Monday, June 13, 2022

ПАРТИЈА ЗА ПАРТИЈА, ИМОТОТ Е ОТЕПУВАЧКА

 


Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски доби затворска казна од 6 години затвор, додека Кирил Божиновски, како поранешен генерален секретар,  се спаси од затвор за случајот „Талир 2“, случај кој се однесува на изградба на партиското седиште, познато како „Бела палата“, те „Шампита“. Со пресудата се конфискува седиштето и друг имот односно противправно стекната имотна корист од 132 милиони денари.

Оваа пресуда е уште една во редот пресуди со која се осудуваат погрешните политики на режимот на Груевски кои што беа погубни не само за него и неговата фамилија туку за партијата како и за државата во крајна инстанца.

Официјално враќањето и повторното генерирање на „партискиот имот“ како политика која се спроведуваше за време на режимот од страна на ВМРО-ДПМНЕ,  иако  имотот беше стара болка и на Груевски,  започна некаде во 2009 година. Тогаш  Гордана Јанкуловска, како генерален секретар на партијата и министер за внатрешни работи беше  начекана „на препад“ од новинарката на ТВ АлфаМилка Смилевска, и најави враќање на партискиот имот од несовесните дароприматели, како што бев ословен јас, а изјавата беше значајна затоа што тогаш актуелната министерка за внатрешни работи несвесно откри дека имало повеќе имоти што ВМРО-ДПМНЕ со договори за дар ги предала и на совесни и на несовесни дароприматели.

А на поклонет коњ заби не се бројат, нели?! Дарот во мојот случај се однесуваше на деловен простор во Центар, поточно дуќан на рекорд попознат како „Вегера“ на времето. Но, дарот не го примив јас во 2001 година, туку фирмата ТУРИСТ ЛИНЕА  и тогашниот сопственик, уделот на фирмата јас го презедов дури во 2005 година, а името го променив во СОНИК ЕСТЕЈТ во 2003 година. (повеќе во тестот на почитуваната Јадранка Костова на следниот линк: https://fokus.mk/ne-veruvajte-im-na-gruevtsi-duri-i-koga-darovi-vi-nosat/ )

Како што веројатно се сеќавате процесот на префрлање на имоти започна по одлуката на Уставниот суд во 2001 година, дека партиите да не може да остваруваат приход од имотот што го поседуваат односно истиот  не може да го издаваат. Иницијативата ја поднесе Павле Трајанов. Јавна тајна беше дека и СДСМ има имот кој го издава,  исто така новинарката  Костова има забележано низ своите новинарски истражувања дека париите не зборуваат за својот имот и на некој начин се солидарни по однос на тоа прашање, едноставно никогаш не зборувале за тоа.

Во 2006 година од кај Груевски ме повика да го вратам имотот и ми поднеле тужба за раскинување на дарот за дуќан  преку адвокатот Коста Богданов со образложение дека не го почитувам договорот, но договорот немаше некои конкретни одредби за било какви обврски. Секако ќе забележите дека имотот е префрлен од претходното раководство и Груевци немаат врска со тој имот, но како што знаеме Груевски и фамилијата полагаат право на се  од времето на Александар Велики па навака. Полагаа право и на нашите мизерни животи и судбини, а не пак за партискиот имот!?!?!

Пораката на структурите околу Георгиевски во тоа време беше дека јас ќе го вратам имотот кога тој ќе ја врател партијата,  и почнува битката!  Битка почнува  не само за овој дар туку и за другиот имот за кој што  ги охрабрувам и други сведоци јавно да говорат за ѕверствата и гревовите  на Груевски и режимот кон личностите кои биле дел од партијата, а Груевски сметаше дека се почнува од  кога тој е начело на партијата, а личностите од претходно  искористени треба да ги фрли и да ги оцрни , а истите да патат затоа што, ете по некоја случајност се вклучиле во тој дел од работата на паријата.

Секако можам да заклучам дека универзалната правда е исполнета и како што кажува Мицкоски дека имотот бил од народот, истиот повторно завршува за народот, иако и самиот Мицкоски не е излезен од материјалната фаза за која што го „осуди“ Мијалков, наводно кога го исклучуваше Мијалков, демек,  од партијата. Самиот Мицкоски ве уверувам дека со нетрпение чека да се врати на власт за да го врати имотот и да се свети, нели никогаш не се откажуваат?!?!?.......



No comments:

Post a Comment

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...