Wednesday, April 13, 2022

МИЦКОСКИ, ГРУЕВСКИ И ЦРНАТА ЛИСТА

 


    Конечно заврши на црната листа на САД, Никола Груевски креаторот на режимот и заробената држава, цели 11 години. Со него заслужено  е и неговиот братучед Сашо Мијалков, неговата десна рака или како што сакаше самиот да се фали дека Груевски не би бил ни претседател на Месна заедница кога не би бил тој . Секако разочарани сме што нема и други лица на истата листа, секако што на таа листа  не се најде Јордан Камче, но уште лани од кога му нацртаа дека е крај со Груевски, а и Мицковски, речи да им даде гол во амдибајрамовски стил. Тој беше омилениот олигарх на фамилијата и гарантот за опстанокот на рестовите на длабоката држава  кои што  ја водат македонската економија, но и политика.

Среќа што  Груевски е стар пациент на Бајден, од  времето кога беше потпретседател на САД, поточно од неуспешната средба во Белата куќа во 2011, која  секако не беше забележана само како  неуспех на државниот секретар Хилари Клинтон и амбасадорот Филип Рикер.

Читаме, по не знам кој пат, дека сериозно оваа порака  што се нашле на „Црната листа“ не ја разбираат ни Груевски, ниту Мијалков, ниту пак партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски, секако ќе  беше заборавен од сите доколку  си седеше мирен во егзил во Будимпешта, но неговата психопатологија не го дозволува тоа. Постојат информации дека покрај што учествува во финансирањето на партијата, исто така  и на дневна основа ги координира актуелното раководство и избраните функционери. Мијалков помага финансиски и логистички. Последната акција им беше лани во ноември кога неуспешно се обида да ја срушат владата на СДСМ и  мораше западот да ја спасува преку мисијата на холандскиот премиер Руте. 

Овие активности на Груевски и Мијалков после нивниот пад во политика логично е да ги донесе на црна листа, особено во момети кога целиот запад е свртен кон помош на Украина, а знаеме каков опортунист е Груевски.

Мицкоски уште лани, пред Орце Камчев доби понуда, за последен пат,  да се приклучи кон „Тимот Запад“, но тоа не го стори и остана лојален на Груевски, но  не очекуваше исто како и Груевски и Мијалков дека Орце ќе ја прифати понудата која што беше првенствено наменета  за Мицкоски и ќе ја пушти низ вода фамилијата и режимот.

Се лути сега Груевски, веројатно и Сашо се чувствува предаден.

Капак на се им беше Црната листа на САД, нормална е реакцијата на Груевски и Мијалков, лично се погодени, но проблем е што партијата не ги разбира последиците од санкциите уште помалку и самиот Мицкоски. Портпаролката, дури, излезе на прес со читање на имиња со кои би требало  да се надополни листата, наместо веднаш реагираат и да го осудат и да се оградат како од  Груевски  така и од Мијалков, а сето тоа да е проследено со разрешување на  Груевски од почесен претседател на партијата и  секако, да го исклучат од истата.

После ова и најмалата шанса  ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, пропадна,  а можноста Мицкоски да стане премиер исчезна за секогаш!

Но,  тоа не е се ! Режимот има резервна антизападна партија, нели?!?!

Проценката на западните дипломати е дека Груевски ќе може да издржи со концептот уште 2 до 3 години пред да биде комплетно поразен. Опирањето  на нормалните текови на демократизација на општеството и партијата и гаење на  илузија дека ќе се врати како победник ќе го натераат ги истроши сите украдени пари, но постои и ризик истите да бидат откриени и да бидат замрзнати. Каков крај за режимот, но може да е крај и за ВМРО-ДПМНЕ.


No comments:

Post a Comment

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...