Sunday, May 26, 2024

МИЦКОСКИ ЌЕ МОРА ДА ИЗГОВОРИ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА



Провокацијата  на инаугурацијата од страна на новата претседателка на „Нашата земја“ ,
Силјановска Давкова со неизговарањето на уставното име на Северна Македонија
при давање на заклетвата  е комплетно лош старт во меѓународните односи како за неа така и за
ВМРО-ДПМНE како партија која што ќе ја предводи новата влада
и за Кристијан Мицкоски како иден мандатар на владата.
Ианаугурацијата беше веднаш напуштена од грчката амбасадорка и наредните неколку дена не стигнуваа реакциите од Грција, ЕУ, а и САД, со осуда за Силјановска -Давкова. Меѓународниот фактор ја осуди постапката, Мицкоски и неговите послушници со сите сили се обидуваа да ја оправдаат Давкова дека тоа било нејзино лично право на самоопределување. 
Искрено не ни очекував било кој од „јаките“ советници кои што се спомнуваа дека учествуваат во изготвувањето  на изборната програма и партиципираа во самата кампања на ВМРО-ДПМНЕ да им  предочат на Мицкоски и Давкова за можните меѓународни последици од таквата непромислена постапка. Таква неодговорност и продавање на демагогија дека ќе го раскинеле Преспанскиот може да манифестираат Апасиев и Ванковска на пример, но не и Мицкоски и Давкова!
Советници, на Мицкоски и Давкова, поголем  дел од нив, произлегуваат од старото раководство на партијата, биле на битни функции  и постизборно чекаат да се „ухлебат“ на државна „цицка“ и не сакаат да се стават во немилост на „господарот“ и да извисат, „не дај боже“ при делење на големиот колач од освојувањето на власта, од тие причини разбирливо ја оправдуваа Давкова, а и самиот Мицкоски ја бранеше. 
Жестока беше реакцијата од страна на грчките националисти, но и самата држава Грција, која што ги покрена механизмите на ЕУ, веднаш стигнаа опомените и Сиљановска- Давкова немаше друг избир освен да ретерира и да почне ја употребува  референцата „Нашата земја“ за што предходно, жестоко, ВМРО-ДПМНЕ секој дневно ги критикуваше функционерите на СДСМ и самиот Стево Пендаровски.
Потсетување за почитување на Преспанскиот договор стигна и од самиот Манфред Вебер, претседател на ЕПП, каде што членува ВМРО-ДПМНЕ, а се сеќавате дека пред изборите, на самит на ЕПП беше и самата Давкова.
Набрзо после тоа одекна тн БОМБА пренесена на Канал 5 ТВ, дека  Грција се подготвува за враќање на мерките од 90те како одговор на провокацијата на Силјановска Давкова, а Мицкоски излезе зачуден на ТВ Сител да изјави дека очекувал честитка од нашиот јужен сосед, а не очекувал покажување на политички мускули, како никогаш да не прочитал од историјата на модерната  Грција дека како држава не е созададена на гандивски принципи на делување?!?!?. 
Секако се надевам дека не треба да се потсетиме дека обидот да се надмудрат грците, и американците  со инаетењето на Груевски и братучедот во 2008 година со промоцијата на проектот за антиквизација, после Букурешт,  не донесе до ова дереџе до каде што сме денес, а  аналогно на тоа не сакам  ниту да замислам до каде би  не одвел евентуален  обид на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да испровоцираат  раскинување на  Преспанскиот договор со непромислени провокации. Тоа ви е слично како професор по електротехника да ви каже дека за да проверите дали има струја во фасонката треба да ги пикнете прсти, на пример.
Најавата на Грција за евентуална блокада на Македонија како во ‘90тите треба да се сфати многу сериозно од причина што Грција е сериозна држава и брифингот до Канал 5 е сериозна порака директно и  до самиот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, токму пред формирањето на новата влада, нареднава недела. 
Во моменти кога советниците на Мицкоски, се борат за гол опстанок, но и  се само декор,  јавноста ќе треба отворено да му предочи дека портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис најави дека  очекувааат новата Влада на Cеверна Македонија, да положи свечена заклетва, од Грција да ги слушнат позициите, но потенцираше дека првите знаци не се добри, не се охрабрувачки и напомена дека  грчката страна  ги почитувала меѓународните ратификувани договори, но очекуваат пред и над сè, ова да го стори другата страна. 
Заклетвата на Мицкоски како премиер ќе биде клучен момент за понатамошната негова политичка кариера, но и серизен предизвик за Северна Македонија како држава. За прв пат Мицкоски нема да може да тактизира и да нема конкретен став,  како на пример за референдумот за промената на името. Ќе мора да го изговори името Северна Македонија, да доа ќе ги разочара гласачати кои што ќе сфатат дека по којзне кој пат наседнаа на ефтина партиска пропагнада, во овој случај за раскинување на Преспанскиот договор и враќање на името Република Македонија 
Многу веројатно дека доколку Мицкоски не го изговори името Северна Македонија, Грција има спремено мерки за блокада кои што овој пат ќе може  легитимно да ги  оправда пред меѓународната заедница, конкретно како прекршување на Преспанскиот договор. 
Хипотетички,  доколку се случи такава провокација од страна на Мицкоски, се отвара  прашањето колку месеци ќе може во услови на економска и политичка блокада да опстои новата владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ?!

