Мицкоски, лани во ноември објави дека има ново мнозинство и постави слика со новите коалициони партнери, операцијата беше скоро звршена, но како Мицкоскитака и самите членови избрзаа со славјето, исчезна пратеникот Реџепи се појави холандскиот премиер Руте, „американците“ повторно по не знае кој пат ја направија иста грешка. Фактички тогаш падна и Заев и СДСМ, која што Влада сега се одружува вештачки на власт исто како на апарати за дишење.
За жал, Американците најпрво згрешија уште некаде во 2002 година кога дозволија „Длабоката држава“ на чело со Црвенковски и олигархијата да продолжи да владее со Македонија, но се согласувам дека ВМРО-ДПМНЕ на Георгиески немаа капацитет да ги испорачат потребните реформите и да одговори на предизвици на тогашното време и секако на иднината која што доаѓаше. Грешеа и во во 2006-ат година кога дозволија да падне Бучковски, згрешија со Груевски, кој го креираше најмонструозниот режим како де е легитимен наследник на Колишевски. Читам дека самите признаваат дека грешеле во 2007ма кога го поцениле Путин, па во 2014, згрешија и со брзото повлекување од Авганистан во 2021 година.
Кога им ја објаснував политика и стратегијата на Груевски и фамилијата во периодот од 2007 некаде до крајот на 2011, погрешно мислеа дека службеник од низок ранг од Македонската влада, кој немал партиска функција може да даде толку точни согледувања на целата политика и стратегија на Груевски и на длабоката држава, која работи се уште за него, за иднината на Македонија и регионот, но ќе ги потсетам дека најдобар познавач на правото на ЕУ е симултан преведувач. За мене мислеа на почетокот дека тргнувам од лични мотиви, за мој личен спас, но времето покажа дека сум во право и конечно дури во 2012 година, грешката со Груевски амбасадорот Рикер го чинеше кариерата...
Конечно тргнаа во демонтажа на режимот на Груевски во 2012, но без посебен успех до 2015 година кога самиот режим од забеганоста во која се давеше, остави сомнеж дека самиот ја предизвика хаваријата најпрво со Диво Насеље, а потоа со настаните од 27-ми Април. Предходно на настаните од 27-ми, американците мораа да се јавуваат пет до 12 кај Али Ахмети да не дојде до формирање на нова Влада предводена од Режимот. Тортат беше нарачана. Процеси за организаторите и нарачателите на тие контраверзни настани изостаанаа или не се спроведени целосно и до крај. Пропуштија да проценат дека СЈО може да заврши со хаварија како Рекет. Се згреши и со проценката дека Заев ќе може да испорача 1 000 000 гласови за да помине успешно референдумот за Преспанскиот договор, па после мораа да тргуваат со Мијалков и Груевски за добијат 8 пратеници како на лажиче за да помине промената на името во парламентот. Тоа секако е во корист на Македонија иМакедонскиот народ, но информациите дека може да се случи хавараија во Европа како настнати во Украина веројатно ги спречи да водат правилна кампање и истаото да го објаснат на македонскиот народ. Тргуваа со Мијалков и за Рекет, па мораа да го враќаат назад од бегство, наводно во Србија. Грешат и сега со судии, обвинители, грешат со спогодбата на Орце Камчев за Империја, долго грешат и со Вилам Рускоска, грешат со Али, грешат со Таљат, грешат со Груби. И за чудо сите ликови за кои грешат се на некаков и мистичен начин изврзани помеѓу себе и со инфамозната „Длабока држава“.
Тензијата од албанскиот блок на ДУИ се чуствува насекаде во општеството од кофликтноста на албанците во односите со другите сограѓани во најпрво во сообраќајот, па до пластичната показна вежба на Таљат Џафери со пцовките упатени кон вработените во службите на Собранието.
Да скратам, длабоката држава го одбра за Премиер, Мицкоски и одбра да продолжи со проруската агенда и политика, секако од лукративни причини за да ја спроведе агендата и политиката на Русија за Балканот, а сето тоа за поделба на Македонија на албански и македонски дел, идеја која што ја промовираа во 2001 година, Ефремов од МАНУ И Георгиевски како тогашен премиер, а сето тоа е поддржано и од самиот Ахмети.
Се потврдија тезите дека Ахмети, сепак имал удел во рушењето на Владата на Заев и формирање на ново парламентарно мнозинство во ноември 2021 година . Контактите со Мицкоски не му се прекинати. Павле Трајанов бара добра причина да ја напушти Владата на СДСМ, а кон новото мнозинство над 61 пратеник би се приклучил и Георгиевски.
Украинската криза и решавањето на Косовското прашање реално се перцепира од анти- НАТО чинителите како можност за нови територијални поделби и распределби на Балканот. Албанците би ја реализирале својата идеја за Голема Албанија Врие во Република Српска, врие во Србија, Албанија, Косово, Македонија, Бугарија долева масло во огнот.
Во сета оваа ситуација признавањето на ОА беше фактор на изненадување и придонесува за релаксирање на целата тензија во Македонија, но се плашам дека економската криза која што ни претстои доколку не запре војната во Украина ќе го потврди тезите кои што ги слушаме од партијата на Мицкоски, дека Русите се враќаа на голема врата во регионот и без разлика што Македонија и Црна Гора се НАТО, и дека ништо не е завршено.
Многу грешки и погрешни проценки на нашите сојузници, но за среќа, добро е што американците се демократи и можат да прифатат грешки и критики со цел да ги исправат своите политики.
Лично се надевам дека позицијата на американците во регионов
ја зајакна амбасадорот Кристофер Хил во Белград и дека страдањата на украинците
ќе прекинат и ќе се избегнат во иднина слични
страдања на Балканот и во светот.

No comments:
Post a Comment