Saturday, May 29, 2021

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ НЕМА ДА ИМА, А ЗАЕВ ДОБИ УШТЕ ЕДНА ШАНСА

 


Не пишував подолго време од професионални причини, информации за актуелната политичка ситуација секако дека  имав, но се обврзав дека нема да ги споделувам извесно време.

Покрај фактот дека  меѓународниот фактор е заморен од глупостите на актуелната Влада и премиерот истите добија уште 3 чисти години од мандатот односно нема да има предвремени парламентарни избори или ново парламентарно мнозинство иако власта се тркала по улица, а тоа, за чудо, не и смета на опозиција.

Прашањето е од каде да почнам со анализата, но од каде и да почнам нема да згрешам.            

Владеењето на Никола Груевски, односно неговиот режим и фамилијата не чинеше сите многу, како државата , народот така западот, но човекот е упорен и не се откажува уште,  како од партијата така и од идејата да се врати на чело на државата. Секако тој факт ја потврдува и анализата на ИФИМЕС за разузнавачката операција „ Коњски скок“,  која што има за цел да го врати Груевски на чело на државата.

Едноставно и јасно-тоа е сериозна пречка да  се врати ВМРО-ДПМНЕ на власт за брзо. Ќе рече некој има партијата нов лидер и некакви персонални промени, но тоа не е доволно.

Западот многу време изгуби да го демонтира Груевски, за кој што имаше информации дека сака да се круниса, дури, за крал. Неговите другарчиња љубители на режими се држат, Јанша и Орбан, но Бојко падна.

 Информациите за поврзувањето на руските и  француските служби со Груевски и другарчињата особено  ја компликува целата ситуација. На сето тоа ако го додадеме Ердоган и Турција ќе можеме многу  сериозно да го сфатиме Ципрас  кој кажа дека ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција ќе беше и на нашата северна граница.

Сепак, ситуацијата е далеку посериозна, дестабилизацијата на Македонија може да доведе до сериозна ситуација како во Сирија. Да, да, добро читате иако сме во НАТО,  некои  структури силно работат на дестабилизација не само на Македонија тука и на целиот регион, погодувате,  враќање на Груевски е можно само со дестабилизација.

Обидот за дестабилизација се спроведува преку пласирање на лажни вести додека се проценува дека службите кои што го спроведуваат сценариото за дестабилизација можат да создадат нова Сирија на овие простори за 24 часа.

Секако и изјавата на Макрон  дека е важно државите да не се фокусираат на националните интереси што се косат со безбедноста на другите сојузници, како што беше случај во последните години во Сирија, источен Медитеран, Либија и Кавказ, говори за француското незадоволство од американската политика пошироко, но и на Балканот

Особено зачудува радикалниот пресврт во германската реторика на амбасадорката во Скопје после обидот за протнување на одредбата за погрешно толкување на историјата од страна на Македонија во документот за проширување на ЕУ, под германско покровителство.

Но, целата ситуација во регионов и опасноста од исламскиот радикализам говори дека и германците ја сфатиле опасноста, особено по ескалација на состојбите во Израел.

Истите центрите на моќ ја финансираат дестабилизацијата во Израел, но и во Македонија како најслаба карика на НАТО во моментов.

Неофицијални информации и извори како и аналитичари јавно потврдуваат дека структури  на длабоката држава инсталирани во неколку опозициски  партии работат, рака под рака, да ја  дестабилизираат Македонија.

Со самото тоа  работат и за Зоран Заев да остане подолго на власт, затоа што западот не може да најде партнер во опозицијата кој што ќе го гарантира Преспанскиот договор и ќе ги продолжи преговорите во Бугарија, се со цел  влез на Македонија во ЕУ, а не дестабилизација на регионов со цел реинсталирање на режими. Токму длабоката држава инсталирана во најголемата опозициона партија  ја помага  длабоката држава на ДУИ, која што ја спомена и лидерот на опозицијата Мицкоски. Директно му помагаат на Ахмети да се претстави пред НАТО дека е на браникот не само на Македонија, туку и на регионот за одбрана од радикалниот исламизам кој што се користи како една алка за дестабилизација на Македонија. Западното барањето беше да се неутрализираат протестите за Монструм и да се стави случајот  во заборавот на историјата. Истото барање на западот има  и за фамозниот 27-ми, актерите и случајот треба да се стават во заборав, а не да се организираат протести и да се реафирмираат хушкачите на политичката сцена. Но, сето  тоа му одговара на Груевски и целата структура на екс режимот, кој за жал не е деинсталиран комплетно.

Трагичниот дел е дека опозицијата се злоупотребува за целите на политичари со завршена кариера уште во 2015 година.

No comments:

Post a Comment

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...