Thursday, March 31, 2022

ВРЕМЕ ЗА ОДГОВОРНОСТ !

 


Мислам од каде да почнам, најпрво се мислев дали и да пишувам, но очигледно темата за пописот е многу актуелна од причина што во јавноста  се бара кривецот зошто не се попишале 7,2 отсто од граѓаните?!

Пописот се спроведе успешно и тој требаше да се случи, секако.

Демографски секако сме поразени сите затоа што населението се иселува, а старееме  како популација, се зголемува бројот на пензионери се иселуваат младите. Негативната селекција, корупцијата, дефектната демократија си го  прават своето. Ѓаволот ја однел шегата.

Општа е согласноста дека кривецот е  сеако,  Левица на Апасиев, но најголем кривец погодувате, секако, е токму лично господинот  Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ. Често и самиот се натпреваруваше со реториката на Апасиев за многу клучни прашања. Реторика на Мицкоски е таа што го спречи да стане премиер во неколку наврати.

Искрено сите се уморивме од неговите политики во овие 5 години од кога е на чело на партијата. Не истроши сит, веројатно и партиското членство е заморено од него.

Настаните  околу пописот многу  едноставно го прикажуваат сето погоре опишано, сега им е јасно на сите како (не)функционира политиката на Мицкоски

Прво се собираа потписи да се одложи пописот, па се закануваа дека нема да го признаат, па го признаа, па ќе спроведеле нов попис, па да се допопишеле тие што не се попишале, аман Мицкоски доста водеше политика!

Мицкоски ги  промаши сите крупни процеси и настани како во геополитика така и во домашната политика, но проблемот е дека  покрај тоа што тоа  е штетно  за членовите и партијата тоа е поштетно за целата држава и сите граѓани. За пописот требаше недвосмислено да повика да се попишат сите, како дома така и во дијаспората.


Пописот нека биде само повод за оставка на Кристијан Мицкоски, секако,  се повеќе и се подлабоки за конечно да ја заврши својата неуспешна кариера како лидер на најголемата опозициска партија.

 5 изгубени години како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, драги мои!

Уште еден крупен настан треба да помогне за побрза одлука, разрешувањето на  директорот  на француското воено разузнавање    поради погрешни процени, но сигурно не само поради Украина.

Само да потсетам дека  добар дел  информациите на Комисијата за безбедност на Мицкоски, која што е клучна за и формирање на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, доаѓаа и се базираа врз основа на соработката со  од француското разузнавање, поточно   од соработката со поранешниот амбасадор Кристијан Тимоние.

Се сеќаваат членовите на ДПМНЕ за се уште свежиот наратив: „Од сигурни извори, американците губат интерес за Балканот,но  французите и германците преземаат  и клоца ќе добијат америте, се е договорено  со Путин“.

Ќе потсетам дека не случајно во студија на ЕУ токму Мицкоски беше посочен како извор на лажни вести, заедно со Груевски, Николоски  и други. За демантите од  Чешка и Словачка исто така се сеќавате, погрешниот став за преговорите со Бугарија и да не набројувам понатаму.

Клучна е процената со кого ќе соработува еден политичар, тоа  влијае на политиките што ги води и одлуките што ги донесува , во  случајот на Мицкоски,  погрешни . Патетчно е да се вади од „кашата“ која што сам ја запржи за пописот и сега се „дави“.

Фер е, не само заради пописот, туку заради граѓаните да поднесете оставка господинот Мицкоски, а со тоа да ги откочи промените, не само во партијата туку и во државата.

No comments:

Post a Comment

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...