Friday, July 8, 2022

ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ГО ПОТОПИ СДСМ И МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ГРАЃАНСКА ВОЈНА

 




Францускиот предлог комплетно го потопи неспособното раководство на СДСМ и актуелната Влада. Огромно е незадоволството против францускиот предлог и тоа незадоволството расте секој ден се повеќе и повеќе.  Лошо е на тоа што долеа оган Бујар Османи со изјавата за можни немири кое што се преточи со пукање од страна на етнички албанец против незадоволните протестанти.

Да беше оваа изјава дадена од функционер македонец, ќе бараа американците истиот да ја заврши својата кариера, зарем не?!

Голема среќа што инцидентот не ескалираше, бевме на самиот раб на граѓанска војна во НАТО земја, а секако тоа им одговара на русите. Сега излегува дека францускиот предлог е испомош за русите да го дестабилизираат Балканот преку Македонија, токму фитилот на бурето  барут. Веројатно американците ќе треба да најдат начин да „стават“ вето на ваква штетна европска политика како во случајот на ветото на Чешка и Словачка против предлогот Меркел за спорната калузула од документот за погрешното дека толкување на историјата од  Македонска страна е погрешно ,а тоа  генерално како обид за протнување на мала врата обид да се брише и фашистичкото минато на Германија од светската историја.

Франција и Германија, за жал, не само  во случајот со Македонија директно работата и потпомагаат Русија, за некои области.....

Ок, малите мора да прават што сакаат големите, но се си  има граница. Ете, сменивме име под притисок, но можеби и не е битно како се вика државата, но ова веќе е премногу!

Во 21 век да се наметнува некој на сила да станеме бугари е сулудо! Не лажеше Макрон да го смениме името, читаме повторно ни пушта некои пораки, а му верува некој?!?!?

Секако предлогот може и да е француски, но на крајот кривицата, за можна дестабилизација во регионов  ќе ја сносат, никој друг,  туку самите американски дипломати распоредени во Западен Балкан,  во моментов. Но, поради што, неспособност, лоша проценка, зафатеност со Украина?!?!

Со францускиот предлог како да се потврдува наративот на  луѓето на Мицкоски дека: „Балканот го презематаа  французите, а америте добиваат клоца!“-излегува така, но на штета на Македонците, зарем не?!?!

СДСМ лошо владееи лошо ги менаџира сите процеси,  цело време. Во медиумите е непрепознатлива, а и реално ништо  „работи“ на терен или за интересот граѓанитете и државата, корупција, конформизмам владее со таа партија иако нпр, го нема Шилегов, нпр, како  и целото скопско крило. Членовите се незадоволни, граѓаните исто така,  итн, итн.

Аферата со менито на исхрана на министерот Маричиќ, кој бил гладен, дополнително медумски ја закопа СДСМ, за предходните афери не ни спомнувам/

СДСМ е на власт само поради недвосмислената поддршка на западот и нивата, со право скепса и нетрпеливост кон Мицкоски и нереформираното  ДПМНЕ,  нивната реторика  и негувањето на груевизмот.....

Јасно дека и на премиерот Ковачевски му е тоа му е јасно и секако нема храброст францускиот предлог да го помине на Влада, плус  секако знае дека на крај, ќе заврши искористен  како жртвено јагне ќе ја заврши својата кариера  исто како Зоран Заев и како Никола Димитров, искористени  за интересите на големите сили, против својот народ.

Сакам да појаснам дека секој што е против  францускиот предлог, не е за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, како што се обидуваат и двете партии да го прикажат, но секако легитимно е  да се обиде ВМРО-ДПМНЕ истото да го капитализира со поддршка, сега и со евентуална победа на наредните избори во услови  кога реално  постои политичка празнина во центарот,  со сето кадровско бледило собрано во  ЛДП, ДОМ, ДС, итн, итн....Не постои партија на центарот.

Лично се надевам дека американскиот стејт департмен веќе поактивно ќе се вклучи во смирување на тензијата и ќе прифати дека ЕУ и не ни треба под тие услови, а секако и ЕУ е една неспособна „творевина„ која што ја напуштија британците, значи има зошто?!?!?

За Жал во Македонија нема политичар со западна провиниенција кој ќе има „муда“ да каже дека ЕУ под овие услови не ни треба!

Но, сето тоа ќе треба да е поткрепено со нов општествен договор и откажување на олигархијата на дел од своите приходи за да имаме поправилна распределба на доходот се со цел  граѓаните да не ја напуштаат Македонија, кој и онака нема некоја изгледна  ЕУ перспектива.

No comments:

Post a Comment

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...