Friday, December 18, 2020

ЛИЦЕМЕРНАТА АНГЕЛА МЕРКЕЛ

 



Покрај јасната позиција на американската дипломатија искажана преку амбасадорот Рикер, неколку пати, дека Македонија и земјите членки на ЕУ треба да продолжат да бараат решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на земјата во ЕУ, зачудува перфидниот обид на канцеларката Меркел да ги прифати притисоците на Бугарија за вметнување на билатерален спор, односно да го протне бугарскиот став за тоа дека Македонија ја фалсификувала историјата. 


Претходно, Амбасадата на САД во Скопје објавувајќи го делот од писмото на амбасадорот Рикер,  на твитер, сакаше само да ја појасни позицијата на американската администрација:

„Ве охрабруваме и вас и земјите од ЕУ да барате решение за билатералите прашања надвор од интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ“. 


Ова  беше обид пластично да им се нацрта нивната позиција како  на македонските политичари и јавност така и на бугарските, но и покрај се станува нејасно зошто тоа не го сфатила канцеларката Меркел?! 


Позицијата на амбасадор  Филип Рикер, самиот ја повтори и во своето обраќање на онлајн форумот „Да се биде безбеден“ во организација на Атлантскиот сојуз на Црна Гора, повторно потенцирајќи дека Европската унија не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок на Северна Македонија во интеграциите.


    Лично имам впечаток дека и германскиот министер за надворешни работи г-динот  Рот го сфатил сево ова, но не и самата канцеларка.


    Обидот на мала врата да се протне реченица за погрешно толкувана историја која што секако алудира на тоа дека Македонија ја фалсификувала историјата повторно беше силен аларм за нашите пријатели да реагиираат, пред се мислам на САД и амбасадорот Рикер. Реакцијата беше буквално пет за дванаесет.

Секако зачуди  молкот на нашата Влада ден претходно по ова битно прашање , но и на  медиумите, се до заедничката реакција на Чешка и Полска.

Целата ситуација ја спасија Прага и Братислава, се зборува дека и Виена е на таа линија.

Тие објавија  заеднички став во кој официјално потврдуваат дека не можат да се согласат со заклучоците предложени од германското претседателство. Главен проблем е реченицата за „погрешно толкување на историјата“.

Германската канцеларка  Меркел завчера во Бундестагот беше обвинета од  пратеникот од нејзината партија ЦДУ, Гинтер Крихбаум дека подлегнала на притисоците на Борисов и на Бугарија за наметнување на билатерални барања во процесот на пристапување. На обвинувањето и прашањето,  Меркел беше многу кратка во одговорот, рече дека :

„Уште еднаш разговарав со бугарскиот премиер Бојко Борисов и се надевам дека овие прашања ќе се надминат во блиска иднина“.


Сега преговарачката рамка е замрзната на неодредено време за Македонија, но обидот да се вметне фашистичката клаузула за некакво фалсификување на историјата конечно ги симна маските на Меркел и Германија. Тоа значи дека ние нема пријател во Германија и тие се комплетно ставени на страната на Бугарија во толкувањето на историјата, но среќа е што имаме други сојузници во рамките на самата ЕУ и секако да не ги изоставиме и надворешните светски фактори, големиот пријател на Македонија, амбасадорот Рикер и секако САД. 

Веднаш   Владата на Македонија , но и партијата ВМРО - ДПМНЕ која што ваши за блиска до Германија треба да ги преиспитаат односите како со Меркел и ЦДУ така со Борисов и Каракачанов.

Лицемерието на канцелраката е огромно од причина што самата ветуваше дека ако го смениме името ќе влеземе во ЕУ.




No comments:

Post a Comment

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...