Friday, May 17, 2024

СРЕЌНА НОВА 2001 ГОДИНА


Да, добро читате, уште во кампањата според реториката на Али Ахмети, Кристијан Мицкоски и Гордана Сиљаноска-Давкова се наговестуваше дека 2001 година не е завршена. 

Да се потсетиме, за сите што заборавиле,а а и не биле родени: конфликтот во 2001 година започна со УЧК предводена од  страна на  Али Ахмети, прво започна  како борба за територии, па еволуираше под притисок на западот во борба за човекови права

Предлог за звршување на тој спор по линијата Групчин-Подмоље, како што ја замислуваше поделбата на Македонија, Доста Димовска, тогашен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и министер на МВР даде  тогашниот премиер на Република Македонија. Љубчо Георгиевски, поткрепен со предлог академикот Ефремов од МАНУ. 

Тој предлог предвидуваше поделба на Македонија и размена територии и на населени помеѓу Македонија и Албанија. Сепак позадината во тоа време беше источниот дел на Македонија да припадне на Бугарија, нели чекаше Бугарска војска на граница?!?!

Нејсе, на сето тоа се спротиставија западните сили, и конфликтот заврши со потпишување на Рамковниот договор кој стана составен дел на Уставот на тогашна Република Македонија. Другото е историја, нова територијална поделба на општините со помош на  геринадеринг некои македонски градови станаа предоминантно албански, променна името со Преспанскиот договор, Тиранаски платформи, итн, итн и во 2024 година дојдовме до нова  политичка криза во најава, да се надеваме на мирна разврска, а среќа што сме членка на НАТО

Само да потсетам идејата за поделба на Македонијај директно е  инспирирано од сецесијата на Косово од Србија, помогнато од меѓународната заедница. Додека  настаните во Украина од 2014 година, па до ден денес потврдија дека примерот на Косово епреземен како за решавање за прекројување на неменливоста на границите усвоена како принцип на ОН  после Втората светска војна.


ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ меѓусебно си ги „полнеа“ кутиити секој ден на кампањата, што финализираше со вербални препукувања помеѓу Али и Кристијан за „јадење бисквити, гурабии, преседнување на млеко и слично за да Ахмети на централниот плоштада во Скопје ја финализира кампањата со извикување.УЧК,УЧК“!!!

И тоа за чудо на сите, а после 22 години практикување на власт при што албанците добија секакви отстапки што особено одеа на штета и на  СДСМ и на Стево Пендаровски, кои  истите, ДУИ,  кој бојкотираа во вториот круг.

Кампањата остави многу чуденки, но полека почна да се крева маглата од нациналистичката реторика на повеќето чинители(партии) и од македонскиот и сите од албанскиот блок.

Изјавата дадена, вечерта по пристигнување на резултатите од изборите, од   Али Ахмети дека ако не влезе ДУИ во влада ќе влезат во Европа, полека се разјаснува. 

Кон таа изјава ќе ја припоимр постапката намерното изоставање на „Северна“ на денот на инаугурацијата на новата претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова која што веднаш ги заостри односите со нашиот јужен сосед, Грција. Колку и да се надеваваме дека тоа е можеби лапсус на провесорката, нејзиниот преседан се потврди и од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Кристијан Мицкоски, кој што најави дека преседанот ќе биде најавен како пракса во толкувањето на Преспанскиот договор. Нормално дека на таквите провокации зовреа националистите во Грција, а тоа беше и на намерата на Мицкоски. се јави меѓународната заедница, нашите НАТО сојузници, но гледаме никој не ги есапи.Чудно молчат америнаците?!

