Tuesday, September 13, 2022

SENIOR POLITICS, МАКЕДОНИЈА И РАСПАД ВО ОПОЗИЦИЈАТА

 



Драги читатели, поминува уште едно лето, се надевам дека одморивте, политиката и војната во  војната во Украина не одмараа.  Македонија, како што некои милуваат да ја кажат Северна Македонија, а и целиот Балкан, те Западен Балкан се на серизен крстопат. Тоа се должи на американската политика која се судира со тн геријатриски проблеми,  за жал. Поентата ми е дека кон новите предизвици не може да не водат превозрасни политичари, дали е Бајден или Трамп, сеедно. Време е да одмараат некаде во Флорида...

Македонија како  и секогаш така и сега е полето за експерименти. Американската политика направи сериозен лупинг и дозволи бугарската политика од 19ти век за бугаризација на Македонија да оживее, поточно да се повампири преку францускиот предлог.

Колку и да се обидува власта а и западот да не убедат дека е одличен предлог, тоа не е точно. Поентата со прашањето на новинарката Ана Антевска е антологиско и пластично ја опишува дволичноста на европската политика кон Македонија,  зошто е дозволено е да си геј но не и Македонец во 21 Век?! Или да поедноставиме, зошто можеш да се биде  бугарски, грчки или албански националист, но не може да се биде македонски патриот?!?!?

Периодов видовме дека американците, односно нивните идеолози лутаат како понатака. Хенри Кисинџер смени три става за крајот на војната во Украина, а Бугарија доби право да ја ревидира историјата, а Косово замислите немало да стане независно поради Русија која што го користела Косовското  прашање за решение на ситуацијата во Украина, но за тоа требаше некој да мисли во 1999 година. За провокацијата на Ненси Пелоси кон Кина да не зборуваме, но конфликтот Кина-Сад секако е неминовен, но тоа во друга прилика.

Моето  гледиште е дека отстапката на американците кон бугарската политика кон Македонија, историски спонзорирана од Франција и Германија, е како некоја коска за дефокус на на Европа од настаните во Украина, кога големите сили се борат  за високи цени на енергенси и влијание, а Европа ќе плаќа, па за возврат мора да добие, Европа , занимација,  нешто ситно како компензација. Знаете, при скап гас, нечкањето околу  санкции кон Русија, но секако тука и санкции кон Кина и стоп за компонентите за користење на сончевата енергија.....

Интересен дел, кој не сакаат некои политичари да го видат е дека Западен Балкан  е ставен под капата на американците уште во 2008 година, русите го почитуваат тоа, но Србите и дел од нас Македонците не го сфаќаат тоа.  Неоспорен факт акт е дека со  признанието на името Северна Македонија и статусот на  МПЦ,   руската страна покажува дека одлуките за Балканот на американцит се финални и за нив, додека  само хушкаат и очекуваат некој како Додиќ или Вучиќ да го  дестабилизира  регионот, но за сигурно нема да се мешаат во тоа .

Нашата длабока држава секако чека некој  сигнал, но тргнува во процес да го прифати францускиот предлог затоа што немаат идеали и не се спремни да се откажат од привилегиите и бенефициите. На пример, Вучиќ  е свесен за политичката ситуација, знае за тоа, но пак затоа  од тие причини Курти провоцира,  секако  американците дека знаат за експозивноста на  прашањата  за Косово и Македонија, кои што  може да довеат до далеку поширока дестабилизација во регионот, а и светот, повеќе и од Украина. Односот Турција-Грција се заострува....

Да се вратиме кај нас, СДСМ, реално е на власт затоа што се пресервилни  кон американците, а имат ли друга опција?!?!  Затоа е и на власт,  а секако во опозицијата станува поинтересно.

Референдумот воопшто не им беше потребен на ликовите од опозицијата кога и на западните политичари им е јасно дека планот за бугаризација не поминува. Таљат Џафери доколку не го прифати референдумот, фрла гума за спас кон Мицкоски да излезе од стапицата која сам си ја спреми. вчерашниот ден ги најави идните случувања, сударот на Мицкоски со груевизмот и новата партија на БЦ со двајца градоначалници.

Не чека жешка есен со политичка и енергетска криза.

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...