Tuesday, April 30, 2024

ПРВОТО КРШЕЊЕ НА МИЦКОСКИ ЌЕ БИДЕ КОАЛИЦИЈА СО ДУИ!?


После првиот круг Претседателски избори се е поизвесно е дека победници на претстојните Парламентарни избори ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, токму помеѓу нив се кршат копјата кој ќе ја формира идната Влада на Северна Македонија.


Секојдневно, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски потенцира дека идната влада ќе ја формираа со албанската опозиција групирана во коалицијата „Вреди“,  но секако ќе се согласиме дека тоа може да влијае и да ја ослабе албанската опозиција кај албанскиот електорат кој што би можело  дополнително да гласа за албанскиот антипод на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ

После првиот круг на Претседателските избори и извесната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните Парламентарни избори, Бујар Османи и Али Ахмети се гледаат како учесници во новата влада и секојдневно потенцираат дека мора да се почитува принципот за формирање на  влада- победник со победник.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак,  потенцираат дека  тој принцип  го прекршија токму од ДУИ во 2016 година и да не очекуваат да не се применува истиот. 

Ќе се потсетиме дека  во 2016 година по мистериозен повик, наводно од Хојт Ли, до Али Ахмети беше откажано  формирањето на тогашната влада на чело со Груевски, а од ВМРО-ДПМНЕ веќе имале нарачано  торта за да се одржи прослава во Белата палата по повод победата на ВМРО-ДПМНЕ и покрај 11-те години режим, заробената држава,  криминал и злодела,   потврдени со тн „бомби на Заев“.


Мицкоски е првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција кој што не е фаворит на американците и затоа не би  можело да се повтори 2006та година кога Груевски направи Влада со тогаш губитничката ДПА, која што на изборите имаше помалку пратеници од ДУИ.


Рушењето на Али Ахмети и ДУИ, се зборува, дека е  проектот на германците и Албин Курти. 

Видовме дека   Ахмети  е се уште битен за американците, а секако самиот се покажа како битен политички фактор   вешт за владеење, политички маркетинг и пропаганда. 

Ахмети, во своето политичко делување, перманентно  внесува   новини како на пример албанец за премиер и, сега,  формирање на Европската коалиција со  Курто Дудуш, за разлика од американскиот фаворит во  македонскиот блок СДСМ, кој што коплетно разочара во секоја политичка смисла од кадровка политика до политички маркетинг.


Формирањето на ЗНАМ може да се толкува како обид  да се повтори 2006та година , а секако лесно може да направи и подобар резулатат од НСДП на Тито Петковски, инициран директно од  Бранко Црвенковски   за да се сруши тогашната влада  на Бучковски и спроведување на проектот за устоличување на  Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Последниве денови, сведоци сме на масовна преселба на кадрите на БЦ во ЗНАМ.


Секако треба да се потсетиме дека  во 2006та година,  Груевски беше технократскиот фаворит на американците спремен за решавање на проблемите од новите глобални предизвици во тоа време. Подоцна фаворитот Груевски,  осилиен од изборните резултати  во 2008 година и подршката што ја доби од македонската олигархија и длабока дражава се обиде да ги изигра неговите ментори и да не прифати промена на името на државата во Република Македонија(Скопје) за меѓународна употреба и непотребно влезе во процес на антиквизација и градење на режим. Ќе се согласиме дека  крајниот исход за промена на името во Северна Македонија од страна на Заев и СДСМ е понеповолен, но пртеставува фактичка состојба.


Сведоци сме дека во кампањата на партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзините функционери   во својата реторика и постапки го занемаруват одржувањето на духот  на Договорот од Преспа, а јавниот дискурс не се базиран на реални факти како тоа што го побараа од САД преку соопштение на Стејт департментот пред отпочнување на изборите. 

Покрај Мицкоски, Сиљановска-Давкова и Ковачки ја зајкна својата тврда реторика, како  носител на листа во 3та изборна единица, а  за кој што беше побарано од нашите сојузници до Мицкоски  да биде пензиониран во политиката уште пред 3 години. Министерот за правда и генерален секретар на Алијанса за Албанците, Кренар Лога во своето возвраќање кон  Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, за обвинувањето дека поткупува гласачи  во третата изборна единица потсети дека токму Ковачки е  нереформиран кадар и нема можност за добивање безбедносен сертификат. 


Веројатно фактурата за ваквиот јавен дискурс и непочитување на фактите од страна на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе пристигне веднаш после изборите, конкретно  за непочитување на духот и фактите поврзани со Преспанскиот договор,а како да заборавија дека сме земја членка на НАТО.


