Wednesday, December 16, 2020

КРИКОТ НА ТРАНЗИЦИСКАТА ОЛИГАРХИЈА И ЗОШТО ТРИФУН КОСТОВСКИ НЕ Е ВО ПРИТВОР?!

Има неколку сличности со ликвидацијата на Македонска Банка во 2007 година и стечајот на Еуростандард банката ова година. Евидентна е спората реакција на двајцата Гувернери на НБРМ, тогаш Петар Гошев,  сега Анита Ангеловска Бежоска, но ќе веруваме дека тоа било  се со цел да не  предизвикаат паника и поголем колапс како и да ја зачуваат стабилноста и  довербата во  банкарскиот систем на Македонија. 
Навидум ништо посебно и во двата случаи, можеби менаџментот на банките правел некои манипулации   со кредитите и со ризични  пласмани базирани на лоши процени и лоша кадровска политика,  но сепак суштината е многу подлабока и има сомненија дека се  задира не само во политиката и криминалот  туку и подлабоко, сериозно  во двата случаи  се задира во  геополитика односно во сударот на истокот и западот. 
    Евидентно е дека на гласините и шпекулациите во јавноста дека се случуваат нелегални активност во двете банки, своевремено, Обвинителството  за организиран криминал не реагира или пак реагира пост фестум, а погодувате дека  обвинителка за организиран криминал и тогаш и сега е Вилма Русковска. 
    Во 2007 година гувернерот Петар Гошев ја ликвидираше банка после барањето на ММФ и Светската банка, како што кажува и самиот, додека гостуваше во емисија на Јадранка Костова и објаснува за банката на белосветскиот хохштаплер, газда Нини чии што траги водат преку  банкарката на Милошевиќ, Бранка Вучиќ, до нечистиот транзициски капитал на самиот Милошевиќ и длабоката екс Ју држава чија што испостава се уште делува во Македонија и регионално  и секако учествува во разни  криминалии и политички  сплетки и смутови како што сведочи самиот премиер Заев, но и екс премиерот Георгиевски како и проминентни новинари и аналитичари. 
Последната активност на оваа длабоката држава, секако погодувате,  беше да се спречи влезот на Македонија во НАТО односно спречување на Преспанскиот договор, како што кажа и американскиот државен секретар Помпео и секако одработување за ветото од Бугарија за Македонија за да се спречи отпочнувањето на  преговорите со ЕУ, за ова поопширно друг текст. 
Тоа е таа длабока држава составена од транзициски олигарси, политичари, банкари, бизнисмени, сегашни и поранешни службеници на разузнавањето и безбедносните служби, сите оние актери кои што се главни учесници во сите крупни криминални зделки и афери, а кои што претежно не одговараат пред лицето на правдата или местат статисти да одговараат место  нив. 
Но, да се вратиме кон стечајот на Еуростандрад банка. Прв кој што објави јавно  за тоа дека  нешто чудно се случува со банката уште пред една година  стечајот беше таблоидниот новинар Зоран Божиновски, но  истата информација многу луѓе не ја зедоа за сериозно, а Коста Костовски, синот на Трифун Костовски, мнозински акционер и член на менаџментот во банката, редовно  почна да  оди и да  се враќа пешки од работа по улицата Македонија, веројатно со цел за да го видат и да покаже дека се е во ред со банката и дека гласините се невистинити. 
    Обвинителката Русковска  паметно си молчела цело време или пак не знаела ништо штом  не презела никакви дејствија исто како во случајот со Македонска банка, но и со поновиот случај Рекет за кој што  мораше да реагира после подолго време под притисок на јавноста и барањето на претседателот Пендаровски да се врати од одмор и да почне  да работи. 
    Во периодот пред  стечајот на Еуростандард  банката се случуваат многу сомнителни работи како што е примерот на  статистката  во Владата на Заев, екс министерка за финансии Нина Ангеловска, за која што имаше  гласини и истите  се потврдија  дека по добиени инсајдерски информации  си ги спасила парите од депозитот во висина од 200 000 евра во бакната и дека со тоа си  купува стан. Под притисок на јавноста мораше да даде оставка и да замине од позицијата министер.