Најавата на Али Ахмети за влез во Европа со сигурност може да се толкува дека ќе има обид во албанскиот дел на Македонија преку основање на тн Заедници на албански општини, повторно  по примерот од Кососво, да се тргне во процесот на формална поделба на Македонија, а заострувањето на односите со Грција да не турне силно отворените режимски во прегратки на Вучиќ, полн со „љубов“ за Македонија и македонците. Каде е што Вучиќ, таму е и Орбан, но и кинезите, а богами и русите. 

Сето тоа секако има плодна почва да се случува кога македонскиот народ се чуствува комплетно понижен и незадоволен од Рамковниот, Преспанскиот, обезвреднет   во сопствената држава така и надвор, а ја сака државата и гордоста назад.

Тоа е цехот  за сите можни  отстапки од промената на знамето, па навака  што ги направија нашите  политички елити, но  со цел за евроинтеграции и подобра иднина, кој ашто Европа не ја испорача.

Сето наведено создава идеални  услови Мицкоски и Ахмети да го завршат проектот од 2001 година, но овој пат во корист на Србија и Албанија  за поделба на Макдонија, секако  со помош на Силјановска-Давкова која што онака  во 1990 година  сметаше дека Југославија нема да се распадне, а проектот за независна Македонија е безумие. 

Нели Србија треба да добие компензација за Косово, а Македонија и припаѓа со Букурешкиот договор од 1913 година?!


Wednesday, May 15, 2024

РАСПАД НА СДСМ Е ШТЕТЕН ЗА МАКЕДОНИЈА



После поразот на СДСМ на последните избори се изредија многумина, па и  видни членови и функционери од минатато и сегашноста  за да “го прогласат СДС за умрено“, а сето  на задоволство на Максим Димитриевски од ЗНАМ,  секако структури блиски Бранко Црвенковски, еден од поранешните претседатели на СДСМ со замрзнато членство и секако на разни други структури блиски на идната власт.

На поразот,  секако,  најмногу кумуваа предходното, но и  актуелното раководство на СДСМ, членовите, но и самата  меѓународната заедница за која што, реално, СДСМ искрвари за да ги донесе отстапките кои што беа барани и мораше да се направат за да  Македонија прво влез  во НАТО и да ги оптпочне преговорите за полноправно членство во ЕУ. 

При тоа  не треба да ги занемариме и фактите  дека за време на мандатот на СДСМ покрај тешката одлука за промена на името преживеавме глобална пандемија и живееме во најголемата економска криза по втората светска војна, а сето тоа на работ од можна трета светска војна , во голема економско-енергетска  криза со огромна инфлација.


Исто така треба да потенцираме дека  европските лидери не го исполнија ветувањето дека промената на името  во Северна Македонија ќе значи автоматски влез во ЕУ и поставија дополнителен услов , прво наречен бугарски,  па преименуван во француски предлог за внесување  на бугарите во уставот пред да отпочнат преговорите со ЕУ. 


Со таа своја постапка западните лидери  го осудија СДСМ на пропаст и губење на изборите,  во услови кога партијата во спроведувањето на властта крахираше  во борбата против корупцијата и инфлација за  обвинувања за наводна висока корупција на нејзините  функционери, отстапките напаравени кон ДУИ, итн итн.


Причините за поразот ќе се согласиме дека се многубројни и верувам дека се општо познати , а како врв на апсурдите, на пример,  е обвинувањето од страна на Бранко Црвенковски за виска корупција во  СДСМ,а  кој  што исто  како и Марјан Ѓорчев, со прогласување на Колишевски за најголем македонец,  си ги припиша  позитивните придобивки што е во  согласно со политичките потреби и интереси, а го  оставија баластот на мрачната транзиција да остане во  СДСМ, притоа надевајќи се дека народот заборавил дека транзиција започна во времето на Бранко Црвенковски, а беше заокружена од старана на Марјан Ѓорчев, како поранешен директор на Агенцијата за приватизација избран од  ВМРО-ДПМНЕ, сегашен стратегиски партнер на Христијан Мицкоски. Некому касно после изборите му текна да пушти и  архивски снимки што не  потсетија дека Силјановска -Двакова во 1990 година била против независна Македонија, но тогаш за тогаш, сега за сега,а  народот заборава.