Мицкоски и Ахмети со своите националистички реторики покрај тоа што  обострано си го качуваат рејтингот, а тоа го потврди дека било базирано на меѓусебно барање и разбирање,  на едно свое интервју Артан Груби, веројатно ќе мораат да ја формираат и новата влада со извесно  брзо внесување  на бугарите во уставот, а можно  и да биде  постигнат  договор за  избор на идниот претседател на државата во парламентот, сето тоа наспроти изборните ветувања на Мицкоски за непопустливост и враќање на гордоста на државата, наводно,  во рацете на својот  електорат.


Saturday, April 27, 2024

ДАЛИ ГЕРМАНЦИТЕ СО ПОМОШ НА РИКЕР ЌЕ ГО НАПРАВАТ МИЦКОСКИ ПРЕМИЕР?!


За да избереме претседател во вториот круг од Претеседателските избори ќе треба да еден од кандидатите да добие мнозинство од излезени  725.727 гласачи,  односно повеќе од 40% од избирачите, како што е пропишано со уставот на Македонија. 

Во овој момет толкав број на гласачи е невозможно да се постигне без албанските гласачи. 

Македонските партии ги занемарија двете главни барања на албанската позиција и опозиција, за  што Таравари пред некој ден изјави дека имало  договор меѓу сите албански партии - да не влегуваат во влада која што нема да ги  гарантира уставните измени и почеток на преговорите со ЕУ“. 

Од крилото на Груби се слушаат можни најави за бојкот на Претседателските избори се со цел да се оставрат двете барања на албанските партии во пакет. 


Ќе се согласам дека тоа е штетна идеја, но сосема легитимна за да се постигне целта.


Секако, резултатот од првиот круг на претседателските избори ги изненади сите, а најповеќе самиот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. 

Мицкоски е можно после долги години конечно  да стане премиер, но  и конечно да мора да има конкретен став за конкретни прашања како што е внес бугарите во уставот, избор на претседател во собрание,  но и дали е важечки Преспанскиот договор на пример. 


Целата кампања за претседателските, но и парламентарните избори на Силјановска Давкова и ДПМНЕ е хаос од различни изјави на разни партиски  функционери и кандидати, кои што кажуваат се и сешто, односно се што електоратот сака да чуе.


Прифаќање на барањата на алабанските партии и меѓународната заедница катастрофално ќе се одрази на  рејтингот на Мицкоски и ДПМНЕ, кои што иако ветиле дека ќе пристапат кон промена на уставот,  веројатно дека  ќе се обидат  да ги држата двете прашања во  статус кво,  како и Груевски во минатото за промента на името на Македонија во Северна Македонија,а сето со помош на олигархијата на Бранко Црвенковски.


И покрај поддршката на германскиот канцелар Олаф Шолц за владеачката СДСМ, претставници на тн германска длабока држава го туркат планот за да го направат Мицкоски премиер, а Сиљановска Давкова претседател.државата. 

Германците  сакаат да ги убедат западните центри на моќ дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немат ништо против уставните измени за внес на бугарите во уставот на Македонија.

Во таа насока, пратеникот во германскиот парламент Питер Бејер, кој е од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ пред десетина дена на Сител рече дека со сигурност знае дека ВМРО-ДПМНЕ сака да се измени Уставот. Предходно влијателни западни дипломати брифираа дека Мицкоски ветувал дека ќе ги внесе бугарите во уставот, но само од позиција на премиер.

На сето тоа се надоврза со своја прогноза за исходот на изборите, шефот на канцеларијата на германската Фондација Конрад Аденауер во Скопје, Даниел Браун со изјавата дека катастрофалниот биланс на владата во многу области ќе доведе до промена на власта во Северна Македонија. Тој објаснува за Дојче Веле дека сето тоа се склоп на работи кои што имаат многу негативно влијание, а доколку дојде до промена на власта, според него тоа не мора да значи дека земјата повеќе нема да има проевропски курс, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ никогаш не кажале дека не сакаат уставна промена за внес на бугарското малцинство.

Максим Димитриевски, претставник на македонската стату кво структура на македонската длабоката држава   веќе ја состави идната влада, но да видиме дали „домашниот“есапот на Бранко Црвенковски и олигархијата ќе може да се ефектуири на „пазарот“?!?!

