БАЊАЊЕ ЗА НЕБАЊАТИТЕ ОД НИКОС ГРУЈОС ака НИКОЛАЈ ГРУЕФФ
Последното пишување
е едн од ретките текстови што ги
читам од Груевски, не можам да се начудам дека оваа јавна тајна
ја обзнанува дури во 2022 година, а како и секогаш Груевски си се правеше „мутав“
за клучни прашања, како на пример, не
знел дека има војна/конфликт во 2001 година, а набавувал блиндиран џип?!?!?
Самиот Груевски е
прецизно селектиран и монтиран наследник
на Георгиевски во тронот на пробугарска партија во чие што владеење 1998-2002 година започна
процесот за поделба на Република Македонија.
Нема логика е зошто толку касно пишува за овј а
процесот, доколку бил против, а токму тој можеше да го запре истиот , благовремено. Проектот беше еден вид на табу за високот
раководство на партијата кое што успешно се крие до ден денес од обичното
членство.
Но, Груевски за време на својот режим влезе во некои нерационални историски процеси,
веројатно точни се гласините дека сакаше да се круниса а крал. Како што велии
Ефтов, Никос Грујос е најголемата грчка
инвестиција.
Западот го остави
да се комрумпира заедно со фамилијата и соработниците до „Балчк“ затоа што ветил дека ќе ја
реализира крајната цел на ЕУ- бугаризација на Македонија. Јасна е причината за неговиот начин на владеење, објаснет со паролата „после него потоп“, те занел за
идното припојување/поделба кон Бугарија,
но сето како крајна цел на европската
перспектива Република Македонија.
Картата за
поделба на Република Македонија
циркулираше помеѓу претставниците во Владата уште пред конфликтот во 2001
година. Како што призна Георгиевски, подоцна во 2010 година, ВМРО-ДПМНЕ беше
пробугарска партија. И самиот сега се чуди како
најголемите бугари во партијата се нјагласни македонисти. Доколку се
вратиме наназад ќе се потсетиме дека токму и најтврдите пробугарските кадри во
ДПМНЕ останаа во врвот на партијата по расколот со Георгиевски, не зборувам за
кадрите кои што ги донесе Груевски да бидат неговите „преторијанци“. Веројатно
се јавиле од Софија, како што ќе каже, сега македонистот Марјан Ѓорчев?!?!?
Македонски патриоти низ годините беа елиминирани низ партиските структури.
Веројатно прерано
беше да се случи бугаризацијата на Република Македонија во периодот после 2000
година затоа што тоа немаше да помине кај народот особено кај тврдите членови на
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Додека пак, наспроти
тоа, дел од раководството на СДСМ на
велико си ги користеше своите бугарски корени за одржување на блиски релации со
пробугарскиот врв на ДПМНЕ, некои се спасија од кривичен прогон, а други се
вработуваа и доаѓаа на вискои државни функции, за чудење на членството. Од врвот на партијата се шегуваа:„комуњари се
ама биле вмровци од ‘903та“, а си мислелел во себе „бугарчиња се како нив“!
Членството, да
потсетам 90% од Македонците кои се членови се Македонски патриоти и во двете
партии, а се чекаше дел од елитата на СДСМ од југословени да се разбудат „чисти“бугари!
Еве дојдоа и тие денови....Некој подмачкан со јака парка, де. Веројатно требало
да се бањаат почесто, а сега останува
уште „небањативе“ да се избањаат.
Веројатно како
предигра во тој процес требаше да ни се
случи конфликтот од 2001, па Рамковниот договор, па режимот на Груевски, за да
видиме дека исто се корумпирани и двете
партии, па требаше Преспанскиот договор
и конечно Европа да ја отвори скриената агенда за бугаризација на Македонија со
Францускиот предлог.
Проблемот е што
за 30 години и двете партии на македонците се корумпираа што нивната елита нема
каде да мрда и да сака и им се посочува дека исстите ќе завршат полошо и од Груевски, кој ете, сега решил да зборува за вистината пред
македонскиот народ, а самиот ја траше велико бугарската агенда на Ванчо
Михајлов и ете завршува како него. Фаќаат клетвите друже Грујо, прашај го слугата
Кирца?!?
Не гласањето на
ВМРО –ДПМНЕ против францускиот предлог ја потврдува тезата на Бучковски дека за
брзопартијата ќе сменат плоча, да потсетам
токму Бучкоски одржуваше блиски бугарофилски релации со кадрите во ВМРО-НП, кои што топ-тан преминаа кај Груевски , а сега
се Македонски патриоти од најголем ред кај Мицкоски.
Браво, претстава
за народ од двете сега бугарски партии на Македонците.
No comments:
Post a Comment