Monday, December 14, 2020

АБЕР ОД ВАШИНГТОН


-текстот е објавен како статус на ФБ на 29.11.2020 година-


Писмо кое што го најавува неповолниот расплет за опзицијата.

Писмото упатено до македонската Влада од страна на амбасадорот Рикер е сериозна порака како до нашата Влада, до бугарската Влада така и до македонската опозиција.
Во минатото амбасадорот Рикер има забележано дека нашите дипломати не знаат да читаа дипломатски пораки, но тоа сметам дека и денес не е сменето.
Во врска со договорот со Бугарија, премиерот Заев имаше конкретна рамка зададена од нашите НАТО партнери како да ги води преговорите со Бугарија.
Рамката е дека имаме заедничка ( common/shared) историја со Бугарија и од неа произлегле како македонците така и бугарите, нашите држави и нашите јазици.
Заев тоа го кажа, но во продолжение во несреќното интервју импровизираше до бескрај што е недозволиво за решавање на ваков историски проблем и спор. На интервјуто требаше да излезе спремен со концепт во рамките на тоа што му било кажано, поткрепено со историски поенти и да не меша баби и жаби.


Денеска, американската дипломатија, промптно, преку амбасадорот Рикер го спасува својот пулен со писмото упатено до Владата за да ги извади од бербатот што го направи со лошото интервју за кое што ретерираше и самиот Заев.
Опозицијата на чело со Мицкоски и Апазиев помогната од Црвенковски спреми неуспешен обид за ново парламентарно мнозинство. За сите нив постојат основани сомненија дека се во блиски врски со Каракачанов и неговата проруска, анти македонска и анти нато политика. Има основани сомненија дека последните потезите на опозицијата се влечени во координација на опозицијата во Скопје со Владата во Софија.
Јасно е дека опозицијата ја поведе инстинктот за политичка капитализација на моментот и обид за создавање на ново парламентарно мнозинство, но сето е погрешно од неколку причини:
1. Во САД победи Бајден, но и да не победеше американската меѓународна политика е конзистентна во нашиот регион, секако со Бајден ќе биде поактивна.
2.Бојко и Каракачанов ја завршуваат својата политичка кариера, секако Бојко со тешки афери и сега двајцата се борат да спасат било што , но влегуваат во рамки на дефиницијата за клептократите кои што ќе бидат демонтирани во наредниот период заедно со Орбан.
3. Брифингот за лидерот на опозицијата која го има дадено токму Рикер уште во 2018 година е дека на Христијан Мицкоски не може да му се верува, тој си знае зошто и со тоа стави јасно до знаење, по којзнае кој пат, заедно со амбасадорката Брнс, дека немаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ меѓународна поддршка.
4. Бранко Црвенковски ја заврши својата кариера во 2011 година.
5. Олигархијата и длабоката држава која што ја создаде БЦ и дел од нив преминаа кај Никола Груевски, а сега е со Мицкоски се во немилост на меѓународниот фактор, но за тоа во друг текст.
Од сето наведено може да се заклучи дека за да се формира ново парламентарно мнозинство недостасува меѓународнатa поддршка, нашите сојузници цврсто стојат позади Владата во овој момент иако неумесноста на Заев го троши нивното трпение како што го потроши Груевски со манипулациите дека ќе ги реши проблемите со Грција и Бугарија.
Сега целиот товар од овој неуспешен обид за НПМ е на грбот на Мицкоски за кој што мислам дека нема да може уште долго да се брани од барањата за оставка како и со фактот дека си ја влоши и така лошата меѓународна позиција во која ја доведе и партијата, секако по своја вина, сето тоа со помош на лошите советници, погрешната кадровска политика и секако со наследството од 11 годишниот режим на фамилијата.

No comments:

Post a Comment

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...