Да продолжам и  да се вратм на настаните кои што претстојат во СДСМ согласно со стаутот, поточно конгресот кој што претстои во партијата по одржаните претседателските и парламентарните избори. 

Централниот одбор, доколку сака да го спаси СДСМ, ќе мора да поднесе предлог до вонредниот конгрес за измена на членот од статутот за избор на претседателот на непосредни избори и да го врати старото решение за избор на претседател на конгрес. Колку и да се напаѓа тој потег од “лутите“ и разочарани  противници на актуелното раководство тоа е единствената здраворазумска опција за да се спаси партијата, да се спречи понатамошно раситнување, но и да спречи евентуално непријателско преземање од страна на структури блиски до ЗНАМ, Заев, БЦ и други заинтересирани структури на пример. Не треба никого да го   плашат евентуалните негативни реакции на пример на Шеќеринска или на Шилегов за „враќање назад“, зато што како прво им е звршена политичката кариера, а второ ти се тоа што се поради СДСМ, а не обратно.


СДСМ  неопходно и треба на Македонија и на демократијата за да се спречи,   да не се дозволи распад на опозицијата како тоа што се случи во Србија,а  конкретно мислам на ДОС, сето тоа во моменти кога после големата победата на ВМРО - ДПМНЕ и Силјановска се слушаат се  погласни  најави на режимските  јастреби, најави,   аспирации и манифестации за најава на реваншизми и освета како зародиш на режим сличен на тој на Вучиќ во Србија, повторување, но  полошо и поопасено од режимот на Груевски, кој што тешко го преживеавме,  а сето тоа изградено на анти НАТО реторика и евро скетицизам.


Monday, May 13, 2024

ДАЛИ СИЛЈАНОВСКА ГО МИНИРА МИЦКОСКИ ДА ФОРМИРА ВЛАДА?!



Пркосот кој што непотребно го покажа новата претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова,  на денот на претседателска инаугурација со неизговарање на целото уставно име на државата не изгледа како ништо друго освен како  отежнување на позицијата идниот мандатар, победникот на парламентарните избори, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ да формира влада.

Не верувам дека професорката Сиљановска не знае дека греши и го криши домашното, но и  меѓународното право.

Секако таа тоа го прави водена од сопствените интереси, во   мал дел од  популизам,  да не ги разочара гласачите, а секако во поголем дел дејствува во согласност со  интереси на влијателната олигаријта и длабока држава,  кои што застана позади неа на изборите за претседатела, се со цел да се закочат евро-интегративните процеси на Македонија, сето тоа во интерес на Белград и Софија, „задња пошта“ Москва. 


Сведоци бевме дека професорката падна и на теоретскиот и на практичниот дел од „испитите“,   по Меѓународно јавно право и по Меѓународна политика.

Да се потсетиме дека  Македонија, во случајов Северна Македонија  е мала сиромашна држава кој што не може да се пофали со комплетно функционална армија , а  ниту пак со арсенал на нуклеарни боеви глави за да рамноправно парираме во „меѓународната  реал политиката на нуклеарни боеви глави.“ 

Веројатно не помешала  професорката дека е претседател на  Израел, на пример?!


За таа цел сакам да ја потсетам професорката, а и тие што ја бранеа денеска, професори и поранешни судии дека постапила според  Член 123 од важечкиот Изборен законик каде што  не го содрежело зборот „Северна“, што е погрешни и нивниот настап објаснува  зошто не нема на Шангајската листа на најдобри универзитети и зошто довербата во судството ни е цели 3 проценти. Професорката нели презираше незнаење?!?!


Уставот, Недвосмислено, и  сосема  јасен, сигерен сум дека и професорката е самата е свесна дека постапила погрешно затоа што според Уставот на Република Северна Македонија, глава VI. МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ,  Членот 118, пропишува дека меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од

внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.  


Одредбата е јасна и покрај тоа што не е изправен законот, според оваа одредба  се подразбира дека Преспанскиот, како меѓународен, договор е дел од домашното законодавство и не може самиот договор да се менува со закон што значи дека меѓународниот договор има поголема правна сила од самиот закон, а со тоа името на државата ако не е напишано таму е Република Северна Македонија, без притоа подлабоко да навлегуваме во Виенската конвенција за договорно право од 1969 година, која што е дел од нашето законодавство.

