Вчерашното апсење на новинарот Фуркан Салиу докажа уште еднаш, по не знам кој пат дека режимот на Груевски е жив!!!
После сторијата на Фуркан за предизборен иженеринг на ВМРО-ДПМНЕ со учество на јавниот сервис, МТВ и најавата за објава на дополнителни документи особено после гледаното вечерно гостување на Фуркан на Инфомакс следеше спектакуларно негово апсење како за времето на режимот на Груевки, наредниот ден на фудбалски натпревар.
Медиумите блиски до Белата палата и ботовите од „Дувлата“ пробаа да спинуваат информации дека носел пиштол, провоцирал и слично, но на пример колку и да провоцирал, МВР падна на таквото провоцирање на Салиу, а такво апсење е недозволиво и потсетува на старите филмови на Груевски, Мијалков, Протуѓер и Гордана, поточно на озогласениот РЕЖИМ!
Во недостиг на европска перспектива во програмата на ДПМНЕ гледаме дека има обид да се реставрира режимот уште за време на техничката Влада, комплетно со истите методи на манипулации и заплашувања, со учество на голем дел токму на луѓето кои што беа составен дел на режимот и „страховладата’ на Груевски.
За министерот Тошковски пред да стане технички министер не заневме многу освен дека има сомнежи дека учествувал во коруптивни тендери заедно со лидерот Христијан Мицкоски кој во времето кога бил директор на ЕЛЕМ, потпишал 2 договори за адвокатски услуги со тогаш адвокатот Панче Тошковски, правен застапник на ДПМНЕ и секако пријател Мицкоски.
Со актот на апсењето на новинарот Салиу се покажа исто така дека на и Панче Тошковски му недостасува демократаски капацитет и дека е кадар кој е што избран од шинелот на слепи послушници и партиски војници, но особен критериум е неговото пријателство со Мицкоски кое што му овозможува да биде избран за технички министер за внатрешни работи во предизборната Влада.
Во изминатите години по падот на Груевски секојдневно сме сведоци на примери дека режимот е жив како со кадрите со кои што е опкружен самиот Мицкоски. Негативи примери за тоа се многу како на пример : Николоски, Милошоски, Ѓорчеви, Јанушев, а секако и особено осудената за криминал поранешна министерка на МВР Гордана Јанкуловка, која што е присутна во првите редови на сите настани ДПМНЕ и секако сликата со Гордана Давкова, кандидатката за претседател на републиката.
Авторитарните манифестации на Мицкоски можеа да се забележат уште од неговата појава како лидер на ДПМНЕ, но каков профил на личност би можеле да одбеат Мијалков и Груевски?!? Преку психолошките манифестации може слободно да се заклучи дека Мицкоски е Груевски и Мијалков во едно.
За жал, овој настан со апсењето на Фуркан е последен аларам и опомена каде може да не одведат Мицкоски и неговите послушници од нереформираната партија, а тоа е се подалеку од европските перспективи подобра иднина!



No comments:
Post a Comment