Wednesday, June 9, 2021

ЦРНАТА ЛИСТА НА САД ШТО СЛЕДИ И ОПОЗИЦИЈАТА

 


Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша уредба со која што се проширува опсегот на вонредни мерки во врска со Западен Балкан, за замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои ја загрозуваат стабилноста во регионот, како и оние лица кои работат против Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор, соопшти денес  Белата куќа.

Секако следат интересни процеси во целиот регион, но да почнеме со анализа на нашата политички сцена.

Изненадувањето за зелената агенда кое што го приреди г.Ахмети, лидерот на ДУИ, кое што не помина премногу бомбастично  може да се сфати како порака до западниот фактор дека самиот тој и ДУИ сериозно ги сфатиле брифинзите кои што доаѓаат од западните фактори во последниот период пред   прогласување на уредбата на претседателот Бајден.

Со особено внимание треба  да се следи  интервју за ТВ21 на г. Ахмети за  ТВ21 каде што му порача на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да биде поактивен за да се реши отворениот спор со Бугарија и кога обвинува за корупција и злоупотреби да изнесува сериозни аргументи, и тоа не на прес конференции туку во обвинителствата. Исто така вели дека Мицкоски,  треба да биде поактивен во реформите во правосудството, треба да биде погласен и аргументиран кога објавува злоупотреби на службената положба на актуелни функционери на власта, треба да има сериозни факти и да ги достави до Обвинителство и во истражните органи, а не да држи прес конференции без серозни аргументи. Не може да обвинува функционери на прес конференции, нека приложи факти во Обвинителство, ако обвинителство не реагира тогаш нека ги информира медиумите, нека знае јавноста. Ова важи и за албанската опозиција и за ВМРО-ДПМНЕ. Ахмети вели дека сме уморни сме од лажни вести.

На тоа реагираше и г. Мицкоски и излезе со контра-одговор, дека било интересно е да се слуша Ахмети кога на тие години и со таа седа коса се препелкал јавно и говорел невистина. Како можел да јас да се вклучи  во нешто, за кое што немал можност.

Сепак денешната објава на Уредбата на претседателот Бајден фрла комплетно светло на настаните од претходниот период  и брутално објаснување на реалноста, пред се за опозицијата која што се уште не научила да ги чита дипломатските пораки.

Пораките во изминатиот период беа  прилично јасни, особено  до г. Мицкоски  од страна на меѓународниот фактор, а тоа е гаранција на Преспанскиот договор, продолжување на преговорите со Бугарија со цел влез на Македонија во ЕУ и некои ситни козметички кадровски корекции во партијата. Мислам дека Мицкоски задоцни со давањето на гаранциите до западниот фактор и влезе во организирање на протести против процес кој е во интерес на нашите западни партнери, но  секако и на Македонија како држава.

Црната листа која што ќе следи секако ќе биде големо и непријатно изненадување за опозицијата пред локалните избори.

 За жал брифингот даден од страна на амбасадорот Рикер уште во 2018 година е се уште на сила дека на Мицкоски не може да му се верува. 

Прилично непријатно пред локалните избори, зарем не?!

No comments:

Post a Comment

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...