Војната во Украина полека зема на замав, ќе трае и ќе биде не само глобално поместување во светскиот поредок туку и ќе влијае како на макро така и на микро ниво. Се чувствува и тоа јако во Македонија, Северна ако сакате, која што секако за нас е центарот на светот.
Економијата ни е партиско-политичка-олигархиска од осамостојувањето па наваму, ништо не е сменето. Партиски(читај удбашки) послушници во инсталирани во сите пори на економијат те државата, секоја чест на ретките исклучоци!
Лошите перформанси на сите полиња во власта предводена од СДСМ се веќе познати и се разглобувааат во сите дебатни емисии. Анкетата на ИРИ го покажува истото, исто така загрижувачкиот е и трендот за поддршката на Русија од страна испитаните граѓани.
Секако за да се направам оваа кратка анализа за овие настани ќе мора да направим и ретроспектива на блиските историски настани.
При сето наведено, опозицијата не нуди ништо ново и подруго, нивното владеење го видовме додека беа на власт, 11 години со режимот на Груевски.
Партиски апаратчици и полтрони без ден реален стаж во реален сектор и во приватна сфера се нудат како решенија за тешките проблеми од старана и на двете партии, за жал.
Секако дека ликовите, тн „бизнизмени“ од партиско-политичката економија не ги сметам за успешни.
Изјавата на г-динот Бислимовски, претседателот на РКЕ е застрашувачка и фрапантна дека во денешно време Македонија, 100% зависи од руски гас и токму таа реченица ги одбележува 30-тината години од нашата самостојност, ја опишува болката на длабоката држава и олигархијата кон Русија, и ја црта нашата економска трагедија и катастрофата која што може да ни се случи! Тоа е токму изјава која што ги открива сите тајни на длабоката држава!
Длабоката држава владее со Македонија, се уште!
Длабоката држава е неформалната структура која што продолжи да владее со Македонија и по распадот на Југославија, со променлива среќа, но успешно, без разлика која и да е партија на власт. Длабоката држава и олигархијата во суштина е антимакедонска и антидржавна и без разлика дали покажува просрпски или пробугарски аспирации, работат за центри во Москва.
До падот на Груевски, а и потоа, длабоката држава владееше со застарените путинови механизми и токму тоа се луѓето кои што во суштибна се фасцинирани од путинска Русија, затоа што не можат да функционираат во функционална демократија и слободна економија. Со тие методи се обидуваат да го срушат токму новиот СДСМ во обид и нашата НАТО и ЕУ перспектива.
Знаеме дека американците се вклучуваат во процесите во Македонија, по препораката на ЦИА до Џорџ Буш, постариот, се со цел да не избие Балканска војна, но и регионална војна во Источна Европа во која што би можело да се вклучат Грција и Турција.
Американците, 30 години, работат паралелно на тоа да го срушат комунизмот во Македонија, при што, тоа им беше планирано да го сторат со ВМРО – ДПМНЕ на Георгиевски, односно да да го демонтираат комунизмот, длабоката држава и структурите на КОС кои ден денес владеат..
За жал, веќе во 1999 година увидуваат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема никакава контрола во државата и дека постојат други моќни структури кои што владеат, кои веќе се дефинираат како Длабока држава(екс ЈУ-КОС).
Клучниот момент за американските структури да ја продолжат соработката со таа екс- ју-КОС длабока држава е палењето на американската амбасада во Скопје, за кој што и чуварот на таа длабока држава, современиот Колишевски, самиот се фалеше како го спасил самиот амбасадор Хил, точно погодувате, Павле Трајанов. Професорот Фрчковски потврди дека тие КОС структури тргувале со информации за позициите на српската војска во Босна.
Павле Трајанов за жал и сега е клучен за опстанок на Владата на СДСМ и токму ДПМНЕ и структурите на Длабоката држава, групирана околу Иванов му се лутат за тоа и при тоа плански ја објавуваат аферата за Градскиот паркинг, предводен од кадар на ДС на Трајанов.
Павле Трајанов, исто така зборуваше за негативната улога на Доста Димовска и власта на ВМРО-ДПМНЕ до 2002 година, но и самиот вршеше и се уште врши понегативна улога од самата,сега покојна Димовска.
Токму за него во јавноста се шпекулира дека е чуварот на тие длабоки структури и нивни експонент.
Американците стратешки, во 2019 година ја поделуваат таа структура на длабоката држава на две половини со кандидирањето на Пендаровски на функцијата претседател на републиката и со неговата победа. Самиот често гледаме дека балансира помеѓу тие структури , но на штета на СДСМ. Се сеќаваме дека дури и неговиот против кадидат(ка) е исто татов лик, поврзан со нашата Далбоката држава, но после 2018 година преминат во ВМРО-ДПМНЕ.
После 1999 година и неуспехот да го срушат комунизмот со ВМРО-ДПМНЕ, американците повторно го враќаат во игра СДСМ, кој што важеше за просрпска партија и повторно токму тој нереформиран СДСМ доби виза да се врати на власт, тоа се случи во 2002 година.
