Драги мои се живо се распродаде за постапката за почнување на постапка за постапка за преговори за влез во ЕУ кога „врбата ште роди грозје“, „никад, а можда ни тад!“
Гледаме дека на премиерот ни дома не му веруваат дека францускиот предлог бил добар за Македонија и Македонците, а бугарите секој ден не потсетуваат дека не не признаваат.
После војна, ќе речете, многу генерали, па еве и Никола Димитров и Лилјана Поповска, кукаат како Преспански договор бил лош, а францускиов предлог дека бил уште полош.
Знаете, ете доживеавме да видиме дека македонската политичка елита, кој а што е без компас како нивните матични партии, некогаш биле југословени, па сега се разбудиле како бугари, бараат заедничка историја, наспроти тоа некои бугарофили станаа антички македонци, некој е за српски свет, имаше и православни албанци...се извинувам на израз, политичка клептократска калакурница.
Тајна служба на Македонија никогаш не ни била за Македонија, слушајте ги сведоштвата на живите поранешни припадници. Немало нокогаш македонска супстанца во врмот на службите. Македонските патриоти биле заведени како бугарски врховисти, а пробугарите уживаа во високи позиции во југословенското општеството, професорски титули, станови, куќи....
Касно му текна на Никола Димитров дека Договорот од Преспа претходно е добро спремен со многу кеш, па кукаше како немал бизниси, сфатил човекот дека евтин му бил потписот за големото име. Џабе и солзите на Лиле и целата кариера на татко и, јасно е што направи, се надевам некој ќе и подаде тоалетна хартија. Касно сфатија дека две фамилии се трајно обезбедени со продажбата на држвата и народот.
За жал не ја искористивме американската наклоност да го решиме спорот со поповолен компромис за нас, затоа што знаете, уште Тукидит пишал дека малите правата што сакаат големите. Европа покажа не само што покажа дека не ги еманципирала своите „деца“ од минатото, туку и дека тргна по нивниот памет да негира нација, јазик, идентитет. Голема срамота за Европа! А, за чудо некои наши сограѓани се крстат во Русија, а забораваат на Радев.
Не постои политичар кој не придонел во изминатите 30 години за ова срамно решение, албанските не ги кривам, си имаат луѓето агенда и си ја тераат. Така треба.
Поддршката за Македонија од Вашингтон почнува да бледее некаде во 2011 година, токму кога нивниот фаворит, технократот Груевски, забега не само во историја туку и во психопатологија, поддржана од партијата. После тоа знаете евро за бате, подобро бугарин на јахта или во егзил него со ќосињата во затвор.
Изгубена ни е елитата, но за таа негативна селекција не се криви само македонските парти, туку и западните бирократи кои што ја имаа завалено својата задницата во некоја скопска амбасада. Никола Димитров и Стево Пендаровски, нпр беа добри за сите партии....
Останува да виси прашањето колкав „пакет“ од пратеници е ветено да се испорача токму од затворот од Струга за да се изгласаат уставните измени, за внесување на бугарите во уставот. Бате ќе им купи пратеници или они ќе му продаат?! Некои упатени извори, брифираат дека треба уште 6 пратеници.
Занете, се што е пренагласено е сомнително или не постои, најголемите анти-геј активисти излегоа најголеми гејеви во Америка, нпр, а реториката:„Преку нас мртви промена на устав“ и слично, па уште и чудната непромислена одлука за референдум?!?!......
Да се биде против францускиот предлог, ќе повторам, не значи дека ја поддржуваме политиката и реториката на Мицкоски и партијата, која што реторика, во суштина го држи надвор од премиерското столче. Не им доаѓа памет, ќе затварале, ќе апселе, зандани, чуда ќе се светеле...тоа е уште еден показател дека уште долго ќе бидат опозиција.
Забораваат дека механизмите на власта ги држи во раце и нивните клиенти кои што лесно ќе се превртат ....плус слаткоречивоста на дипломатите без тоа да е ставено на хартија, а нели и хартијата беше тоалет, да ја искористам реториката и практиката од времето режимот, „жими жицата“ што би се рекол за време хибридниов режим!
Само сакам да ги потсетам западните дипломати дека причина за Балканските војни е токму Македонија и неправилната распределба на нејзината територија помеѓу балканските сили, Бугарија, Грција и Србија. Србите се незадоволни не само со Македонија туку и со Косово, така да едно рано утро во блиска иднина некој може да се чеша во Вашингтон исто како со случајот со Украина, а Туркије задоволна е?
No comments:
Post a Comment