Wednesday, June 9, 2021

ЦРНАТА ЛИСТА НА САД ШТО СЛЕДИ И ОПОЗИЦИЈАТА

 


Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша уредба со која што се проширува опсегот на вонредни мерки во врска со Западен Балкан, за замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои ја загрозуваат стабилноста во регионот, како и оние лица кои работат против Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор, соопшти денес  Белата куќа.

Секако следат интересни процеси во целиот регион, но да почнеме со анализа на нашата политички сцена.

Изненадувањето за зелената агенда кое што го приреди г.Ахмети, лидерот на ДУИ, кое што не помина премногу бомбастично  може да се сфати како порака до западниот фактор дека самиот тој и ДУИ сериозно ги сфатиле брифинзите кои што доаѓаат од западните фактори во последниот период пред   прогласување на уредбата на претседателот Бајден.

Со особено внимание треба  да се следи  интервју за ТВ21 на г. Ахмети за  ТВ21 каде што му порача на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да биде поактивен за да се реши отворениот спор со Бугарија и кога обвинува за корупција и злоупотреби да изнесува сериозни аргументи, и тоа не на прес конференции туку во обвинителствата. Исто така вели дека Мицкоски,  треба да биде поактивен во реформите во правосудството, треба да биде погласен и аргументиран кога објавува злоупотреби на службената положба на актуелни функционери на власта, треба да има сериозни факти и да ги достави до Обвинителство и во истражните органи, а не да држи прес конференции без серозни аргументи. Не може да обвинува функционери на прес конференции, нека приложи факти во Обвинителство, ако обвинителство не реагира тогаш нека ги информира медиумите, нека знае јавноста. Ова важи и за албанската опозиција и за ВМРО-ДПМНЕ. Ахмети вели дека сме уморни сме од лажни вести.

На тоа реагираше и г. Мицкоски и излезе со контра-одговор, дека било интересно е да се слуша Ахмети кога на тие години и со таа седа коса се препелкал јавно и говорел невистина. Како можел да јас да се вклучи  во нешто, за кое што немал можност.

Сепак денешната објава на Уредбата на претседателот Бајден фрла комплетно светло на настаните од претходниот период  и брутално објаснување на реалноста, пред се за опозицијата која што се уште не научила да ги чита дипломатските пораки.

Пораките во изминатиот период беа  прилично јасни, особено  до г. Мицкоски  од страна на меѓународниот фактор, а тоа е гаранција на Преспанскиот договор, продолжување на преговорите со Бугарија со цел влез на Македонија во ЕУ и некои ситни козметички кадровски корекции во партијата. Мислам дека Мицкоски задоцни со давањето на гаранциите до западниот фактор и влезе во организирање на протести против процес кој е во интерес на нашите западни партнери, но  секако и на Македонија како држава.

Црната листа која што ќе следи секако ќе биде големо и непријатно изненадување за опозицијата пред локалните избори.

 За жал брифингот даден од страна на амбасадорот Рикер уште во 2018 година е се уште на сила дека на Мицкоски не може да му се верува. 

Прилично непријатно пред локалните избори, зарем не?!

Wednesday, June 2, 2021

МИЦКОСКИ, 27-МИ И СЛУЧАЈОТ НА СРЕБРА ТОДЕСКА

 


    Сигурно  се чудите што бараат Мицкоски и Сребра Тодеска во исти наслов, но да почнеме со ред:

 ВМРО-ДПМНЕ е партија и како таква мора да има институционална меморија, ако не се сеќава било кој од раководството на партијата на конкретниот  настанот може и да ја погледне архивата на партијата и да види како ИК со препорака на,  инфамозниот, КСИО во тоа време се „испраа“ од Сребра Тодеска која што  го исплука тогашниот претседател, некаде во ‘ 94-95 година, Киро Глигоров.

Во еуфоријата на плукање од страна на тогашното раководство на партијата  на се што е државно, споменатата  г-ѓа, во партиски занос го  исплукала  претседателот на прославата за 2-ри Август на Мечкин Камен со непозната течност. Нормално, госпоѓата после настанот побарала заштита од партијата и истата преку правната комисија на партијата е  упатена  да си најде адвокат за да си ги заштити правата, а партијата се огради од настанот и Сребра Тодевска. Оваа срамна епизода од партискиот живот секако може да се искористи и во денешно време за излез од неколку безизлезни ситуации на партијата ВМРО-ДПМНЕ за да може да размислува раководството да се приближи до можноста да формира Влада. Се надевам дека крајната цел во овој период на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател е освојување на власта и избор за премиер на нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски.

Најавата на Мицкоски за ново парламентарно мнозинство е реафирмација на стара идеја која што освен за внатрешна употреба нема никаква друга политичка   вредност.

Самиот  Мицкоски многу добро  знае дека неговата реторика е таа која што го држи далеку од премиерското место и во случај да победеше и на изборите лани. Владеење на право и реторика на одмазда се нешто што не одат заедно и секако ја потпалува климата во партијата да се случи нова „Сребра“ или пак нешто уште полошо како на пример нов 27-ми.

 Знаеме дека Будимпешта ја креираше Левица за да ја држи острата реторика на Мицкоски, но тука се и тн „Бојкотирам“ да ги држи отворени темите за кои што меѓународната заедница бара да се затворат. Будим пешта рече, останува Мицкоски макар паднал над 200 000 гласа.

Сега да се вратиме на начинот како се дистанцираше партијата од несреќната Сребра, а истото  може да послужи како модел на партијата за дистанцирање од учесниците во неславниот  27-ми, на кои што на пример, правната комисија ќе им укаже дека сториле кривично дело, и дека  не се никакви тн „ уставо бранител“  и ќе се дистанцира од протестите. Истите треба да сфатат дека се искористени и фрлени за целите на Груевски и фамилијата и нивно останување на власт. Единствено треба да се држи отворена опцијата за да  им се помогне со преквалификација на делото по идејата на претседателот Пендаровски, а личностите од 27-ми и амнестираните, секако, треба да знаат дека  завршиле со занимавање со политика и со  јавни настапи.

Секако истиот модел може да се примени  и за Орце Камчев, а не претседателот на правната комисија на партијата да му биде адвокат. Да не заборавиме дека партијата треба да се дистанцира и од Миле и од Спире и сите други неславни јунаци на груевизмот, а со тоа да не пречи истите да си ги остварат своите уставни и законски права на правна заштитат и помош.

 

Да не заборавиме и на машките гаранции кои што треба да ги даде Мицкоски пред меѓународниот партнер за Преспанскиот договор и продолжување на преговорите со соседна Бугарија за влез на Македонија и во ЕУ.

Можеби изгледаат лесни препораките од страна, но без спроведување на истите далеку е ВМРО-ДПМНЕ од ново парламентарно мнозинство или премиер, како сакате.  

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...