Sunday, July 24, 2022

ЕМ КОМУЊАРЧИЊА, ЕМ БУГАРЧИЊА ИЛИ ЗА БУГАРЦКИТЕ РАБОТИ

 


Иронијата да биде до толку поголема СДСМ „не носи“ во Бугарија во 21 век, токму за тоа што го обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ во ’90-тите години од минатиот век. Бугари,  бугарчиња и слично Иако во суштина  членството на  беше ДПМНЕ е патриотско, но  реално изманипулирано од тогашното раководство кое што беше пробугарско, но ете и пробугарите кои останаа во раководството наводно се освестиле дека биле Македонци или пак  тогаш работеле за кешот кој доаѓаше преку Каракачанов?!

 Точно, нашата историја и преданија  паметат и раскажуваат за многу национални предавства помеѓу Македонците во клучни историски моменти, за грст златници, но некогаш и многу помалку, но тоа е балкански синдром, нели?

Очигледна е намерата на западната политика со концесии кон Бугарија да ја придобијат Бугарија на своја страна и Бугарија да го напушти прорускиот курс.  Мислам тоа е погрешна проценка на американците која што за брзо ќе ја увидат. Македонија, но сега  повеќе Македонците се токму монетата за поткусурување како и секогаш низ историјата, но забораваат дека Македонија е бурето барут на Балканот.

Точно е дека, за жал, постои намера за асимилација на Македонците, токму со  францускиот  предлог да се вметнат бугарите во уставот на Македонија, како што вели Мицкоски и дека Македонците ќе исчезната,  како што стравува академикот Коцарев.

Се согласувам со нив, но пристапот им е погрешен. Политиката не е црно-бела, но пристапот им е погрешен. Мицкоски мора да ја смени реториката затоа што премногу сме мали да ја тераме реториката на Тито и политиката на Југославија. Комплетно се потврдија стравовите на постарите дека без Југославија ќе биде тешко, но не треба да се откажуваме во нашата вековна борба. Идејата на Коцарев за поништување на Преспанскиот договор е комплетна утопија. Водење на таква политика и позиционирање на такви цели е неконзистентна со позицијата на Република Северна Македонија , светската реалност во услови на реал политика кога правото, и идеалите се погазени и поразени во сите области на човековото живењее и постоење во   општество, во политика, насекаде. НАстаните во Украина само ни ни покажа дека страдањата на луѓето се реални и блиси до Европа,  колку и да не бевме свесни за страдањата во Сирија, на пример.

Сепак ние како Македонци, ќе мораме да бидеме достоинствени на ниво во нашата борба и  културно да им укажуваме на западните дипломати дека е доста е со понижувањето на македонскиот народ. Дека токму тие со помош на домашните политичира без киќма, алчни за пари  ја донесоа Македонија пред распад, до ниво на пред-федерација. Тоа го направија со газаење на идивидуалните права и  вметнување на одредби за племенска доминација на одредени партиски кланови и дека истото тука треба тука да се запре,  а токму мора да запре со недостоинствениот француски предлог.

Секој ден луѓето од на Ахмети, а и тој самиот како и целата  ДУИ ни покажуваат дека  сме граѓани од втор ред во сопствената држава и јасно е дека обидот да се вметнат бугарите во уставот е обид дискриминираните Македонци да се асимилираат, нарадски кажано да пишат за бугари. Политиката на Бугарија со давање на пасоши не вроди со плод. Бугарите имаа погрешна процена како и русите кога го нападнаа Киев, дека за брзо време ќе се разбудат спијачите, Киев ќе падне за три дена, а Македонија ќе стане бугарска.

Гледате и прагматичниот Вучич сфаќа дека Бугарите се надеваат дека тој процес  на бугаризација би почнал од Охрид  и отвара конзулат токму таму.  Ако ВМРО-ДПМНЕ го копира Вучиќ, крајно време е да го стори тоа и да ја смени реториката и начинот на водење на политиката секако со комплетно кдаровско ослободување од стегите на груевизмот. Со право стравува  Мицкоски од можна асимилација од причина што одлично ја запозна  партијата и луѓето, но мислам дека стравот е преголем од причина што  тоа се премалку луѓе за таков сериозен процес на инстантна бугаризација.

Главната цел за асимилација доколку се смени уставот би била токму  администрацијата, односно државниот апарат и антимакедонската супстанца на тајните служби.

 Лично сметам дека доколку бугарите влезат во уставот токму администрацијата ќе биде прва која што би се бугаризирала за определени бенифиции и подобрување на својата позиција, а некои луѓе ќе се декларираат за бугари за да се вработат. Тоа би било некој рамковен договор за „разбудените“ бугари. Мобингот е секојдневие помеѓу вработените во администарцијата, само ќе се пренамени во мобинг со крајна цел бугаризација.

Токму дека ја препознаваме таа намера треба да им се укаже на западните дипломати и да им се кажеме дека истото го разбираме,   препознаваме и дека имеме право да се бориме против тој перфидниот обид. Лажеше Макрон, дека ако го смениме името ќе влеземе во ЕУ,  лаже и сега, а наследникот на Меркел само ја продолжува таа иста француска-германска политика на лаги. НЕ лаѓат нас Македонците, но се лажат американците дека не ги лажат и нив.

Од авион се гледа дека и русите преку Лавров играат со тие чувства на Македонците како што реагира МНР на Бугар Османов, но истиот тој лик  ги понижи Македонците до најниска можно ниво и му даде плодна почва на Путин и русите за играње со чувставата.  На Русија не и смета што сме Северна Македонија, не и смета американското решение за МПЦ, не им смета да сме бугари,  но исто така им  треба  криза на овие простори која што  реално и да биде предизвикана.

Крајно време е членовите на СДСМ да го дигната својот глас против ова раководство на СДСМ и Владата и  да направат нова партија  иако истите се прагматични и тешко е да се очекува  да го покажат својот пркос  како тоа што го направи Стојко Пауновски,  се со цел со Македонците да го спасат  Македонскиот народ од исчезнување.

За Македонија се работи!

No comments:

Post a Comment

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...