Секако дека во таа насока може да се гледа и посетата на Рикер на Македонија и неговите поединечни средби со Мицкоски и Ахмети со цел евентуално да го спои во овој момент неспоивото и идната влада на Македонија да ја состават ДУИ и ДПМНЕ и покрај фактот што го потенцираше Тимчо Муцунски дека Ахмети го прекршил принципот за состав на владата-победник со победник.


Sunday, April 14, 2024

ДА (НЕ) СЕ СПРЕМАМЕ ЗА „КВИЦКАЊЕ“?!?!


Предвидувањето на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски дека медиумите кои што зазеле страна  пак ќе „ квицкаат“ како за време на режимот, за која што изјава мораше да се извини на „муцињата“ од ЗМН,  многу бргу се оствари со апсењето на новинарот Фуркан Салиу.

Фуркан, обајави сторијата за ширење на лажни вести  на неговиот портал врз основа  на  документ насловен како „Оперативен план од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ“, креиран токму  од ширачите на лажни вести и „расипани“ продавачи  на автомобили, сертифицирани од ЕУ и САД. 

Фуркан најави објава на  уште документи повразани со скандалот, а веќе наредните денови како што видовме на снимките   беше брутално уапсен  на фудбалски натпревар под наводи на МВР дека  нападнал специјалци и дека носел пиштол со себе. Подоцна ништо од тоа не се покажа точно, а ги немаше и најавените снимки од техничкиот министер.

Со постапката на апсење на новинарот,  МВР и техничкиот министер на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски демонстрираа дека режимот е жив дека партијата не се реформирала после многуте судскии постапки и пресуди за нејзини високои функционери и  по демисијата на Груевски и секако ни демонстрираа дека има се уште постојат поединци, вработени во МВР, партиски војници од тефтерчињата на Горде и Сашо кои што со задоволство чекаат команда за повторно да го  практицира режимот. 

Министерот Тошовски,  наместо вешто, политички да се извлече и оправда за настата ситуација со образложение дека ќе се испита случајот од страна на внатрешната контрола на МВР, дека  дополнително ќе излезе со соопштение во наредните денови кога ќе деескалира ситуацијата. 

Спротивно на сето тоа, тој лично, самиот ја ескалираше ситуацијата со неговото лично „влошување“, влегувајќи во дуел со новинарот Салиу кога на прес конференција  пред медиумите го нарече лажго, а наредниот ден беше фатен како излегува од ПС Гази Баба и немаше одговор што бара таму?!  

Извори од МВР,  говореа дека после увидената грешка во постапката за преглед на автомобилот на Фуркан и во еуфорија и брзање, побрканите постапки и термини за   „претрес и преглед“ за кои што  и самиот Тошковски беше  беше  збунет пред медиумите,  МВР со неколку денови задоцнување поднесе кривична пријава за Фуркан Салиу, но за сторено кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие, но не и напад врз службено лице и носење на оружје. 


На вакви филмови и манипулации  во рамките на „Уставот и Законот“ бевме сведоци секој дневно цели 11 години за време на режимот на Груевски!!!


Гимнастиката со опишаното дело во кривичната  пријава и целосното, непотребно   инволвирањето на техничкиот министер во кривично правниот настан,   едноставно и пластично го потврдува предвидувањето на Ковачевски дека не само новинарите туку и сите неистомисленици ќе „цвикаат“ доколку се случи  реставрација на режимот.

За жал, постои голема опасност  сите ние повторно  да „цвикаме“ уште најмалку 4 години, надвор од европската агенда во обид Мицкоски да ја „врати гордоста со Гордана“, односно да го реставрира режимот како во „добрите“  стари времиња  и манирите на Груевски, братучедот и режимските слуги на чело со Мартин Протуѓер, Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски! 

Да се потсетиме, дека како  што го срушивме режимот со пенкало, така може и да го вратиме  истиот режимот назад, повторно со пенкало, а потпомогнато со  „лажни вести“ и закани.

За многуте  закани  кон неистомислениците слушаме и гледаме секој ден со реченицата  „ќе видите после 8 Мај!!!“ 

На таквите закани,  јавно најмногу се жалат, на својот подкаст,  Мичо и Мечка, а Фуркан закание ги доживеа практично ,  порано од 8ми Мај..

Секако  зачудува и молкот на техничкиот премиер Талат Џафери околу  целиот настан, но овој настан секако дека  оди во прилог на ДУИ, кои што очигледно суптилно сакаат да порачаат до албанците дека доколку не се со нив ќе бидат во немилост на ДПМНЕ, а нели и Артан Груби тврдеше дека имало барање од Мицкоски, да се напаѓаат по етничка основа за да им расте  рејтингот, обострано?


