Monday, December 14, 2020

АРЕН МАЖ НА ЗБОРОТ НЕ СТОИ


АРЕН МАЖ НА ЗБОРОТ НЕ СТОИ

-стара македонска-

Текстот е објавен на 10 Декември 2020 на Facebook


    Вчерашната прес конференција на премиерот Зоран Заев дополнително ги потврди тезите дека со интервјуто за БГНЕС и со предлозите што ги дал до бугарската страна драстично излезе од преговарачката рамка која што му беше зададена од нашите сојузници, поточно САД. Такво посипување со пепел на јавната политичка сцена е од невидени размери во поширокиот регион. Сета среќа како за него така и за нас што целиот процес будно се следи од американската дипломатија која иако е во фаза на транзиција по изборите во ноември. Тука веднаш да ги разочарам бриферите на опозицијата, амбасадорот Рикер нема да биде сменет иако шират лажни вести за што беа сертифицирани. Истата ситуација ја користи и Борисов за да остане на власт.

    Фашистичка определба на Бугарија во втората светска војна и антифашистичката основа на современата македонска држава не може да се избришат како историски факт со било каква и да е уценa од бугарска страна или наше прифаќање или пак можеби пак комплетно усогласување со желбите на определени тесни про бугарски кругови во Македонија.
Македонскиот идентитет и јазик се признати во целиот свет и се факт за кој не требаше да се преговара ниту пак имаше потреба и било каква основа да се признава било што.
Желбата за наметнување на анахроните бугарски ставови базирани на пропагандите од 19 век конечно се јавно осудени од ЕУ и членки, но треба да знаеме дека и германската историографија е на линија бугарската и руската.

     Таквото толкување на историјата за среќа е спротивна на гледањето и интересите на нашите најголеми сојузници САД, кои што успеаја да не интегрираат во НАТО, но за почеток на преговори со ЕУ и полноправно членство нема никаква гаранција што се потврди со ветото од Бугарија.

    Секако дека ние треба да го инкорпорираме ЕУ правото и стандардите и без да започнеме преговори се со цел доброто и просперитетот на државата и граѓаните.
Ставот на специјалниот преговарача г-динот Бучковски да се вклучат германски историчари во комисијата е погрешен и е директно спротивен како на нашите, те, македонски интереси така и на американските.

    Исто така, било какво толкување на минатото од големо бугарски позиции оди директно во прилог на Русија.
Како што знаме Каракачанов иако е министер за одбрана на Бугарија не поседува НАТО безбедносен сертификат и се погласни шпекулациите дека нашата опозиција директно соработува со него за спроведување на руската политика на Балканот.
Се зборува дека со помош на македонската опозицијата се делува координирано и дека во моментов на сите анкети за рејтинзите, партијата на Борисов има пораст на рејтингот од 7%.
Борбата на Борис0в и Каракачанов е да останат на власт и да не ги загубат изборите во март 2021 година, а се отвара прашањето за што е борбата на македонската опозиција?

No comments:

Post a Comment

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...