Monday, March 25, 2024

ДАЛИ КОВАЧЕВСКИ ЗАСЛУЖУВА ШАНСА?!



Ќе се согласите дека листите на СДСМ предизвикаа големо изненадување, јас ќе додадам изненадување во позитивна смисла на зборот, додека пак листите на ВМРО-ДПМНЕ се уште се кријат од јавноста.

Имено се покажа дека Димитар Ковачевски решил да се бори за да ја задржи лидерската позиција во партијата и да се обиде да обезбеди мандат за да ја формира идната Влада и логично е борбата да ја отпочне со кадровски промени внатре во партијата која што од позиција на власт, погрешно,  во текот на мандатот  беше раководена прилично затворено за пристап на нови луѓе, кадри и идеи. 

Секретарот Зеќевиќ има голема заслуга за таквото водење на партијата, прилично конспиративно небаре налик на водењето на МК Лисиче ВМРО-ДПМНЕ од времето на Змејкоски.


Информациите во медиумите говореа за тензичен состанок на централениот  одбор на СДСМ со информации за напуштање на состанокот од страна на екс министерот за МВР Оливер Спасовски, портпаролот и актуелен  пратеник Дарко Каевски и Стефан Богоев,  актуелениот директор на царината. Подоцна таквите настани беа   демантирани, но горкиот впчаток говори поинаку.

Од претендентите за тронот во СДСМ на листите успеа да преживее само Оливер Спасовски и покрај лошиот рејтинг генериран во текот на мандатот особено со аферата за издавње на пасоши на светски криминалци, но и со потфрлањето МВР да обезбеди доволен број на  образци на пасоши за замена со новото уставно име. Оливер Спасовски потврди дека се уште важи за способен политички преживувач.

Следиме дека  и други  „тешкаши“ како на пример Шилегов, се гласно незадоволни од фактот дека не се ставени на листите за пратеници, но треба да го потсетиме дека ако Заев ја завршил кариерата токму поради тоа што Шилегов не стана градоначалник на Скопје, истиот Шилегов нема што повеќе што да бара во политиката, неговиот рејтинг е негативен и неговото не ставање на листите е позитивен чекор кој што ќе привлече нови гласови и ќе остави простор за нови луѓе и идеи. Шилегов е пример како човек не треба да го запостави личниот развој итн,итн.


Интересно е дека незадоволен од седмата позиција на листата се откажал пратеникот и неубедливиот портпарол на СДСМ, Дарко Каевски, секако обичниот граѓанин ќе забележи дека  седмото место на листата е одлична позиција, но тоа остава простор за прашањето дали Каевски верува дека СДСМ ќе освои седум пратенички места во првата изборна единица?!


Ќе се согласите дека е прав погодок тоа што го нема Зечевиќ на листите, иако некои аналитичари и политичари се обидуваат да најдат негов ракопис во големата чистка која што се случи на листите од  СДСМ. 

Ако направиме паралела дека  ВМРО -ДПМНЕ го стави својот неубедлив секретар да биде носител на листа е погрешен потег, а да не зборувам и за  двајцата носители на листи и можни кандидати  за на црната листа на САД.

Сега за сега, со ваквото кадровско освежување Ковачевски направи храбар потег со силна демонстрација за вистинска реформа на СДСМ која што е нужно неопходна  и најпрво почна  токму од почетокот од замена на истрошените кадри и слободно може да се забележи дека е 1:0  за СДСМ со овој потег, да се изразам со фудбалски жаргон, затоа што голем дел од спремните црни пропаганди на ВМРО-ДПМНЕ,   спремени токму за можните кандидати со „опашки“ ќе завршат во канта. 

Останува со нетрпение да чекаме на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ.