Покрај кршењето на домашното и меѓунароното право професорката на првиот ден како претседател на државата покажа и елементарно непознавање на меѓународната политика и секако односите на правото и силата во реал политиката што се дел од воведните лекции како во Меѓународното право така и во Меѓународното право како теоретски области.

Сеакако, веднаш реагираа на тоа ја потсетија  нашите западни сојузници како гаранти на Преспанскиот договор, ако ги оставиме на страна реакцијата на грчката амбасадорка во Скопје и грчкото МНР како страна  на Преспанскиот договор.

Германското МНР ја потсети  Сиљановска за настапот и потенцираше дека  Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор додека Амбасада на САД, по повод настапот на Сиљаноска, објави дека ќе продолжат да ја зајакнуваат важноста на почитување на меѓународните договори и на членството во ЕУ. 

Целата ЕУ е на нозе.


И што направи Сиљаноска со овој свој потег да не изговори Северна Македонија?!?! 


Само му ја отежна  и онака тешката позиција на Мицкоски за формирање на идната  влада во услови кога Европскиот фронт(ДИУ)  има договор со албанската опозиција (ВЛЕН)  дека нема да влезат во влада која што нема да ги гарантира уставните измени со цел за внесување на бугарите во уставот, а со цел да отпочнат преговорите со ЕУ за пристапување на Северна Македонија. 

Минирањето на Преспанскиот договор нема да созададе услови за брзо формирање на идната влада, а со самото тоа веројатно Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се преиспитаат кој за што работи и кој со кого, против кого, со вакви тинејџерски постапки?!

Да се потсетиме дека западните сојузници се уште не му честитаа на Мицкоски за победата на изборите.


Авторот е Магистер по меѓународно право на Правен факултет Јустинијан Први Скопје при УКИМ каде што еден од професорите беше Гордана Силјановска Давкова


Saturday, May 11, 2024

КРАЈОТ НА ЛИБЕРАЛИЗМОТ ВО СДСМ !?



 Историскиот пораз на СДСМ на последните избори отвори многу прашања во рамките на самата партија и пошироката јавност. 

Некои аналитичари тагуваат по пропаѓањето на неуспешниот либералален концепт на СДСМ и го прогласија за распаднат. 

Либералното крило  претставено преку Маричиќ, предходно Царовска и Шарените доживеаа комплетен пораз на јавната сцена и секако самата партијата. 

Други аналитичари, со право,   го критикуваат  претераниот либрализам во СДСМ, особено пропагирањето на еднополови бракови и разни обиди за редефиниции називите на улогите на родителите, итн, итн.

Во основа ќе се согласите дека  фактите покажуваат дека традицијата на СДСМ како наследник на КПМ не  е либерална,  а мнозинството македонски граѓани, секако и самата средина и македонците и албанците и другите   се далеку од либерализмот како концепт, ова  е конзервативно општество и средина.

Веројатно ќе се сетат  од Либералната Партија на Македонија,  која што повеќе не постои дека своевремено во 2013 година и странците ги опоменаа да не усвојуваат Декларација за правата на ЛГБТ заедницата во услови на конзервативно општество, кога многу проминентни политичари и  од конзервативни партии се геј и дека се токму тие кои што треба да се борат за правата на ЛГБТ заедницата. 

Ќе се согласиме дека за сите љубители на либерализмот постои ЛДП, на пример. 


Понатаму, ќе треба само да се запрашаме, колку гласови од контото на СДСМ „избрка“ коалициониот партнер, ДОм, преку Морачанин со противењето да се изгласа законот за легализација на дивоградбите?!?! Треба да се има во предвид дека огроемен број на домови се дивограби во целата држава, на пример.


Сите се зачудивме зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ пред изборите го рехабилитираа токму Лазар Колишевски?!

Марјан Ѓорчев изјави дека Колишевски е најголемиот македонец , според него, додека спротивно на тоа,  цело време од ‘90 тите наваму СДМС како да го крие  од сопственото минато  наследството на Колишевски. Секако дека покрај негативната негова улога има историски придонес и улога во формирањето на современата македонска држава и државност. Ќе се потсетиме дека улогата на Колишевски е историска од таму што покрај формирањето на основните институции како  темелите на современата македонска држава, во неговото време како на пример  формирањето на МАНУ, и возобновувањето на МПЦ,! Секако ќе потенцирам дека самиот Колишевски беше многу свесен и не дозволи да завреши како Чаушеску.