Monday, April 8, 2024

УТЕПА СЕ БАТО, ДОТЕПА ГО ЛИДЕРО !!!

                                                                         Гордана 2.0

Вчерашното апсење на новинарот Фуркан Салиу докажа уште еднаш, по не знам кој пат дека режимот на Груевски е жив!!!

После сторијата на Фуркан за предизборен иженеринг на ВМРО-ДПМНЕ со учество на јавниот сервис,  МТВ и најавата за објава на  дополнителни документи особено после  гледаното вечерно гостување на Фуркан на Инфомакс следеше спектакуларно негово апсење како за времето на режимот на Груевки, наредниот ден на  фудбалски натпревар. 


Медиумите блиски до Белата палата  и ботовите од „Дувлата“ пробаа да спинуваат информации дека носел пиштол, провоцирал и слично, но на пример колку и да провоцирал,  МВР падна на таквото провоцирање на Салиу, а такво апсење е недозволиво и потсетува  на старите филмови на Груевски, Мијалков, Протуѓер и Гордана, поточно на озогласениот РЕЖИМ! 


Во недостиг на европска перспектива во програмата на ДПМНЕ гледаме дека има обид  да се реставрира режимот уште за време на техничката Влада, комплетно  со истите методи на манипулации и заплашувања, со учество на голем дел токму на луѓето кои што беа составен дел на режимот и „страховладата’ на Груевски.


За министерот Тошковски пред да стане технички министер не заневме многу освен дека има сомнежи дека учествувал во коруптивни тендери заедно со лидерот Христијан Мицкоски кој во времето кога бил директор на ЕЛЕМ, потпишал 2 договори за адвокатски услуги со тогаш адвокатот Панче Тошковски,  правен застапник на ДПМНЕ и секако пријател Мицкоски.  


Со актот на апсењето на новинарот Салиу се покажа исто така дека на и Панче Тошковски му недостасува демократаски капацитет и дека е кадар кој е што избран од шинелот на слепи послушници и партиски војници, но особен критериум е неговото пријателство со Мицкоски кое што му овозможува да биде избран за технички министер за внатрешни работи во предизборната Влада. 


Во изминатите години по падот на Груевски секојдневно сме сведоци на примери дека режимот е жив како со кадрите со кои што е опкружен самиот Мицкоски. Негативи примери за тоа се многу како на пример : Николоски, Милошоски, Ѓорчеви,  Јанушев, а секако и особено осудената за криминал поранешна министерка на МВР Гордана Јанкуловка,  која што е присутна во првите редови на сите настани ДПМНЕ и секако сликата со Гордана Давкова, кандидатката за претседател на републиката.


                                                                       Една слика-еден режим!


Авторитарните манифестации на Мицкоски можеа да се забележат уште од неговата појава како лидер на ДПМНЕ, но каков профил на личност би можеле да одбеат Мијалков  и Груевски?!? Преку психолошките манифестации може слободно да се заклучи дека Мицкоски е Груевски и Мијалков во едно.


Режимски работници на истиот ментор


За жал, овој  настан со апсењето на Фуркан е последен  аларам и опомена каде може да не одведат Мицкоски и неговите послушници од нереформираната партија, а тоа е се подалеку  од европските перспективи подобра иднина!


Saturday, April 6, 2024

ДАЛИ СМЕЕ ДА МУ СЕ ВЕРУВА НА ГОСПОДИНОТ РИКЕР?!


    Приватната посета на поранешниот, амбасадор на САД, па поранешен конзул во Милано и поранешниот помошник-државен секретар на САД за Европа, господинот Рикер помина не многу забележително, но секако привлече внимание.    

    Јавноста  беше збунета во која и каква функција е неговата посета?!

    Главното прашање што се наметна беше  која е неговата моментална позиција во америкаската дипломатија?!

    Предходно видовме  дека  господинот Рикер се сретна со Али Ахмети и Христијан Мицкоски, а за емисијата ‘360 изјави дека лани ја напуштил дипломатијата, по 31 година служба и отворил тинк-тенк организација.


Секако дека овој факт отвара многу прашања за јавноста, но  посебно и за американската дипломатија, Стејт департментот, америкаската амбасада и амбасадорката Агелер.


    Зошто е тој тука и дали добил  било какви средстава за неговата организација, кој платил за неговото патување   и секако доколку има трансакции во која висина  се?!  

Која е причината за да тој се појави  во Македонија и да се слика  со Ахмети и Мицкоски?!?

