Одговорот од страна на Ристо Пенов на прашање од новинараот Столе Наумов зошто во СДСМ и коалицијата не гледаме нови кадри освен Јован Митревски дека немало потреба од нови кадри и дека тешко било во Македонија да се најдат такви е прилично скандалозно и го оправдува и ВМРО-ДПМНЕ токму за забелешката на Пенов дека таму се користеле само стари кадри од режимот на Груевски.
Дека кадровската политика во водечките партии е слаба се забележува и од авион, а тоа се пресликува во сите сфери на општеството од образование, судство, администрација, универзитети, кратко секаде и после се иселувале младите?! Со вакви политичари и политика ќе продолжат да се исселуваат!
Мора да се признае дека голем дел од слабоста е пренесена од стариот систем кога црвената буржоазија од времето на комунизмот ја владееше Македонија со чести „јавувања“ од Белград, почнувајќи од Темпо.
Имаше мала промена во ‘98 година кога со Промените победи Вмро-Дпмне, и по инерција почнаа некои други јавувања, но од друга столица, сега Софија, на пример како кога во 2004 година се делеа Груевски и Георгиевски одредени структури си се построија како „попчиња“ под командата на Груевски веднаш по јавувањето од Софија.
Дека нешто смрди во самиот избор на кадрите во Македонија најпластичен пример се токму Ковачевски и Мицковски, а кога Пенов сака да каже дека е тешко да се најдат кадри тоа е точно значи дека мисли на послушни партиски кадри и послушници, кадри кои што ќе бидат послушни и лојални на одредени центри на моќ
Сведоци сме дека кај нас често на виско функции „никнуваа“ кадри избрани на чуден начин по принцип на негативна селекција, непотизам и послушност.
Покрај за Ковачевски и Мицкоски ќе ве потсетам и за Данела за која се шпекулираше дека е селектирана за кандидат градоначалник на Скопје од одредени центри на моќ на средба која што своевремено ја имале Црвенковски и Мицкоски во кафаната „Балкан Експрес“ во Земун.
Да не ги редам сите примери од минатото, како се појавија Груевски и Заев, а како сега се одбра и Силјановска, за Пендаровски не е ни чудно од причина што тој си е дете на длабоката држава и си беше добар како за Фрчко, па за Доста, па за Трајковски и Црвенковски, за на крај да ни стане претседател во 2019 година без при тоа, цели 5 години, да биде зпаметен по едно големо ништо и секојдневно менување ставови и контраверзна изјава дека Гоце Делчев бил бугарин.
Очигледно дека начинот на избор на кадри по примерот како од подрумчињата на „баба Сера“ се рефлектира и во целокупното судство за чија што состојба со право се нервира американската дипломатија, но за добар дел се и самите криви од амбасадата и покрај фактот што потрошија над 55 милиони долари за реформа на судството и нема никаков резултат, поточно има негативен резултат. Криви се затоа што ги оставија нашинците вработени во амбасадата да мешетарат низ судските лавиринти, при тоа толерирајќи непотизам, корупција, трговија со интереси, но и да прогледуваат низ прсти како во ситуации во кои што кандидати за судии и обвинители прво положиле правосуден, па дипломирале на факултет, а за пехот со Катица Јанева и СЈО и да не ни пишувам.
Лично, особено ми е жал што американската дипломатија не сфати уште во 2007 година дека доколку ги остават бизнисите во Македонија да се водат од стрна екс Ју длабоката држава штетно ќе се одрази во кадровската политика во Македонија и тоа севкупно ќе се одрази на нивните интереси во цела Јужна Европа и Западен Балкан, колку и да им игледа регионов мал, нетрактивен и без значителен економски обрт.
Во моментов е илузија дека Ескобар ќе направи било каков продор со Резолуцијата на Македонија од Сенатот на САД за убрзување на евроинтеграцијата на Македонија, сето тоа во моменти кога Орбан се врати со вести дека Трамп сигурно ќе победи на претстојните претседателски избори во САД во 2025 година, екс ју олигархија зстана позади Мицкоски, заедно со црквата, а а го снема и Груевски.
No comments:
Post a Comment