А, историјата сакаше токму  за време на владеењто на СДСМ, после зачленувањето во НАТО алијансата, МПЦ-ОА конечно да  добие Томос и  признавање на  полната автокефалност по возобновувањето во 1967 година , да за време на Колишевски. 

Покрај тоа што по уставот се одделени верските заедници и државата, сведоци сме дека цели 30 години, како и на овие избори дека  и МПЦ-ОА и ИВЗ се мешаат во политиката, на последните избори на страна на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.


„Едно општество за сите“ ,  кој секако беше многу прогресивен и напреден проект слободно  може да го прогласиме за „умрено“! 

Проектот беше  директно  спротивен, не само на уставот,  кој што е е се, само не е граѓански. Самиот проект „Едно општество за сите“  е директно  е спротивен и противречи и на наследството на СДСМ.

Иронично, крајот на истиот проект сиболично го обележа враќањето на неуспешниот и корумпиран поранешен потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири во ДУИ, кај „своите“


Кога сме кај корупцијата, ќе забележиме дека тоа е една од точките каде што крахираше целата политика на СДСМ и на овие избори,  покрај наративот за „предавници“ за промената на името и обидот да се внесат бугарите во уставот и секако отстапките кон албанците. Исто така странците ги статанизира СДСМ и со тоа помогнаа во изборниот колапс.

За да иронијата биде уште поголема и „капото“ на олигархијата и на темната транзиција, таткото на „октоподот“,  поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенкоски се дрзна да ги обвини СДСМ и ДУИ дека Македонија била корумпирана држава,  каква  комедија?!?!? 

Добро е што Црвенковски што го замрна членството и борбата токму против него и ЗНАМ ќе треба да биде еден идните и основни постулати на реформите во  СДСМ, доколку не се сака партијата да се распадне и да ја доживее судбината на ПАСОК, како што милуваат да кажат противниците.


Гласачите покажаа дека сакаат цврсти партии со национална реторика, горди, блиски до верските заедници, склони  на популизам,  клиентелизам и силна пропаганда.

На пример, немаше потреба Пендаровски се правда зошто дека не ангажирал странски ПР туку требаше да го ангажира најдобриот ПР тим, во вуслови кога   целата медиумска машинерија на ДПМНЕ се води со странски контролирани медиум, наспроти  „главниот“ на СДСМ за ПР, Забрчанец, кој што „живее во Холандија“.


Главното прашање сега за СДСМ  е  како да се „оправи“ од катастрофалниот пораз?!

СДСМ како голема партија веднаш ќе треба да се да се гордее со своето наследство да,  продолжи онаму од каде што застана Бучковски,  да ги прифати придобивките од влезот во НАТО, да се залага за европската иднина да расчисти со корумпираните политичари во своите , да се огради од штетните политики и корупцијата олицетворена во ликот делото на Заев, Црвенковски и нивните соработници.

Креирањето на  политиките на новиот, реформиран  СДСМ секако треба да се случи со земање во предвид на реалноста и фактите како што се Преспанскиот и Рамковниот договор.

Само во случај на сериозни кадровски реформи и  приближување кон народот СДСМ  ќе успее да се врати од тешкиот пораз и да победи уште на наредните  локални избори!


Friday, May 10, 2024

ДАЛИ МИЦКОСКИ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ЗАЕВ?!?!?


   

 Голема победа на парламентарните и претседателските избори не беше очекувана ниту самиот Мицкоски.

Од јавни настапи по победата може да се види дека  сериозно ја сфатил својата нова улога и тежината на самата позицијата на премиер и веројатно си припомнува  на советот на еден од неговите предходници, Љубчо Георгиевски,   кога пред да се смени името, јавно му порача  да ги остави СДСМ да го решаат спорот за името, за да не мора да го решава тој подоцна. 

Јасно е како ден дека сега, пост фестум, Мицкоски сфаќа дека требаше да ги остави СДСМ да ги внесат и бугарите во уставот и со тоа да се затворат тешките прашања и секако  победата и мандатот да му бидат мирни и  чисти без последниот тежок предизвик за Македонија. Предизвик кој што сега виси како камен околу вратот на Мицкоски.

    Историјата си поигра и токму пробугарската партија со просрпско раководство, составено од бугарофили ја доби „честа и довербата“ да ги внесе бугарите во уставот на Македонија и покрај јавното ветување дека нема да има бугари во уставот под бугарски дикатат.