Wednesday, March 20, 2024

ЦРВЕНАТА БУРЖОАЗИЈА НА ДПМНЕ ГО ПЕНЗИОНИРАШЕ АХМЕТИ



 Да, да, добро читате црвената буржоазија на ДПМНЕ, токму таа која што за време на комунизмот беше многу малтретирана, па нејзините припадници мораа да работат по странските претставништва низ светот на фирмите основани од старна на тајните служби на Југославија, тие  беа принудени  да живеат во страшни услови во луксузните општествени станови во центар, да бидат професори на „комунистичките“ универзитети, некои од нив дури мораа да предаваат марксизам, па дадат отказ на факултет за да бидат сметководители во книговодствено биро за да не им избега партијата,некои   беа директори како на Скопска млекара, а некои беа обвинители и мораа на сила да ги судат нивните,  правите вмровци итн, итн

.Токму на таа црвена буржоазија мислам која што ја киднапраше чистаа идеа на правите македонски патриоти судени и прогонувани идеата за самостојна и суверена Македонија после втората светска воја. Црвената буржоазија што ја направи Белата Палата и најбогата партија во Европа.


Да се вратиме на Али Ахмети и како остана сам. Тргаичен е крајот на неговата кариера, а особено жално да гледаме како го напушта здравјето на отворена сцена, да се разбереме искрено му посакувам одлично здравје и долг живот.

Власта има посебна  магија имистика  како и парите, токму затоа се вели: „Дајте му на човекот власт и пари ќе му го измерите  пеметот“. 

Апсолутна власт,  апсолутно расипува, а по 20 години власт гледаме дека токму парите оставиле силен импакт врз ДУИ и Али Ахмети. 

Морам особено да истакнам дека идеата на почетокот  им беше чиста, искрена  и правична, да се борат за рамноправност и подобра иднина во нерамноправното општество создадено за време на бившата држава, но не само за албанците како што мислат. 

Интелектуалната елита во Македонија на албанците од ‘80 и ‘90 годинаи од минатиот век ја претставуваа и сочинуваа  учителите на албанците во основните и средните школи, домаќини, скромни луѓе кои што се бореа за подобра иднина за своите деца

Тие учители  лично ги среќавав  преку натпреварарите на „Пионерски Семафор“ организирани од Народна Техника кон крајот на ‘80 тите години. Учителите од албанските паралелки ме потсетуваа на мојот дедо кој цел живот беше учител уште од ослободувањето. Особено сакам да потенцирам дека обичниот македонец и албанец не се разликуваа многу во начинот на живеење.

Токму тие учители се најпрво се бореа за да учат нивните деца на албански, се бореа за учење на албански на Педагошката академија во Скопје и се другото е историја, а сега се отвара прашањето каде погрешија учителите и нивните политички наследници да заглават  во корупција. 

Со право Ахмите реагирал дека албанците не учествувале во приватизација, но заборава дека и обичниот македонец не учествиваше исто така, идеата на Петар Гошев за поделба на ваучери беше отфрлена со потсмев и тогаш извисиме сите, не само албанците.Црвенковски приватизираше, а Марјан Ѓорчев потврди дека приватизацијата е регуларна.

Токму Црвената буржоазија ја приватизираше Македонаија, таа прво беше позиционирана во СДСМ на чело со Црвенковски, но имала и свои луѓе кај Георгиевски за да се префрли кај Груевски за да сега бидат составен дел  кај Мицкоски, кој ете има и задача да го зачува капиталот приграбен во режимот. 

После 20 години власт првенците на ДУИ од како го ископираа моделот на режимот од Груевски и креираа своја „длабока држава“ посакаа да створта и капитал пред да влеземе во ЕУ и да мораат да докажуваат негово потекло пред институциите на системот, зошто кога можеа Црвенковски и Мијалков да не можат и тие?! 

Блиското опкружување на Ахмети,  веројатно му вршело силен притисок за копирање на моделот на Мијалков, а самиот Ахмети барал   совети за приватизација и од Борис Стојменов, па внукот Дрин си купил зграда пандан на Мериот за да пие кафе и мрси политика блиску до плоштадот, но токму тука беше клопката,  Братучедот, плејбој, како што сака да го нарекува Мицкоски преку Груби му ја скрои капа на Ахмети и сакаше да го спакува да трча за претесдател , псе јо?! Но митот за чесноста на Ахмети падна исто како за Црвенковски и Груевски.