 Исто така има гласини дека и ќерката на Трифун Костовски, Олга која што е директорка на Еуролинк осигурување префрлила депозит од 10 милиони евра во друга банка пред самиот стечај, но сето тоа ќе мора сега, сакала или не, да го истражи обвинителката Русковска. 
    Се слуша дека се работи на обвинение, но  деновиве се објави дека е поднесено  обвинение околу  приватизацијата на Поштенска Банка која што своевремено е споена со Еуростандард банката. За истиот случај требаше да се поведе постапка од страна на СЈО и Катица Јанева која што заврши неславно како што знаеме во случајот Рекет заедно со Боки 13 и барала од обвинителите лицата наведени во обвинението за Поштенска банка да не одговараат, само да платат парична казна. 
Секако дека стечајот на Еуростанадар банката ги изненади сите, а најмногу обвинителството.  
    Обвинителството за организиран криминал после стечајот на банката делува како да е приморано да ја работи својата работа  и дека мора да започне да го стега обрачот околу главните учесници во скандалот. Самите осомничени како да си ја ишкаат мувата од капата и  започнаа да се правдаат во јавноста и да бидат гласни во своето бранење и правдање дека се невини и  да обвинуваат други за криминалот, истите   гостуваат по медиумите и   бараат оставка од гувернерката Бежоска, секако пред се тука мислам на Трифун Костовски.
     За него  сите се криви освен тој самиот и неговиот син Коста. Како што знаеме Трифун Костовски важи за прилично влијателна јавна личност и самиот е  фигура  од транзицискиот период и секако лице  од  современата политика како поранешен пратеник и градоначалник секако добро поврзан со сите политички гарнитури, кој што  имаше неуспешен обид да формира партија во 2011 година.
Особено е интересно што како сопственик на банката односно акционер и  поранешен претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард банка требало да знае и е одговорен за многу работи во банката секако и нелегалните. 
Неговите активност на јавната сцена, а не знаеме можеби и тие  зад кулисите, секако  се квалификуваат согласно со членот 165 од Законот за кривична постапка  и слободно може обвинителството да побара, а судот да му се определи  притвор се  со цел за да не го попречува водењето на  постапката односно  истрагата  од причина што  самото  негово присуство во медиумите јасно укажуваат на  обидот да  ја попречи и веројатно да влијае врз самите сведоците, соучесници, помагачи, но и врз обвинителот, истражителите и гувернерот. 
 Додека пак неговиот син Коста  со самото тоа што формирал фирма која што ќе се бави со финансиска дејност отвара можност и го  оправдува стравот дека ќе го повтори кривичното дело за кое што се зборува дека се осомничени.
Секако и на двете прашања зошто не е побаран притвор доколку има истрага  одговор на јавноста и оштетените го должи самата  обвинителката Русковска.
    Но, тоа не е се! Секако ќе следиме интересен расплет на настаните,  јавноста заслужува да добие одговори и на други прашања, како на пример:  Каква е улогата на Горан Трајковски, кадарот на Груевски кој што беше поставен за директор во последната година на Еуростандар банката и со тоа каква е улогата на самиот Груевски и неговата фамилија и делови на режимот како во Еуростандар банка така и во приватизацијата на Поштенска банка и дали учествува во сопственичкиот капитал на банките и дали тргувал со своето влијание како премиер, во времето кога бил?  Секако треба да се истражи и улогата на актуелниот премиер Заев и неговата фамилија во врска со  кредитирањето на нивните фирми од страна на Еуростандард банката.
Каков капитал се перел во Еуростандар банка и од каде? 

    И секако на крајот зошто молчеле обвинителството , финансиската полиција и сите македонски институции и зошто се чекало на светските монетарни авторите да извршат притисок врз НБРМ за да определи стечај на Еуростанадард банка?


 

No comments:

Post a Comment

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...