Да се потсетиме дека внесувањето  на бугарите во уставот е услов за отпочнување на преговорите за полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Со право ќе кажат многу аналитичари дека бугарското прашање е потешко од решавањето на спорот со Грција и дека ќе биде тежок товар за Мицкоски и  секако сериозно ќе  наштети на неговиот рејтинг во иднина.

Видовме дека на последното интервју беше смирен и внимателен, најави „Цилевска“ милијада од непознати кредитори, но најави и статус кво по однос на бугарското прашање и со тоа на самата евроинтеграцијата, па нели ги доби гласовите од граѓаните со тврдењето дека нема да има промена на уставот под бугарски диктат.

Но, секако погрешно проценува дека ќе ја има комоцијата на Груевски, цели 11 години да ги одложува тешките одлуки наложени од страна на нашите меѓународни сојузници и партнери..

Првите пречки за Мицкоски се исправаат токму околу преговорите за составот на идната Влада., тој  започна да ги води со коалицијата Вреди, а читаме дека истите запнале околу бројот на министерствата и идниот претседател на собранието. 

Исто така има реакции на  исклучувањето на ДУИ од преговорите  за новата влада на што остро негодуваа токму Османи и Ахмети,  Османи му порача на Мицкоски дека Влен може да ги кани само по дома или во кафана, а Талат Џафери, порача дека: „Дали ДУИ ќе влезе во идната влада ќе зависи токму од  преговорите со Влен.“

Мое мислење е дека се уште не е затворено прашањето за можна коалиција со ДУИ.

Секако дека е комплетно  не  јасно, како Мицкоски и ДПМНЕ планираат да го факторизираат Вреди, да може да парират и да се борат со длабоката држава на ДУИ, градена речиси 20 години, со давање на  небитни ресори на коалицијата Влен.. 

Се чини дека Мицкоски и ДПМНЕ заборавиле на двете клучни барања на сите албански партии пред изборите како услов за состав на новата влада, а тоа е :  внесување на бугарите во уставот и избор на претседател во собрание и секако на другите барања, кога веќе ќе се отвара уставот, нели?!

Суверенистите од неговата партија, но и некои удбашки порталчиња го храбрат Мицкоски да не ги есапи барањата на Влен и да им понуди опција, прифати или отфрли за понудените ресори и да потенцира дека  би можел да состави влада само со ЗНАМ затоа што никаде не пишувало дека морал да состави влада со албанци, без при тоа да помислат дека таквиот наратив не враќа во минатото, во 2001 година.

Јавноста беше сведок  на тврдата  реториката во кампањата и на Мицкоски и на  Сиљаноска , како и на фактот дека многу   политичари од опозицијата не го рабираат новиот карактер на државата и обврските преземени со Рамковниот  и Преспанскиот договор,  на тие факти уште пред кампањата обрна внимание и апелираше  американскиот Стеј департмент. Денеска од Грција пристигнаа најави дека ќе ја следат со внимание  инагурацијата на Сиљаноска од причина што таа  кажа во кампањата дека нема да го користи новото име на државата.

Честитката од амбасадорката Агелер за победата на Мицкоски која што изостана секако треба многу да ги загрижува во ДПМНЕ, а личи дека не е така?!

Доколку Мицкоски  не ја сфатил сериозно позицијата во која што се наоѓа од меѓународно правен аспект веројатно, ќе ја сфати многу брзо и ќе увиди дека е комплексна, особено   кога ќе почне кадровски да ги пополнува ресорите и ќе мора да предложи поумерени кандидати за министри. Сето тоа ќе доведе до страшно разочарување кај гласачите и членовите кои што ќе мора да ги   разочара и нема да биде во можност да ги исполни своите дадени, безброј, ветувања.  Многу ветувања, малку ресори.

    Ќе се потсетиме дека во текот на кампањата во 2016 година, Заев  се кокнеше во „жицата“, најмилото  и  тврдеше дека нема вистина во обвинувањата изнесени од страна на Груевски дека договорил промена на името на Македонија, но се случи токму спротивното.

    Може да заклучиме дека сите  постапки  на Мицкоски може да  најавуваат дека ветил внесување на бугарите во уставот, а се обидува да тактизира, но факт е дека по карактер  е неодлучен  и на таков начин почнува да го троши својот мандат, за време во кој што  веќе се наѕира дека ако Заев беше „предавникот“ што го смени името, веројатно Мицкоски ќе биде „предавникот“што ќе ги внесе бугарите во уставот.


Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...