Близината на тн „огнени“ односно високите кругови на ДУИ со Мијалков се неоспорни и од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека Артан Груби „висел„ и се восхитувал на Белат Палата. Чекај, а нели ВМРО-ДПМНЕ беше во скромата жолта зграда или сега го живееме материјализмот на Мијалков од кој декларативно, наводно,  се откажа Мицкоски. 

Но за жал Али остана сам, Груби го снема деновиве , а Бујар, фаворитот на западат,  се жали  како немал ни за јадење, каков крај?!


Sunday, March 17, 2024

КАДРИТЕ НА БАБА СЕРА И МАКИТЕ НА АМЕРИКАНЦИТЕ

 




Одговорот од страна на Ристо Пенов на прашање од новинараот Столе Наумов зошто во СДСМ и коалицијата не гледаме нови кадри освен Јован Митревски дека немало потреба од нови кадри и дека тешко било во Македонија да се најдат такви е прилично скандалозно и го оправдува и ВМРО-ДПМНЕ токму за забелешката на Пенов дека таму  се користеле само стари кадри од режимот на Груевски. 

Дека кадровската политика во водечките партии е слаба се забележува и од авион, а тоа се пресликува во сите сфери на општеството од образование, судство, администрација, универзитети, кратко секаде и после се иселувале младите?! Со вакви политичари и политика ќе продолжат да се исселуваат!

Мора да се признае дека голем дел од слабоста е пренесена од стариот систем кога  црвената буржоазија од времето на комунизмот  ја владееше Македонија со чести „јавувања“ од Белград, почнувајќи од Темпо.

Имаше мала промена во  ‘98 година  кога со Промените победи Вмро-Дпмне, и по инерција почнаа некои други  јавувања, но од друга столица, сега Софија, на пример  како кога во 2004 година се делеа Груевски и Георгиевски одредени структури  си се построија како „попчиња“ под командата на Груевски веднаш по јавувањето од Софија. 

Дека нешто смрди во самиот избор на кадрите во Македонија најпластичен пример се токму  Ковачевски и Мицковски, а кога Пенов сака да каже дека е тешко да се најдат кадри тоа е точно значи дека  мисли на послушни партиски  кадри и послушници, кадри кои што ќе бидат послушни и лојални на одредени центри на моќ

Сведоци сме дека кај нас често на виско функции „никнуваа“ кадри избрани на чуден начин по принцип на негативна селекција, непотизам и послушност. 

Покрај за Ковачевски и Мицкоски ќе ве потсетам и за Данела за која се шпекулираше дека е селектирана за кандидат градоначалник на Скопје од одредени центри на моќ на средба која што своевремено ја имале Црвенковски и Мицкоски во кафаната „Балкан Експрес“ во Земун. 

Да не ги редам сите примери од минатото, како се појавија Груевски и Заев, а како сега се одбра и Силјановска, за Пендаровски не е ни чудно од причина што тој си е дете на длабоката држава и си беше добар како за Фрчко, па за Доста, па за Трајковски и Црвенковски,  за  на крај да ни стане претседател во 2019 година без при тоа, цели 5 години, да биде зпаметен по едно големо ништо  и  секојдневно менување  ставови и контраверзна изјава дека Гоце Делчев бил бугарин.

Очигледно дека начинот на избор на кадри по примерот како од подрумчињата на „баба Сера“ се рефлектира и во целокупното судство за чија што состојба со право се нервира американската дипломатија, но за  добар дел се и самите криви од амбасадата  и покрај фактот што потрошија над 55 милиони долари за реформа на судството и нема никаков резултат, поточно има негативен резултат.  Криви се  затоа што ги оставија нашинците вработени во амбасадата да мешетарат низ судските лавиринти, при тоа толерирајќи непотизам, корупција, трговија со интереси, но и да прогледуваат низ прсти како во ситуации во кои што кандидати за судии и обвинители  прво положиле правосуден, па дипломирале на факултет, а  за пехот со Катица Јанева и СЈО и да не ни пишувам.

