Лошо, лошо, изработено другови амери! Не сме бугари!
Ме немаше подолго време, но „дошаја је нож до коску“!
Не сум за Мицкоски, тој е залутан во високата политика, но втор пат лошо ја вршите работата!!!!!!
Дека поддржувате ретардирани луѓе во македонската политика и самите знаете од многу одамна, веројатно се сеќаватае дека еден го направивте актуелен претседател...
Како што и самите знаете на картата на монархистичка Европа не постоиме, тоа ми го кажаа луѓе од фондацијата Конрад Аденауер уште пред 22 години, затоа сум за Вас! Верував дека пријателството од аферата Мис Стон со американците е вечна! „Република прва на Балканот“, сте забораиле?!?!?
Сега станавте дел од Хабсбуршка монархија?!?!
Јасно ми е дека двете политички елити, мислам на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, газат длабоко во бугарофилството, но народот е Македонски!
Јасно, јасно, врската на Доста и Фрчко е пробугарска,но ете и Денко бил бугар, џабе се распраавме на факултет, но тогаш беше пројугословен, а јас за независна Македонија.
Сменивме име, но ова не може да помине, гледате и сами! Колку и да ја воделе ретардирани луѓе Македонската политика и Македонските тајните служби, последниве 30 години, ова тешко да ќе Ви помине!
Јасно е дека сте зафатени со Украина и тоа е ОК, но не ги оставајте наследниците на фашистите да располагаат со Македонија! Ќе ни ја скшите кичмата уште еднаш?!?! После ќе се чудите зошто проруското расположение е превалентно?!?!?
Се сеќавате како лажеа Меркел и Макрон дека ако го смениме името ќе влеземе во ЕУ?!?! Но, тоа не се случи!
Македонија, Македонците и Македонскиот јазик не постојат за Европа, да не се лажеме.
Јасно ми е мене, дека Вам америкаците не Ви значи нешто многу историјата, но мора да разберете дека Македонците се мал народ кој опстојува со милениуми и е оспоруван од сите соседи, бугарски, грчки, српски пропаганди......Македонците се горд народ!
Погрешно проценивте дека ДУИ со Али Ахмети ви е правиот сојузник! ОК, Бујар Османи Ви е фаворитот за негов наследник, но очигледно е дека ќе ја заврши кариерата како Никола Димитров!
Конфликтноста во „ едното општеството за сите“ , како што гледате Ви е на високо ниво, во сите пори, од сообраќај па нагоре, нелогично е албанскиот јазик да се воведе на целата територија, судството крахира!
Покрај тоа што декларирате дека сте за целовита Македонија, токму преку службениците во судот може да се види дека се очекуваат поделба на државата!
Ќе ве потсетам дека „Договорот од Преспа“ го поминавте со клептократијата, наспроти волјата на граѓаните, клептократијата проти која се боревте, нели?!?!!?
Немој да се вадите дека Грујо стои за овој народен револт!!!
ЕДНО ИМЕ, ИМАМЕ!
Честит 4ти Јули, God bless the US, и се надевам на правилна одлука на Стејт Департментот!
No comments:
Post a Comment