Monday, March 25, 2024

ДАЛИ КОВАЧЕВСКИ ЗАСЛУЖУВА ШАНСА?!



Ќе се согласите дека листите на СДСМ предизвикаа големо изненадување, јас ќе додадам изненадување во позитивна смисла на зборот, додека пак листите на ВМРО-ДПМНЕ се уште се кријат од јавноста.

Имено се покажа дека Димитар Ковачевски решил да се бори за да ја задржи лидерската позиција во партијата и да се обиде да обезбеди мандат за да ја формира идната Влада и логично е борбата да ја отпочне со кадровски промени внатре во партијата која што од позиција на власт, погрешно,  во текот на мандатот  беше раководена прилично затворено за пристап на нови луѓе, кадри и идеи. 

Секретарот Зеќевиќ има голема заслуга за таквото водење на партијата, прилично конспиративно небаре налик на водењето на МК Лисиче ВМРО-ДПМНЕ од времето на Змејкоски.


Информациите во медиумите говореа за тензичен состанок на централениот  одбор на СДСМ со информации за напуштање на состанокот од страна на екс министерот за МВР Оливер Спасовски, портпаролот и актуелен  пратеник Дарко Каевски и Стефан Богоев,  актуелениот директор на царината. Подоцна таквите настани беа   демантирани, но горкиот впчаток говори поинаку.

Од претендентите за тронот во СДСМ на листите успеа да преживее само Оливер Спасовски и покрај лошиот рејтинг генериран во текот на мандатот особено со аферата за издавње на пасоши на светски криминалци, но и со потфрлањето МВР да обезбеди доволен број на  образци на пасоши за замена со новото уставно име. Оливер Спасовски потврди дека се уште важи за способен политички преживувач.

Следиме дека  и други  „тешкаши“ како на пример Шилегов, се гласно незадоволни од фактот дека не се ставени на листите за пратеници, но треба да го потсетиме дека ако Заев ја завршил кариерата токму поради тоа што Шилегов не стана градоначалник на Скопје, истиот Шилегов нема што повеќе што да бара во политиката, неговиот рејтинг е негативен и неговото не ставање на листите е позитивен чекор кој што ќе привлече нови гласови и ќе остави простор за нови луѓе и идеи. Шилегов е пример како човек не треба да го запостави личниот развој итн,итн.


Интересно е дека незадоволен од седмата позиција на листата се откажал пратеникот и неубедливиот портпарол на СДСМ, Дарко Каевски, секако обичниот граѓанин ќе забележи дека  седмото место на листата е одлична позиција, но тоа остава простор за прашањето дали Каевски верува дека СДСМ ќе освои седум пратенички места во првата изборна единица?!


Ќе се согласите дека е прав погодок тоа што го нема Зечевиќ на листите, иако некои аналитичари и политичари се обидуваат да најдат негов ракопис во големата чистка која што се случи на листите од  СДСМ. 

Ако направиме паралела дека  ВМРО -ДПМНЕ го стави својот неубедлив секретар да биде носител на листа е погрешен потег, а да не зборувам и за  двајцата носители на листи и можни кандидати  за на црната листа на САД.

Сега за сега, со ваквото кадровско освежување Ковачевски направи храбар потег со силна демонстрација за вистинска реформа на СДСМ која што е нужно неопходна  и најпрво почна  токму од почетокот од замена на истрошените кадри и слободно може да се забележи дека е 1:0  за СДСМ со овој потег, да се изразам со фудбалски жаргон, затоа што голем дел од спремните црни пропаганди на ВМРО-ДПМНЕ,   спремени токму за можните кандидати со „опашки“ ќе завршат во канта. 

Останува со нетрпение да чекаме на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ.


No comments:

Post a Comment

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...