Но, американците не се откажаа од ВМРО-ДПМНЕ и го поддржаа проектот за Груевски премиер, кој требаше заедно со целиот пакет да го реши спорот со името. Поточно, идеата беше десницата да го реши името како побезболна опција.
Длабоката држава и олигарсите ги чувствуваат новите ветришта, односно им дошепнува некој и од тие причини поминува во и не се став во негова услуга туко го преземе(контролира) ДПМНЕ, а за тоа чувме помагал исамиот Глигоров, со изјавата дека Груевски бил нивно дете, но да не заборавиме и на неговите врски со Кљусев, Наумов и други тн„ вмровци“.
Но, Груевски, како Груевски, поддржан токму од длабоката држава и олигархијата никогаш не си стоеше на зборот и после 2008 година почнува нови процеси за антиквизација , по неуспехот на Џорџ Буш помладиот да ја зачлени Македонија во НАТО, се сеќавате Грција стави вето и историјата зема друг комплетно друг правец. Како што рековме, Груевски комплетно зазема други позиции и влегува во процес на антиквизација на Македонија што во суштина е антимакедонски проект, сето тоа е поддржано и од длабоката држава која што во суштина е и идеологот на таа доктрина. Павле Трајанов и Слободан Богоевски го потврдија тоа во своите интервјуа.
Исто така битно е да се напомене дека Длабоката држава те олигарсите не ги надградија добиените на тацна народни претпријатија и не ги направија да се конкуретни на западните, не освоија нови пазари освен старите источни,кои што ги имаа од времето на Југославија. Знаеме за улогата на нашата олигархија за кршењето на НАТО ембаргото кон Милошевиќ.
Тука сега е и главниот проблемот со војната во Украина и санкциите кон Русија како и процесите околу истите. Длабоката држава со држење на Македонија надвор од НАТО и ЕУ всушност си ги штитеше своите економски позиции и влијанието во општеството кои што сега гледаме се на стаклени нозе.
Заканата на Макпетрол што мислите дека е, освен крик по Русија и истокот и старите времиња?!?!?!
Американците во 2011 година, за време на администрацијата на Обама, конечно сфаќаат дека Груевски ги „вози“ и нема да го промени иметопри што влегуваат во процес на демонтажа на неговиот режим. Груевски се прецени дека може да ги победи американците како што тука во ги мачкаше своите неистомисленици!
Новите времиња носеа и нови предизвици, што за жал се уште не можат да ги препознаат во партијата која што тој ја контролира и финансира, за жал!
Рушењето на режимот е килав процес и добар дел се должи на тоа дека локалниот стаф во америнаската амбасад има врски со тн длабока држава. Така беше до моментот во 2015 година кога пукаат тх аудио бомбите, а Груевски и Мијалков не успеаа да предизвикаат регионална криза со настаните од Диво Насеље. Министерката за внатрешни работи и Мијалков мораат да заминат од своите позиции, не им успеа да направат војна, што би рекол слугата на режимот Протуѓер.
Демонтажата на структурите на Груевски оди тешко и денес, но секако и 27 Април 2017 година е критичен датум во тој процес, секако помогнат од таа длабока држава и партиско политичка олигархија и секако судството и администрацијата, а и луѓето кои што се затворени вреувајќи во филмовите на фамилијата, се со цел да не ја предаде Груевски властта и да не ги изгуби украдените пари и фирми.
Можам слободно да кажам дека референдумот за промена на името не успеа поради тие структури на длабоката држава и нејзината партиска олигархија, која што од личен интерес го одмогнаа, а не затоа што народот не сакаше да се преименуваме, Македонците не го сакаат тоа и денес, но истото е реалност.
Инаку можеме да забележиме како ликовите кои подобро ги разбираат овие нови политички текови се обидуваат да промовираат нови играчи во бизнисот со енергенси, те нови лица, нивните синчиња,роднини и протажња, кој што обид, за среќа нема да го издржи притисокот на новото време.
Процесите се забрзаа до таа мера што со војната во Украина не принудува веднаш и не само декларативно туку и вистински на дело да се покаже нашата идеолошка и економска определба за западот.
Тој процес секако е болен за сите проруски структури увлечени во париите, администрацијата, судството и економијата, полека можеме да заклучиме дека губи комунизмот во Македонија. Самиот Мицкоски, покрај тоа што е избран од тие структури, туку е најголемата жртва на тие структури кои што преку неговата Комисија за безбедност го хранат со лажни вести и ја потхрануваат хистеријата во партијата и порачуваат дека само што не дошле французите и германците, читај русите на овие простори, а при тоа се уште си ги праќа свои кадри на обука кај Вучиќ!
Слободно може да кажеме дека за среќа сме сведоци на раѓање на новото сонце на економската слобода над МАКЕДОНИЈА! Не плачете по олигарсите и длабоката држава, ќе биде тешко, но после тоа доаѓаат нови подобри времиња!
Да живее Македонија, Северна Македонија!
ПС Се чудам како би функционирала фабрика за автобуси со партиски послушници, веројатно ќе летаат автобусите!?!?!
No comments:
Post a Comment