Tuesday, October 19, 2021

Зошто загуби Заев, а не победи Мицкоски или БАЛКАН ЕКСПРЕС КОАЛИЦИЈА

 

  


 Легендата вели дека контурите на дебаклот на СДСМ на Зоран Заев, тоест тн сељачко крило се договорени на средба некаде во јуни оваа година во ресторан во Земун наречен Балкан Експрес. Секако во дебаклот си има своја улога и самиот Заев и неговото крило, спроведувањето на промената на името, корупцијата, ароганцијата, реформите на Мила Царовска,  начинот на справување со ковид кризата, а капак на се беше пожарот со 15 жртви во тетовската болница, итн, итн.

Да се вратиме на нa средбата  на која  присуствувале Христијан Мицкоски, а од друга страна  Бранко Црвенковски и неговиот српски партнер од  градежната  фирма во нивна  сопственост во Србија. На таа средба Црвенковски се понудил да му помогне на Мицкоски за  да го сруши Заев и со тоа понатаму Мицкоски да стане премиер. Барањето на Црвенковски било Мицкоски да ја поддржи неговата кандидатка  Данела Арсовски, за градоначалник на Скопје , која што е омилена и во Будимпешта, исто така.. Самиот факт дека името на Коце Трајаноски се вртеше како сигурен кандидат и победник на изборите помеѓу членството на ВМРО-ДПМНЕ оди во потврда на приказната за брзиот пресврт во поддршката од опозиционата партија на непознат кандидат за пошироката јавност. Васко Ефтов добро ги разработи нејзините врски и позадина. Второто барање било Мицкоски да не го кандидира Стевчо Јакимовски за кандидат за градоначалник во Карпош, а тоа и новинарот Васко Ефтов го праша и самиот Јакимовски во емисија, дали Мицкоски и Црвенковски можеби имаат соработка и дали можеби Црвенковски побарал тој да не биде кандидат за Карпош!?

За возврат на сето тоа Црвенковски му ја понудил целата своја партиска и олигархиска структура да се стави во погон за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, а како што знаме дел од таа структура е веќе е  таму преку Гога Сорос и Хорхе.  Поддршката што е ветена секако  е финансиска и логистичка.  

Да не заборавиме дека претходно  Црвенковски го помогна ВМРО-ДПМНЕ и во 2006та година, како што забележа и Љупчо Зиков на 5ка, дека Црвенковски го измисли во 2006та Тито Петковски и НСДП. На емисијата гостуваше и Латас кој беше еуфоричен со желба за одмазда и реституција на груевизмот .

Инаку на победничкиот  прес на Мицкоски кој беше со умерен тон и напомена дека не е време за славење и дека е време за работа за што секако е во право затоа што имаат константа,  но не и раст во поддршката и гласовите.  И самите очекуваа да се случи народ , но останаа само на гласовите на дисциплинираното партиско гласачко тело.

За арогантниот Заев и крилото сметката дојде преку Стојко и неговиот пркос, па преку Максо , итн,итн. Секако, беа зачудени и од фактот дека намалената  излезност оди во прилог на власта, но овој пат не беше така. Секако треба да се потсетиме дека и Љубчо Георгиевски, чиј коалиционен партнер е сега, во минатото не помина добро во Скопје со своето сељачко крило.

Инаку, може да се забележи дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму не може да разбере дека договорот од Преспа не е на Заев и дека НАТО е гарантот на истиот, a е завршена работа како што кажа и амбасадорот Рикер, во една прилика.

Мицкоски, после оваа победа,  секако ќе може да смета да стане премиер во блиска иднина, но ќе мора да даде гаранции на западните партнери за Преспанскиот договор, меѓу другото и веројатно гаранции за некаква идна амнестија на Заев и неговата фамилија.

Изборите во неделата исто така  покажаа дека не гласаат амбасадите и тоа треба да биде поука и за нашите сојузници, кои што во амбасадите имаат вработено една каста на поданици кои што имаат определени политички преференции и се обидуваат да тргуваат со влијание во македонската политикаи да влијаат во одлуките на дипломатитет. Исто така треба да знаат дека не расчистиле  целосно со екс Ју длабоката држава во Македонија, а Заев и екипата немаат капацитет да го направат истото.

No comments:

Post a Comment

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...