Војната во Украина трае предолго
и не одговара на двете страни да продолжи, мислам на САД и Руската Федерација.
Очекуваната брза победа на моќната руска армија изостана и американците преку
украинците покажаа дека се светска супер сила и во војувањето, како што би
рекол Зеленски, да употребам негов
термин, ја скршиле„ кичмата“ на руската
армија, но сепак благодарение на американците, а за наша среќа нашата кичма се витка како што кажа Иванов, а покажа Заев. Да не се лажеме,
мали прават што ќе им кажат големите!
Косовскиот модел за прекројување
на границите, не само на Балканот туку и
во светски рамки е одамна во игра, да ве потсетам само на една изјава од
блиското минато на мојата поранешна шефица, покојната Доста Димовска, дека од
Групчин натака одговорен е Арбен Џафери, покоен. ( да појаснам, концепт или
идеја кој што не ја поддржував и тогаш)
Линијата на раздвојување на
Македонија со Голема Албанија, според европскиот монархистички модел, кој
последниве 30 години го спроведува
Бугарија со поддршка на Франција и Германија и Русија, е Групчин – Подмоље. Тоа разграничување
функционирало за време на Втората светска војна. Во 1997 година македонските
албанци се обидоа да прогласат република Илирида, но тоа не го дозволија
американците, од причина што ќе се разгореше војната во екс Југославија. Но , сонот
за Голема Албанија и разграничувањето со албанците не заврши тука. Колку и да
изгледаше наивно признавањето на Тајван ја продолжи таа траекторија, се повлече ОН поради Кина, и започна конфликтот
во 2001 година како надоврзување на прогласувањето на независност на Косово.
Секако со поддршка на американците, а тоа
беше воведот во прекројување на
границите во Европа односно она што се случува денес.
Само ќе потсетам дека после тоа
со докрај не расчистените крај случаите : Диво Насеље и 27-ми претставуваат обид за дестабилизација на Македонија во таа
насока на поделба, а сето тоа 5 години пред да се случи војната во Украина. Тоа
е план поддржано од европските тајни служби во соработка со руските наспроти
американците и британците.
ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се откажа или огради од
идејата за поделба на Македонија, промовирана од поранешниот нејзин претседател
Георгиевски и секако академикот Ефремов од МАНУ. Наративот „требаше да се
поделиме со албанците во 2001“ е актуелен и денес како помеѓу раководството така и помеѓу членството. Али лајкс тхис.
Отворено се сомневам дека и
поранешниот премиер, Заев е сменет од
функцијата поради попуштање во таа наскока настрана несреќните изјави за БГНЕС и другите гафови сето заокружено со
сомнежите за голема корупција.
Рускиот претседател Владимир
Путин во Москва на средбата со
генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш , реално ги постави основите за крај
на војната во Украина , односно дека тој лично ги прочитал сите документи на
Меѓународниот суд на правдата за ситуацијата во Косово и на одлуката на Судот вели дека при
остварувањето на правото на самоопределување, оваа или онаа територија на која
било држава не е обврзана да бара дозвола од централните власти на земјата да
се изјасни за нејзиниот суверенитет. Тоа било кажано за Косово и сите ја
поддржаа оваа одлука. Во таа смисла, Доњецк и Луганск имаат исто право.
Ова беше исто така крај на сите илузии за Србија околу Косово, која што не ја доби ветената и очекуваната
помош од Русија во бомбардирањето 1999
годи од страна на НАТО, а Милошевиќ да беше тој кој ќе се фалеше дека ја скршил
кичмата на НАТО, на пример.
Идеата за косовско решеавање на Украина има се погласни поддржувачи во САД и бараат претседателот
Бајден да побара болни отстапки од Украина во насока на откажување од нејзината
целовитост за постигнување на мир кој ни треба на сите.. Секако тука
лежи основата на опасноста за обновување
за незавршениот конфликт помеѓу македонците и албанците и радикализација на идејата
за Голема Албанија односно можното разграничување. Евентуалното разграничување кое што следи е сега или
никогаш за реализација на идејата за Голема Албанија.
Додека пак, што би рекле од партијата на
Мицкоски со влезот на Македонија во НАТО ништо не е завршно, американците само
што не добиле клоца.
Бугарските врски на така наречената
македонска елита во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ директно работат спротивно на интересите
на Македонија и македонскиот народ. На таа карта играше Борисов, кој бараше од Мицкоски
да поткрепи идеата, а Заев нели му бил пријател, на таа карта игра Радев, а
заигра и Петков.
Нервозата на претседателот Талат Џафери
може да се толкува во таа насока, самиот ја
подига нервозата и нетрпеливоста која што постои во нашето општеството помеѓу албанците и другите, а надавањето согласност на Бугарија за
отпочнување на преговори на Македонија со ЕУ додава гориво на идејата за Голема
Албанија и конечното разграничување во Македонија.
Решението на еден конфликт за жал може да
предизвика нови.