Лично, особено ми е жал што американската дипломатија не сфати уште во 2007 година дека доколку ги остават бизнисите во Македонија да се водат од стрна  екс Ју длабоката држава штетно ќе се одрази во кадровската политика во Македонија и тоа севкупно ќе се одрази на нивните интереси во цела Јужна Европа и Западен Балкан, колку и да им игледа регионов мал, нетрактивен и без значителен економски обрт. 

Во моментов  е илузија дека  Ескобар ќе направи било каков продор со Резолуцијата на Македонија од Сенатот на САД за убрзување на евроинтеграцијата на Македонија, сето тоа во моменти кога Орбан се врати со вести дека Трамп сигурно ќе победи на претстојните  претседателски избори во САД во 2025 година, екс ју олигархија зстана позади Мицкоски, заедно со црквата, а а го снема и Груевски.


Wednesday, March 13, 2024

СРЕЌНА НОВА '04, господине Ескобар!

    


Возраста на американските политичари  и неможноста да водат здрава политика полека се антиципира  и од водечките американските политички аналитичари, на пример колумнистката  Kimberley A. Strassel за Wall Street Journal,ја    стакнува нездравата зависност на Бајден и Трамп еден од друг, а тоа се покажува во случај да биде кандидиран помлад кандидат против било кој од нив , помладиот  кандидат би ги прегазил и двајцата.

Секако, доколку потешкотијата се јавува во водењето на  националната политика се подразбира дека истото се пресликува  и на надворешен план,а тоа може да го искористат како дипломатиите на непријателските земји, така  и на пријателските земји, секако тука и комплетната окупираност на американска политика и политичари со војната во Украина.

Лошото функционирање на американската политика,  Македонија,  го  осети на своја кожа со условувањето  за влезот во ЕУ со наметнувања на барања  надвор од копенхашките критериуми за членство од страна на  Бугарија, секако  поддржана  од страна на Франција и Германија и покрај гаранциите на сите нив заедно, но  и САД дека промената на името на Македонија е единствен услов за отпочнување на преговори за влез во ЕУ.

Ќорсокакот во кој завлезе македонската ЕУ интеграција,  американскиот Сенат се обидува да го исправи со предлог Резолуција за поддршка на влезот на „Северна“ Македонија во ЕУ. 

Токму интеграцијата на Македонија е еден од примерите дека нешто не „штима“ на релација САД-ЕУ, сето тоа во критични времиња и надвисната можност за нуклеарна војна со Русија. Дека нешто не „штима’ не само во јужнот крило на НАТО покажува и изјавата на   заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар дека САД имаат проблем во комуникацијата со косовскиот премиер, Албин Курти, како и ЕУ, НАТО, Велика Британија, но и многу други, како Албанија и Северна Македонија.

Оваа изјава и Резолуцијата многу потсетуваат на постапката во далечната 2004 година со изненадното признавањето на Македонија од страна на САД, под уставото, сето  во обид да се спаси Бучковски, на тогашните избори,но дали може да се спаси катастрофално владеење на владата на СДСМ и ДУИ. Кое што признавање се покажа дека не вреди 5 пари во 2019 година кога под притисок го сменивме името во Северна Македонија.

Можеби, Македонците и другите етнички заедници живеат послободно, но Албанците ја имаат ДУИ на власт која што практицира груевистички режим и првобитна акумулација на капиталот по примерот Груевски-Мијалков од страна на нивното водечко трио Ахмети, Груби и Дрин, но поразителни се и  економските резултати кои што дополнително ја влошуваат целокупната состојба во државата и депопулационата политика која што ја водат сите партии.

Германската линија на чело со Курти, покарај пробивот во Косово, Босна и Македонија сака да направи ревизија на целокупниот пакс Американа за Западен Балкан користејќи ги зафатеноста на САД во војната во  Украина настаните во Израел и „остарената“ американска политика.


Ќе ги потсетам наште сојузници дека и Резолуцијата и изјавата на Ескобар се too little-too late, со една резолуција не може да се покрие 4 годишно катастрофално владеење на владата на СДСМ и ДУИ и штетите што ги направија како за Македонија така и за американската политика и интереси во Западен Балкан.


