Ние не сме Срби, Бугари нит Грци,
Македонци сме со векови!
Македонци сме со векови, но
премиерот Заев не откри топла вода и среќа што наспроти него преговараат
бугарски владетели кои што донесуваат лоши одуки поради своето незнаење,
ароганција и функционална неписменост како што пишува Евгениј Дајнов, бугарски политиколог, дипломец на
Оксфорд и професор на Новиот бугарски универзитет во текст објавен во
бугарскиот весник „Дневник“ под наслов „Тито против тато?“
Ќе се согласите дека навистина е
чудно како, лик како Каракачанов е министер во земја членка на ЕУ, за неговите изјави нема ни потреба за коментар.
Веројатно Каракачанов, а и самиот Борисов, не можат да разберат дека со тепање не се
станува ниту Бугарин како што со тепање не се станува Македонец ниту пак Грк,
ниту пак Србин.
Србите тоа го сфатија за време на
Тито, но сепак основата правилно да го сфати македонското прашање допринел Моша Пијаде кој предавал сликање во Охрид од
1913 до 1915 година. Иако и самиот за
време на првата светска војна известувал и застапувал велико српски позиции
како дописник . Лично сметам дека е грешка преименувањето на средното училиште
наречено по неговото име затоа што има голем придонес во основањето на
современата Македонска држава заедно со Гоце Делчев и секако да не ја
изоставиме и Мис Стон.
Додека пак, Бугарија и Бугарите имаат сериозен проблем со
тоа и со историските факти и правото на народите на самоопределување како и
сфаќањето на индивидуалните човекови права. Како што кажа и поранешниот
премиер Георгиевски во ТВ интервју и самата Бугарска комунистичка партија го споменува македонскиот народ уште во 20тите години од 20ти век. Големата улога за Македонското прашање на Георги Димитров секако нема да забораваме
да ја споменеме, но за жал наследството на Тато, Тодор Живков пренесено
преку неговиот телохранител, бивш пожарникар сега премиер е проблематично во
современите политички и историски текови. Се надевам дека Борисов ќе замине во
март од поличката сцена.
Правото да се чувствува некој Бугарин
секако е основно човеково право и тоа треба да го почитуваме во Македонија, но
да се биде Македонец треба да го почитуваат сите, пред се Бугарија и самите
Бугари.
Србите тоа го прифатија низ времето на живеење во заедничката држава, додека Грците
полека го прават тоа и сфаќаат со мали тешкотии после Преспанскиот договор.
Историски пропагандите од 19 Век се комплетно погрешни и не може
да се применат во денешно време.
Постоењето на Македонската нација и јазик се историски факти и нивното
негирање претставува чист фашизам!
Факт е постоење на
Македонската современа држава како историски стремеж на Македонците низ
историјата. Држава која што сега се
нарекува Република Северна Македонија, скратено Македонија.

No comments:
Post a Comment