Какво време за пишување на колумни, летна есен J
Политичката ситуација се вжештува, а и дополнително се комплицира со вестите од Чешка дека сите членки на ЕУ не се консултирани за францускиот предлог, при тоа истите се вознемирени поради тоа. Со право, чесите знаат дека средновековието не е бугарско, а обидот да се прогласи истото и да претставува официјален став на е ЕУ е потполно исто со германскиот предлог, кој што чесите и словаците го блокираа во последен момент, се сеќавате тоа беше документот за проширување на Меркел, за тн погрешно толкување на историјата од страна на Македонија.
Сега ни станува многу појасно зошто идеата е да има обид, францускиот предлог да се протурка со билатерални протоколи помеѓу Македонија и Бугарија.
Од тие причини, францускиот предлог најверојатно ќе добие Чешко вето, чех-мат!
Фацијалната експресија на амбасадорката Брнз јасно кажува дека самата не е на висината на задачата и не ја контролира ситуација, а веројатно веќе е искарана од страна на Стејд департментот и се по веројатно дека ова е крај за нејзината неуспешна амбасадорска кариера , иако пред 3 години ни беше најавена како дипломатски тешкаш.
Премногу политички фактори и чинители се занемарени од одговорните американци, веројатно на тие во скопската амбасада, околу бугарското прашање во обид да се реши ситуацијата со бугарско вето, брзо и веднаш, а со тоа и брзоплето, но штетно секако, пред се.
Она што го кажува Пендаровски дека русите ќе го искористеле незадоволството, требаше некој да го предвиди и да го размислат пред да го прифатат понижувачкиот предлог за бугаризација на Македонија, македонскиот народ и јазик. Кејт е само прагматична нели?!?
Спогодбата на Мијалков со нашето корумпирано судство и обвинителство со 8% доверба од јавноста остава сомнеж дека има позадинско разигрување, се крчка и се заговара нешто во ДПМНЕ. Веројатно ќе има нов обид за кршење на кичма прво на пратениците, членството, а на крај на чесниот македонски народ?!?!
Ете криминалот се исплател, па дај народот и јазикот да го шитнат, ако помине, прагматично нели?! Кога тргнало веќе!
Бај д веј, мора да се спомене дека алчниот и злобен Мијалков ослепел од крадење и го шие Грујо со становите....ах, неразбрани трговци, и двајцата имаат огромен удел на ова што и се случува на Македонија во моментов. Со спогодувањето со Мијалков и Камчев судствотото и обвинителството ни покажаа колку се корумпирани до срж!
Тврдиот став на Мицкоски дека нема да гласаат за промена на уставот е моментот кој загрижува , а токму за гласањето на Преспанскиот договор спротивното на таквите изјави тоа го направија дел на пратеници кои што беа членови на ДПМНЕ, а претходно се покажаа документи дека Комшо е вратен на голема врата во партијата, собира паушали од дпмневските градоначалници и финансира активности?!
И секако да не ги заборавиме информациите кои што говорат дека Мицкоски никогаш не ни бил скаран со Мијалков, а има супер односи со несудениот бугарски конзул Орце, кој нели му плаќал струја и го лечел фри?!
Сведоци сме дека во минатото тврдите ставови на раководството на ДПМНЕ биле меки ко душа и често чинеле пари, ах неразбрани , алчни трговци кои ги има таму во раководството колку сакаш, и избеглиците , да не споменуваме.....
Западниот брифинг вели дека на Мицкоски не може да му се верува, а има и луѓе кои што лично може да го потврдат истото со лични сведоштва дека Мицкоски не си стои на зборот....
Може ли да му се верува на Мицкоски?!

No comments:
Post a Comment