Само да потсетам дека Мицкоски и Ахмети се лидери на многу богати партии.


    Кај Али Ахмети ситуација малку е почиста и можеме да забележиме дека после опомената од страна на нашите американски партнери да прекине со учеството во коруптивните процеси истите  ги послуша и неговиот внук Дрин Ахмети се повлече од Соравија. Високи дипломатски извори брифираа дека стриктно му било напоменато дека никој од неговото опкружување нема да има имунитет од кривичен прогон во иднина,но секако ќе се согласите дека останаа многу траги и докази за работа на обвинителството за организиран криминал. 

После сите тие коруптивни настани и опомени повторно видовме како Ахмети со многу фолклор го повторува заветот што го дал кон американците и американското знаме и повтори дека ќе се борел портив Русија на јавна сцена. При тоа мора да истакнам дека знаеме дека е се уште битен партнер на американците претставува сигурен американски играч,   а дали коњот на брат му уште пие пиво нема понова информација.


    Но, ќе се согласите дека ситуација со средбата со Мицкоски  е далеку покомплицирана со многу историја и комплетно нејасна?! 


Кога се менуваше името на Македонија, Рикер беше помошник-државен секретар и ги брифираше западните дипломати, политичарите,  неговите пријатели и познаници дека на Мицкоски не може да му се верува и одбиваше средби со него, но доколку мораше да се сретне со него се гледаше од неговото лице и однесувањето на господинот Мицкоски  дека средбите се многу непријатни.


Предходно, сакам да напоменам дека за време на амбасадорувањето на  Рикер, режимот на Груевски одлично си функционираше, а неговото рушење формално започна со доаѓањето на Пол Волерс за амбасадор на САД во Македонија.


    Професорот Љубомир Фрчкоски лаконски забележа и опиша, во една од своите колумна дека за време на страховладата на Никола Груевски, господинот Рикер секој дневно  собираше пеперутки во Мариово  со Сашо Мијалков, тогашниот директор на државната безбедност, алудирајќи на нивните редовни средби во кабинетот на Мијалков

Подоцна се шпекулираше дека токму таа колумна е една од пречките зошто Фрчкоски не доби агреман за амбасадор на Македонија во Вашингтон.


    Гаранциите што ги даде  тогашниот абасадор  Рикер кај тогашните попретседателот Џо Бајден и тогашната државна секретарка Хилари Клинтон дека Груевски и Мијалков уште малку да покрадат, па ќе го сменеле името истекоа  во 2011 година.

Истекувањето на тие гаранции се случи кога на средбата со Бајден и Хилари Клинтон во Белата куќа на која што  било побарано веднаш Груевски да пристапи кон менување на името тој се тој се обидел уште еднаш да им „врзе машни“ по којзнае кој пат.

Веднаш, од таа средба Груевски беше спектакуларното исфрлен од Белата куќа и дрежеше прес на улица , а Рикер беше „унапреден“ американски конзул во Милано. 


    Подоцна Рикер се рехабилитираше со именувањето на  цивилен заменик командант на силите на САД во Европа за да стане помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија кога се случуваше  промената на името на Македонија во Северна Македонија.

    Токму на средбите по тој повод со западните амбасадори на брифингот од Рикер дека не може да му се верува на Мицкоски тогашниот амбасадор на Франција, господинот  Кристијан Тимоние ќе го посети  господинот Рикер на неговите дружби со Мијалков. 

 Другото е историја и завршена работа, но останува  горчливиот факт  дека со помош на нашите клептократски елити се промени името на државата, а за жал секојдневно гледаме на јавна сцена дека има обиди да се „уновчи“ и внесот на бугарите во уставот како услов за отпочнување на преговорите Македоија со ЕУ.


Сакам да потенцирам дека за оваа средба помеѓу Рикер и Мицкоски има информации дека токму таа средба од Мицкоски се претставува како средба која што покажува дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се смириле со америнците и тие дека токму тие му помагаат да формира Влада, а предходно токму од еден аналитичар токму господинот Рикер е означен како припадник на тн „Кафетин Коалиција која што се обидува да го постави Мицкоски за премиер.


Комплицирано, зарем не?!


    Од сето погоре наведено и комплексноста на ситуацијата во која што се наоѓа Македонија, Европа и светот со војната во Украина и Израел сакам директно  да го прашам американскит Стејт департмент и амбасадорката Агелер што бара господинот Рикер во Македонија, дали  тоа претставува мешање во претстојните изборите и дали смее да му се верува на господинот Рикер?!?!?



Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...