ТАЈФАТА НА ИВАН МИХАИЛОВ
Врховизмот е жив, тој е темниот дел на заедничката
македонско-бугарска историја и само луѓе кои што не и мислат добро на Македонија
може да помислат да го искористат ликот и делото на фашистот ВАНЧО МИХАЈЛОВ, но
сепак тоа е само провокација за оддалечување
на Македонија од ЕУ. Да бидеме реални, славењето на ликот и делото на фашистот
Ванчо Михајлов е само проста демонстрација дека врховизмот е жив и во 21 век, иако истиот во историјата се дефинира како: Идеологија од почетокот на ХХ век на Врховниот македонски револуционерен комитет во служба на бугарскиот двор.
Следствено на тоа реално е да кажеме дека
бугарскиот двор е дел од Сакскобурготската европска царска лоза, токму
тие политики ги дефинираат целите не само на Русија туку и на Франција и
Германија, за жал. Денешната политика на Бугарија кон Македонија, може слободно да ја оцениме како
врховистичка
За среќа, не сум дипломат или политичар, па послободно ќе можам да ги дадам тие квалификации и да го искажам моето мислење за темниот дел на нашата историја и да направам паралела со денешните настани во Македонија, Украина и секако ЕУ.
Молчи ВМРО-ДПМНЕ, молчи СДСМ, нашите сојузници го оставија нивниот пулен, фаворитот за наследник на Али Ахмети, Бујар Османи да глави во калиштата на врховизмот кој се уште е табу во нашата држава и историографија. Секако правилно е осуден врховизмот како политика и самото делувањето на Ванчо Михајлов , но истиот дел од таа историја е недоволно разјаснет и по самото тоа контроверзен.
Секако голема среќа е што со врховизмот во Македонија расчистувале комунистите пратени од Тито, но настрадале и многу вистински патриоти кои што му сметале на Лазар Колишевски, кој во 1942 година поднесол молба за помилување до бугарскиот цар Борис III, каде што „се пишал дека е бугарин“, по што смртната казна му била заменета со доживотен затвор и слободно може да кажеме дека опортуно го искористил врховизмот за да се спаси, исто како што во денешно време многу Македонци зедоа бугарски пасоши од економски побуди, кои што исто така не можеме да ги осудиме за тие постапки, но слободно можеме да заклучиме дека тоа е политиката на врховизмот на дело. Во минатото, секако е ОК таа политика да се искористи за да преживување, но лошиот дел е злоупотребата на врховизмот за пресметка со деловите на македонската патриотска интелигенција, тоест оној дел кој што му сметала на Колишевски и неговиот режим.
За издавањето на пасоши преку „трупа“, Бугарија никогаш не е прекорена од ЕУ, ниту пак е била во опасност да биде исклучена од Шенген зоната, што имплицира дека ЕУ ја поддржува политиката на врховизмот?!?
На темата со врховизмот заглавија, како ПЕТКОВ , така и бугарската државна надворешна политика, потполно, исто како руските тенкови во калиштата на Украина.
Ќе ве потсетам дека уште кога го потпишавме договорот за Стабилизација и асоцијација јасно беше дека Македонија е непожелна во ЕУ, бевме следната Турција.
За воља на вистинита во тој процес за пристапување несебично не помагаа нашите пријатели, САД и Обединетото Кралство и уште притискаат да влеземе во ЕУ, но мислам дека и нив им е јасно дека тоа нема да се случи.
Прво Франција, со
првото вето за отпочнување на преговорите на Македонија суптилно најави дека ја
поддржува официјалната политика на Бугарија,
тогаш на чело со Борисов, а демонстративната поддршка за тн „врховизмот“
дојде токму од Германија за време на Меркел и обидот да се вметне клаузулата во
документот за проширување на ЕУ, дека Македонија погрешно ја толкувала
историјата, за што се сеќаваме дека истото
тоа беше спречено со вето од страна на Чешка и Словачка. И тогаш пичав дека тоа
е проба за перење на Германија од срамното фашистичко минато.
Историјата се повторува,
но да потсетам дека „ врховизам“ е и признавање на континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ
со историското ВМРО и Ванчо Михајлов, неговите фотографии во штабот, восочната фигура во музејот на
ВМРО, дел од преименуваните улици во Скопје за време на режимот на Груевски,
тврдењата дека сме „неосвестени бугари“.
Паралелата со Македонија и
Украина е легитимна и исправна. Путин го негира постоењето на Украина и
Украинците исто како што и бугарската политика го прави тоа за Македонците.
Самиот факт дека Зеленски работел и живеел во Русија, не го прави русин исто
како што нашите преродбеници живеењето и творењето во Софија не ги прави
бугари, но и македонците кои што зеле бугарски пасош за да емигрираат и работат
во ЕУ:
Французите и Германците ги опструираат
напорите на Македонија за влез во ЕУ за корист на Бугарија, но уште пострашно со тоа ја минираат и одбраната
на Украина и санкциите кон Русија. Стара „курва е Европа“ како што сакаше да каже
починатиот професор Маријановиќ, а со право. Мари Ле Пен го кажува тоа што го
мисли Макрон, но не смее да го каже, а заедно, Макрон и Меркел во 2008 година
го блокираа влезот на Укараина во НАТО сето тоа во корист на Русија и нивниот
заеднички интерес, на штета на светот и Европа. И секакоп големо задоволство е
каога пробугарските кругови од ВМРО-ДПМНЕ го осудуваат ликот и делото на Ванчо
Михајлов,но останувам да се мислам дали лашеле кога го величале или лажат сега
кога го осудуваат.
God bless the USA, Украина и Македонија!

No comments:
Post a Comment