Tuesday, December 14, 2021

БУГАРСКИ ЛЕПАК ЗА СРПСКИОТ СВЕТ НА ДПМНЕ – ДЕСТИНАЦИЈА МОСКВА

 

    Со мало задоцнување  го гледав интервјуто на господинот Марјан Ѓорчев кај аналитичарот Васко Ефтов на неговиот  јутјуб канал. 

Ова е едно од историските интервјуа кое што  фрла светло на настаните  како за времето на Георгиевски така и за  настаните во  времето Груевски , како во самата партија, така  и во државата, и конечно  ја демистифицира и  улога на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски и неговите нелогични потези, фрла светло на  анти Нато позициите и секако на кадрите од неговото опкружување  .

Интервјуто дава одговор зошто бугарското крило на партијата во 2004 година комплетно застанува зад Никола Груевски и ги пружи своите  услугите на УБК на Сашо Мијалков и нивниот  српски свет .

Сите бевме зачудени  како бугарските романтичари ги облекоа антически  дресови и „пееа грандови песни “ под палката на советникот на српската Влада, надежниот  технократ кој што не го интересирала историја и не чул дека имало конфликт во 2001 година во Македонија. 

Добивме конечен одговор за сите (не)кадровски решенија и во двете Влади на ВМРО-ДПМНЕ како и за кадровските нелогичности во самата партија, како на пример вечноста на некои промашени и благонадежни кадри , а сега и враќањето на некои исфиркани кадри  во самото раководството....

Како што рече и самиот Ѓорчев, се јавиле од Софија.

Бариерата од  300.000 гласа на пробугарската партија мораше да се сруши  и да се зголеми со помош на српскиот свет, со меѓу идеа поделба на Македонија што не успеа во 2001 година , дестабилизација не само на регионот туку и пошироко,  а крајна цел е слугување на геополитиката  на Москва и Пекинг.

Интервјуто на Ѓорчев треба да биде  тревога не само Македонските безбедносни и  разузнавачки служби  туку тревога и за бугарското разузнавање, кое што би требало да работи за НАТО и секако тревога во рамките на самите структури на НАТО.

Комплесноста на геополитичките настани  во  Босна го налага тоа од причина што партискиот наратив во ВМРО-ДПМНЕ што се шири меѓу членството е дека американците дигнале раце од Македонија и Црна Гора и дека ќе бидеме дел од разврската во Босна и Косово,  а сето тоа е наративот на Вучиќ ,  Додик, односно  нивниот ментор Путин .

Во приодот  до 2002 година имав слушнато неформални разговори на раководители на ВМРО- ДПМНЕ за можна поделба на Република  Македонија, тие разговори  се потврдија со предлогот на академикот Ефремов за размена на територии, и секако сите   настани околу конфликтот во 2001 година,  каде што предходеше полекувањето на мисјата на ОН после екскурзијата за признавањето на Тајаван.

Сите овие настани, мене лично ми беа потврдени  во 2009 година,  во еден брифинг од  страна на западен дипломат, од причина што во  во предходниот период , од  кај 2006 година им го образложив мојот конфликт со Груевски и Мијалков по прашање на подарен имот од страна на партијата на една ДООЕЛ- фирма.  Брифинг ми ја расветли улогата на раководителита на партијата како и нивните бугарски или српски врски и фактот дека раководствата  финално работат  за поделба на Македонија покрај тоа што повеќето  од членовите се патриоти.

Интервјуто на Ѓорчев како со лепак ми ги залепи сите информации и чуденки од како од минатото, така и за актуелни настани, особено  за периодот на моето членување во  ВМРО-ДПМНЕ , за периодот кога бев  дел од кабинетот  во МВР на покојната Доста Димовска, а подоцна и за делот кога бев во кабинетот на директорот на Царинската управа, Драган Даравелски. 

Со ова интервју се спои целиот мозаик за кочењето на евро-атланските определби на Македонија, Рекет, француско, па бугарско вето, германската опструкција, Орце, Сашо, Груевски, Црвенковски, кадрите на режимот, балкан експрес коалиција, Данела, итн, итн......

Искрено ,  страв ме фаќа со каква структура сум се судрил после 2007 година и ликвидацијата на Македонска банка.

Васко Ефтов случајно или пак намерно го залепи и Кристијан Мицкоски со бугарското лепило на Марјан Ѓорчев, кој што веројатно несвесно, наведен од новинарот, ја откри целата шема на агентурата и плановите на бугарското(Московска школа) разузнавање и српскиот свет – со крајна дестинација Москва.

Господ, а и НАТО нека и е на помош на Македонија и регионот во наредниот период.


No comments:

Post a Comment

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...