред Протуѓер да ја признае вината што не била вина.

Сите знаеме за  посветeностa на Груевски и неговата фанатiчиност  како и поривот  за освета и сето ова наведено погоре воопшто не треба да не чуди. Сем Вакнин ја има поставено неговата дијагноза пред многу години.

И за чудо,  тоа што не им успеа на Црвенковски и Георгиевски, Груевски успева да го прави цели 4 години од како ја напушти Македонија. Тој е вистинскиот наследник на Колишевски со високот, како што опишува тоа Слободан Богоевски.

Сметките на Груевски малку му ги поматија, како тој што би ги нарекол  ножињата,односно  неговите слуги, Миле, Гордана и  Мартин, со признанието дека партиципирале во злосторничко здружение,  но Груевски не се откажуава, а зошто да се откажаме ние од борбата на државата и општеството да го порази режимиот на Груевски?!?!

Saturday, February 12, 2022

СУРОВИТЕ СЛУГИ НА РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ


  За моја несреќа ги познавав слугите на режимот лично и ја доживеав нвината суровост на моја кожа,  исто како и илјадиници други граѓани во преиодот на режимот 2006-2017 година. Верувам дека не се каат за своите злодела, а тоа се гледа и од нивните признанија за вина која што ете и не била вина?!?

Особено ми е жал што не одговара за ниедно дело лицето Мартин Протуѓер, човечето кое што заговараше ендеци, палења и други гадости.

Гордана ја познавав од времето кога студиравме на Правниот факултет, а Миле , Мартин и Кирил Божиновски ги запознав покасно. 

По игра на случајноста од луѓе во  партијата ВМРО-ДПМНЕ  ,  за кои што погрешно сум мислел дека ми се   пријатели , летото 2003 година, после изборот на Груевски за претседател,  ми доверија да работам во некоја фирма која што била партиска, но требало да се департизира.

Наивно верував дека се искрени и дека немаат никаква скриена намера и се зафатив сериозно да ја работам истата со прилично брз прогрес и успех. Се работеше за деловни простории низ центарот на Скопје. 

Во 2004 година следеше расколот во партијата и скриените сопственици на фирмата, Ламбе и Војо побараа да се приклучам во ВМРО Народна партија, но не бев политички активен. Имаше потенцијал партијата, Ден Дончев ми го кажа истото од кога ја даде оставка од позицијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. 

Другото, јавноста го знае  како дел од општата јавната и партиска историја: Панорама, раскол, народна, премин на народњаците кај Груевски. 

Имав контакт со луѓето Груевски, поточно со  браќата Мијалкови, но сепак добро ја знев нивната неискреност. Со Влатко Мијалков работевме заедно во царина за време на Даравелски.

Од причина што Груевски и Сашо сметале дека имотот е партиски како и други неброени имоти, перманентно ми беше барано да ја вратам фирмата, а истовремено и старото раководство полагаше права на истата. 

Во 2006 кога дојдоа на власт Миле Јанакиевски ми побара да преминам во ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не го направив од причина што сметав дека треба да се помират двете партии, а мене ми беа преку глава и двете партии,но понудив да им го пренесам уделот од фирмата на нивен блиски човек на неколкуте состаноци на кој што беа присутни  Гордана, Миле, Протуѓер, а Влатко Мијалков  како супервизор од фамилијата, додека  Сашо и Груевски слушаа во соседната просторија на спиркефон во  Владата. 

Перманентно со ова добивав забелечки ,  закани, уцени во живо и преку  телефон од познати и непознати луѓе,  кое што подоцна кулминираше со неколку физички напади.

Преносот на уделот во 2006 беше одбиен поради  можноста партијата да  трпела лош медиумски  удар од аферите на предходното раководство, нели чесниот беше Груевски, но  подземните игри продолжија. Ме тераа да правам разни криминалии, но не поткеркнав, а уделот сепак ми го презедоа во февруари 2012 година.

Пропадна обидот да ја однесат фирмата во стечај со ликвидацијата на Македонска Банка од страна на Народната Банка. Тоа беше есента 2007 година кога и почна мојата голгота и ги видов суровите лица на слугите на Груевски. 

Добар дел моето сведочење за голготата ја објавија неколку храбри новинари и медиуми.

И Сега, за чудо,  после цели 19 години слугување кон  Груевски и фамилијата,  истите  лица признаваат, но не признаваат вина?!?! 

Секако дека се виновни и пред себе и пред луѓето на кои им ги уништија животите, семејствата, кариерите, а некои и ги загубија животите, виновни се и за уништување на државата, а секако, господ ќе им суди, нели беа демохристијанска парија?!


Неоспорен е фактот  дека самите беа дел од системот кој беше режим, нивната гадост и нечовечност имавме можност да ја чуеме во политичките бомби од 2015 година.

Диктаторот кој ги остави на цедило како и многу други луѓе  да го носат товарот,  кој во суштина е негов,  побегна и се замислува дека е голем политичар од хотелските соби во Будимпешта.

Сега, истиот тој диктатот се откажува од своите слуги поради тоа  што признале нешто што не постои.?!?!? А, дали Господарот, безгрешен, згрешил нешто или направил криминал, боже чувај?!?!?

Додека негова хистерија и изопаченост  е поддржано од големите украдени пари, како  и партијата која што, за жал  се уште ја контролира и медиумите кои што ги финасира да шират истат хистерија. Сето тоа на  анти-Нато линијата. 


Јас лично им простувам, но нема да заборавам, не поднесов тужба за прислушкувањето, но фалеше добар дел од мојот фајл кој што беше воден во УБК на Мијалков како досие : „Државен непријател“ затоа што семоќното бате се намерачило на фирмата, како и на многу други.


Секако дека правдата како правда не е сеопфатна и  секако со право можеме да бидеме незадоволни од исходот на сите овие судски процеси за бомбите, распадот на СЈО, поткупени обвинители и судии, итн, итн….


И секако да  завршам и со текстот и со нив,  мора да им простиме и истите личности да ги адактираме во црната историја на  џелати и секако како држава и општество мора да движиме напред и да целиме да постанеме функционална демократија!


 Никогаш да не се повтори!



Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...