Thursday, March 7, 2024

И БУГАРИТЕ ВО УСТАВ И АЛИ АХМЕТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ?!

  

Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со бугарскиот европратеник Андреј Ковачки.

 Деновиве додека јавноста се занимава со тоа кој собрал потписи за претседател, кога ќе биде испорачан Палчо и ред други помалку битни работи позади сцената се местат фигурите како бугарите да се внесат во Уставот и Али Ахмети да стане Претседател на Република Северна Македонија, сосема политички легитимно да се разбереме на старт.

    Ако се вратиме назад во блиското минато, Мицкоски не стана премиер кога исчезна пратеникот Кастриот Реџепи, но и самиот тој знаеше дека нема да стане и отиде да вади масно ткиво. 

    Зошто не стана Мицкоски премиер?!

    Условот од меѓународниот фактор беше, и сеуште е, да ги прифати бугарите во Уставот, да ја смени реториката, тоест, да не парира на Апасиев ,  да направи кадровски промени во партијата, а прв чекор да биде дистанцирањето на Ковачки од јавноста, не беше спремен тоа да го стори и со тоа знаеше дека нема да стане премиер и покрај силната поддршка од целата екс ју олигархија дури  и од самиот Заев. 

    Овој пат не бевме сведоци на бедно продавање на пратеници  и покрај увереноста која делеа фактори од власта дека бугарите во устав е готова работа и имаат 80 потребни пратеници.

    Сега „фаст форвард“, во меѓу време гледаме дека Мицкоски ја смени реториката, нема веќе „Никогаш Северна“ и самите негови министри во техничката Влада работат на нормализација на „Северна“,  за која што и тој има изјавено дека е реалност односно дека  „Преспанскиот договор е завршена работа“. 

Сведоци сме  дека Мицкоски ги прифати кадровските забелешки од „странците“ за министрите во техничката  владата, но и понатаму бара од странскиот фактор во партијата да постави свои луѓе за да не „падне“ од евентуалните политички отстапки и настаните кои што ќе следат, се во случај да не излезе ситуацијата од контрола, а во таа  насока слушаме и наводи дека се купуваат станови во Виена,  веројатно се со цел за можна евакуација, нешто слично како барањето на Груевски прво да се обезбеди со фамилијата,  па да пристапи коно менување на  името пред 2012 година, кога се премисли.

ДУИ и Али Ахмети побарале од СДСМ и Ковачевски токму Али Ахмети да биде заедничкиот  кандидат на СДСМ И ДУИ, но СДСМ не биле спремни да го прифатат и истрчале со својот  кандидат Пендаровски. Ахмети за кандидат вреојатно ќе значеше распад и на онака слабиот СДСМ.

Со право Бујар Османи од кога се кандидираше за претседател образлагаше дека не гледа причина дека ако може да биде Пендаровски да биде претседател, зошто да не биде нивниот кандидат, а не мисли на себе, а јас би надоврзал кога можеше Бранко Црвенковски да биде претседател, лично не гледам причина зошто Али Ахмети да не биде?!?!?

Кога сме веќе кај Црвенковски, секако сите не зачудува неговата рехабилитација од кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ , позната под надимакот Гога Сорос, а предходно Марјан Ѓорчев го рехабилитираше и Колешевски, а „ќутим ја, ќутиш ти“ како што кажа Амар Гиле, а ќутат и Груевски и Георгиевски за овие идеолошки лупинзи на ВМРО-ДПМНЕ. Ќути целото членство.

Веројатно во позадина се одвива  операција за внес на бугарите во Уставот, а Христијан Мицкоски работи да го реализира ветувањето дека се грижи и за прогонуваните од ДПМНЕ, кое што го дал на Груевски и Мијалков, и да го спречи Ахмети да ја оствари својата финална цел, да стане претседател на Република Северна Македонија, „Pse, jo“?!?!.

Но , условот за внес на бугарите во уставот и избор на претседател во собрание е  поставен и од Таравари.

Секако следи интересна кампања.


Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...