Сигурно се чудите што бараат Мицкоски и Сребра Тодеска во исти наслов, но да почнеме со ред:
ВМРО-ДПМНЕ е партија и како таква мора да има институционална меморија, ако не се сеќава било кој од раководството на партијата на конкретниот настанот може и да ја погледне архивата на партијата и да види како ИК со препорака на, инфамозниот, КСИО во тоа време се „испраа“ од Сребра Тодеска која што го исплука тогашниот претседател, некаде во ‘ 94-95 година, Киро Глигоров.
Во еуфоријата на плукање од страна на тогашното раководство на партијата на се што е државно, споменатата г-ѓа, во партиски занос го исплукала претседателот на прославата за 2-ри Август на Мечкин Камен со непозната течност. Нормално, госпоѓата после настанот побарала заштита од партијата и истата преку правната комисија на партијата е упатена да си најде адвокат за да си ги заштити правата, а партијата се огради од настанот и Сребра Тодевска. Оваа срамна епизода од партискиот живот секако може да се искористи и во денешно време за излез од неколку безизлезни ситуации на партијата ВМРО-ДПМНЕ за да може да размислува раководството да се приближи до можноста да формира Влада. Се надевам дека крајната цел во овој период на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател е освојување на власта и избор за премиер на нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски.
Најавата на Мицкоски за ново парламентарно мнозинство е реафирмација на стара идеја која што освен за внатрешна употреба нема никаква друга политичка вредност.
Самиот Мицкоски многу добро знае дека неговата реторика е таа која што го држи далеку од премиерското место и во случај да победеше и на изборите лани. Владеење на право и реторика на одмазда се нешто што не одат заедно и секако ја потпалува климата во партијата да се случи нова „Сребра“ или пак нешто уште полошо како на пример нов 27-ми.
Знаеме дека Будимпешта ја креираше Левица за да ја држи острата реторика на Мицкоски, но тука се и тн „Бојкотирам“ да ги држи отворени темите за кои што меѓународната заедница бара да се затворат. Будим пешта рече, останува Мицкоски макар паднал над 200 000 гласа.
Сега да се вратиме на начинот како се дистанцираше партијата од несреќната Сребра, а истото може да послужи како модел на партијата за дистанцирање од учесниците во неславниот 27-ми, на кои што на пример, правната комисија ќе им укаже дека сториле кривично дело, и дека не се никакви тн „ уставо бранител“ и ќе се дистанцира од протестите. Истите треба да сфатат дека се искористени и фрлени за целите на Груевски и фамилијата и нивно останување на власт. Единствено треба да се држи отворена опцијата за да им се помогне со преквалификација на делото по идејата на претседателот Пендаровски, а личностите од 27-ми и амнестираните, секако, треба да знаат дека завршиле со занимавање со политика и со јавни настапи.
Секако истиот модел може да се примени и за Орце Камчев, а не претседателот на правната комисија на партијата да му биде адвокат. Да не заборавиме дека партијата треба да се дистанцира и од Миле и од Спире и сите други неславни јунаци на груевизмот, а со тоа да не пречи истите да си ги остварат своите уставни и законски права на правна заштитат и помош.
Да не заборавиме и на машките гаранции кои што треба да ги даде Мицкоски пред меѓународниот партнер за Преспанскиот договор и продолжување на преговорите со соседна Бугарија за влез на Македонија и во ЕУ.
Можеби изгледаат лесни препораките од страна, но без спроведување на истите далеку е ВМРО-ДПМНЕ од ново парламентарно мнозинство или премиер, како сакате.
No comments:
Post a Comment