Изборот на кадри- од време е јаката страна на ВМРО-ДПМНЕ :D
Само Васко Ефтов го може ова, две емисии величање на Марјан Ѓорчев, во третата бришење на под како што би рекол и самиот, но овој пат со прилично многу факти. Марјан Ѓорчев веројатно мислел со својата слаткоречивост и употреба на позитивниот дел на историјата од ВМРО, како тоа што го прават тоа со години на средби со поширокото членство, да ја прикаже партијата како патриотска и македонска, но суштината е друга и позадината не е многу светла. За време Георгиевски се прогласи континуитет со историското ВМРО, за да после доаѓањето на Никола Груевски на врховизмот се налепи и идеологијата на српскиот свет, но внимавајте, сето тоа за крајна полза на Москва. Обидот да се спречи влезот на Македонија во НАТО, пропадна, но сега се работи прилично успешно на спречувањето на отпочнување на преговори со ЕУ.
Како што кажа и самиот Ѓорчев целата со прогласувањето на континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со историското ВМРО било да се прикажа дека ВМРО-ДПМНЕ е најстаро политичко движење во Македонија и во регионот, но тоа не е точно, се работи за посуштински и покомплексен план за служење на туѓи интереси. До 1997 година ВМРО-ДПМНЕ е прилично затворена и конспиративна партија за да може да пристапат поголем број граѓани. После расколот во 1997 се отвара како партија за пристап на што е можно повеќе граѓани и тоа трае до денес. Преку континуирани обуки на одбрани кадри од раководствата партијата успева да се наметне и да го контролира теренот скоро низ целата држава со непосредноста кон гласачите, најпрво преку месните комитети, но а подоцна и на повисоко ниво. Партијата функционира како мулти левел маркетинг шема. Во тој дел заостануваат сите други партии. Има измени на тој систем и промени на таа политика од кога врвот на ВМРО-ДПМНЕ влезе во заштита на груевизмот , односно од кога дојде Кристијан Мицкоски на чело и малку е потешко да се пристапи кон врвот од општото членство. Се затвори партијата и се врати на политиката кон гласачите пред 1997 година, нема капацитет да се оттргне од груевизмот и сето тоа се одразува на бројот на гласовите што ги добива.
По однос на врховизмот изостанува конкретен став на Мицкоски како и за сите крупни политички прашања од кога е дојден на чело на партијата. За врховистичкиот дел има одговорни луѓе како нпр. Марјан Ѓорчев, Милошоски, Пандов, но има и за одговорни за „српскиот свет“ како што е целата структура околу Гога Сорос и поранешниот претседател Хорхе Иванов, олигархиската структура околу БЦ, а сето предходно залепено од Груевски како дел од проектот за надминување на бариерата од 300 000 гласа на Љубчо Георгиевски.
За сето ова има и вина во делот од современата македонска историја која што го прескокнува ликот и делото на Ванчо Михајлов како и самиот врховизам и неволното споменување и истражување на тој период , а сето тоа вешто се користи од структури на партија за да се изврти и да се употреби делото на Гоце Делчев, на пример, за пошироката јавност и членство да добива впечаток дека партијата е патриотска, но табуто останува. Кога обичен човек ќе се зачлени и ќе влезе во штабот , ќе стане активист или ќе напредува во структурите, кога тогаш ќе ги види сликите нпр на Тодор Александров, Мара Бунева, Ванчо Михајлов и ќе го чуеи сфати целокупниот наратив на партијата, преку неформало дружње, а со тоа и значењето на прогласениот континуитет со историското ВМРО, веќе е прекасно. За изворите на сомнителното финансирање и да не зборувама, а особено не за делот на соработката со Каракачанов, на обичен македонец само може косата на главата да му се дигне. После тоа, освестените членови нема ни каде да го продолжат својот политички активизам, луѓето се зоон политикон како што рекол Аристотел, нели. Груевски увиде дека Либералната партија, после 2013 година има капацитет да ги апсорбира разочараните членови од него и целиот комплекс на психо- патологии во партијата и со своите структури и послушници тргна во гаснењена ЛП, за жал, веројатно со несвесна помош на самиот претседател поставен страна на Стојан Андов. Можноста Либерална партија да постави курс центар- десно би било погубно за ВМРО-ДПМНЕ, а сето тоа заокружено во пакет со понудената предизборна коалиција со ДУИ на парламентарните избори во 2014 година. Подоцна тој концепт го презеде СДСМ, но коалиција со гласачите албанци во 2016 година, за тоа во друг текст.
Треба да знаеме дека во 2022 година не треба да е срамно било кој да сака да се бави со политика, а не особено надвор од црно белиот свет кој ни е наметнат преку стигматизација на луѓето кои што сакаат да променат и партиски бои. Настаните со Русија и војната во Украина е основа за ново партиско определување на сите граѓани во Северна Македонија и партиските раководства треба да го направат тоа отварање се со цел демокртаизација на општествотокако по пример на една вистинска НАТО земја која што се стреми за членство во ЕУ, на граѓани кои што препознаваат ги сфаќаат новите предизвици и современите општествени токови и при тоа се информирани и правилно ги разбираат сеништата на минатото и ги ставаат ад акта, истите.
No comments:
Post a Comment