Tuesday, December 14, 2021

БУГАРСКИ ЛЕПАК ЗА СРПСКИОТ СВЕТ НА ДПМНЕ – ДЕСТИНАЦИЈА МОСКВА

 

    Со мало задоцнување  го гледав интервјуто на господинот Марјан Ѓорчев кај аналитичарот Васко Ефтов на неговиот  јутјуб канал. 

Ова е едно од историските интервјуа кое што  фрла светло на настаните  како за времето на Георгиевски така и за  настаните во  времето Груевски , како во самата партија, така  и во државата, и конечно  ја демистифицира и  улога на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски и неговите нелогични потези, фрла светло на  анти Нато позициите и секако на кадрите од неговото опкружување  .

Интервјуто дава одговор зошто бугарското крило на партијата во 2004 година комплетно застанува зад Никола Груевски и ги пружи своите  услугите на УБК на Сашо Мијалков и нивниот  српски свет .

Сите бевме зачудени  како бугарските романтичари ги облекоа антически  дресови и „пееа грандови песни “ под палката на советникот на српската Влада, надежниот  технократ кој што не го интересирала историја и не чул дека имало конфликт во 2001 година во Македонија. 

Добивме конечен одговор за сите (не)кадровски решенија и во двете Влади на ВМРО-ДПМНЕ како и за кадровските нелогичности во самата партија, како на пример вечноста на некои промашени и благонадежни кадри , а сега и враќањето на некои исфиркани кадри  во самото раководството....

Како што рече и самиот Ѓорчев, се јавиле од Софија.

Бариерата од  300.000 гласа на пробугарската партија мораше да се сруши  и да се зголеми со помош на српскиот свет, со меѓу идеа поделба на Македонија што не успеа во 2001 година , дестабилизација не само на регионот туку и пошироко,  а крајна цел е слугување на геополитиката  на Москва и Пекинг.

Интервјуто на Ѓорчев треба да биде  тревога не само Македонските безбедносни и  разузнавачки служби  туку тревога и за бугарското разузнавање, кое што би требало да работи за НАТО и секако тревога во рамките на самите структури на НАТО.

Комплесноста на геополитичките настани  во  Босна го налага тоа од причина што партискиот наратив во ВМРО-ДПМНЕ што се шири меѓу членството е дека американците дигнале раце од Македонија и Црна Гора и дека ќе бидеме дел од разврската во Босна и Косово,  а сето тоа е наративот на Вучиќ ,  Додик, односно  нивниот ментор Путин .

Во приодот  до 2002 година имав слушнато неформални разговори на раководители на ВМРО- ДПМНЕ за можна поделба на Република  Македонија, тие разговори  се потврдија со предлогот на академикот Ефремов за размена на територии, и секако сите   настани околу конфликтот во 2001 година,  каде што предходеше полекувањето на мисјата на ОН после екскурзијата за признавањето на Тајаван.

Сите овие настани, мене лично ми беа потврдени  во 2009 година,  во еден брифинг од  страна на западен дипломат, од причина што во  во предходниот период , од  кај 2006 година им го образложив мојот конфликт со Груевски и Мијалков по прашање на подарен имот од страна на партијата на една ДООЕЛ- фирма.  Брифинг ми ја расветли улогата на раководителита на партијата како и нивните бугарски или српски врски и фактот дека раководствата  финално работат  за поделба на Македонија покрај тоа што повеќето  од членовите се патриоти.

Интервјуто на Ѓорчев како со лепак ми ги залепи сите информации и чуденки од како од минатото, така и за актуелни настани, особено  за периодот на моето членување во  ВМРО-ДПМНЕ , за периодот кога бев  дел од кабинетот  во МВР на покојната Доста Димовска, а подоцна и за делот кога бев во кабинетот на директорот на Царинската управа, Драган Даравелски. 

Со ова интервју се спои целиот мозаик за кочењето на евро-атланските определби на Македонија, Рекет, француско, па бугарско вето, германската опструкција, Орце, Сашо, Груевски, Црвенковски, кадрите на режимот, балкан експрес коалиција, Данела, итн, итн......

Искрено ,  страв ме фаќа со каква структура сум се судрил после 2007 година и ликвидацијата на Македонска банка.

Васко Ефтов случајно или пак намерно го залепи и Кристијан Мицкоски со бугарското лепило на Марјан Ѓорчев, кој што веројатно несвесно, наведен од новинарот, ја откри целата шема на агентурата и плановите на бугарското(Московска школа) разузнавање и српскиот свет – со крајна дестинација Москва.

Господ, а и НАТО нека и е на помош на Македонија и регионот во наредниот период.


Saturday, December 4, 2021

ГРДОТО ЛИЦЕ НА ГРУЕВИЗМОТ

 




Не ја разбирам потребата за враќање на грдите лица на груевизмот во високата политика на партија за која што партија, лидерот изјави дека  била реформирана. Не ја разбирам ниту пак  потребата да се формира некакво си работно тело во рамките на партијата кое што ќе ја следи реализацијата на проектите кои што градоначалниците ги ветиле пред граѓаните. Градоначалниците единствено одговараат пред граѓаните.

Грдите лица на груевизмот со сета раскош на својата злоба и нискост имавме можност да ги чуеме во „бомбите на Заев“, некои од нас имаа несреќа лично да ги доживеат нивните нечовештини, злоба и пакост. Истите лица немаат никакво морално ниту пак  етичко право да се занимаваат со политика, а за нивната нечовечност има безброј аудио докази и еден куп трагични и тажни човечки судбини и голготи кои што траат и ден денес после 11 години режим и 4 години опозиција на поранешниот режим.

Зачудува фактот дека и самиот Мицкоски тврдеше дека ја реформирал партијата, но тоа не така. Сите настана и кадровската политика ги демантираат неговите празни зборови. Контактот со Кичеец, блискоста со Орце и другите матни структури и кадри на режимот. Враќањето на кумот на фирерот, што покажува? Аферата со поклонетите парцели? ..........

Не ми е јасно никаквата реакција на јавноста, а особено  медиумите и новинарите по однос на овие сериозни показатели дека режимот не е мртов и дека има намера да се врати уште посилен?!

Формирањето на телото за некаква координација на градоначалниците директно се коси со начелата и принципите на демократијата, Уставот и законите и е показател за диктатурата коа што се уште владее во партијата.

 Истото тело  е во спротивност  и со копенхашките критериуми за влез во ЕУ, каде што се стремиме сите, декларативно и ВМРО-ДПМНЕ.

 Дали се свесни од раководството на партијата  дека тоа е загрозување на нашиот европски пат, заедно со пакетот на непочитување на меѓународно преземените обврски од Македонија, повторно презентирани од нивните апологети на тн независна телевизија?

Еден настан и две црвени знамиња дека режимот не е мртов и дека истиот се амбицира да се врати на голема врата додека сите ние сме зафатени со изборите во СДСМ. Избори кои што го направија нервозен единствениот кандидат за лидер на „реформираната“ опозициона партија, кој што беше избран за наследник на Груевски токму затоа што го немаше во бомбите.

Овој мој текст  треба да се сфати сериозно, исто  како што после 2006 година   ги предупредував  медиумите, некои новинари како и  моите дипломатски влијателни пријатели  дека со своето чинење или не чинење кумуваат на раѓањето  на сериозен режим во Македонија со опасни врски во подземјето.

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...