Секако фали претставник од ДУИ на сликата
Изјавата на г-дин Христијан Мицкоски дека политичарите влегуваат како голтари и стануваат милијардери е сосема точна. Истата изјава ја отсликува суровата реалност во последниве 30-тина години во Македонија, но сепак не остава сите нас во чуденки затоа што не знам по кои критериуми самиот тој не се смета дека е опфатен со изјавата. Неговиот ПР навистиба не ми е јасно што сака да постигне?!?! Наместо да се засрами и да се извини за режимот?!
Изјавата, секако го размрда домашното досадно, политичкото устоено мочуриште и давењето на нашите партии со изјавите и позициите спрема инвазијата на Украина од страна на Путин.
За жал, економијата ни е и увозно и извозно зависна токму од Украина и Руската федерација, голтарите, кои што ги спомена Мицкоски, 30 години не успеаја да направат некој посериозен продор и освојување на нови западни пазари.
Инвазијата врз Украина, која што секако е за осуда и е стравична не замрзна сите нас психолошки, но и ја замрзна и онака задреманата економијата водена токму од голтарите.
И за чудо веднаш тука се јави г-дин Артан Груби кој веројатно си ја ишка мувата на капата, но веднаш, секако сакам да потенцирам дека моево писание нема етничка определба.
Ние, обичните граѓани на Македонија сме робови, без разлика на етничката припадност на голтарите кои што ги спомена Мицкоски.
Многу од нас се иселија од државата, а оние кои што остана тука се принудени да работи за минимални плати или да се увлекува во задниците на голтарите преку членување по партии, одење по митинзи, собирање сигурни гласачи или купување на работни места, секако мора да се снаоѓа народот, треба да се преживее. Ако пркне некој самостојно во бизнисот, преку иновација веднаш му се „сече“ главата.
Цели 30 години сите се давиме во корупција и организиран криминал во секоја пора на општеството, сведоци сме дека немаме никаков напредок, туку назадуваме во сите области, за жал и образованието.
Поради тие голтари имаме, корумпирано судство, здравство, образование парламент, царина, полиција,инспекциски служби, итн,итн, значи комплетно се е корумпирано и најжално на сето тоа немаме реална економија.
Се усложнуваат процедурите за работа на малите субјекти се со цел работата, тендерите и концесиите да ги добиваат токму голтарите во политиката и нивните „вчера“регистрирани фирми, дечиња, пријателчиња, партнери.
Голтарите почнаа да стануваат милионери со „чесниот“ Црвенковски, со неправедната приватизација на општествениот капитал, продолжија да се богатат со средно богатиот бизнисмен, Георгиевски, па дојде режимот на Груевски и почна преземање на бизнисите од Фамилијата и нивните одбрани луѓе со наративот дека не може сите да бидат богати и си тераа со презимање на фирмите по нотари, тоест, се си било нивно?!
После тоа го гледавме неуспешниот обид на Рашковски да
биде новото бате и секако слушавме за
шпекулации за „евро за Вицто“, но сега за сега, се повлече Заев од политика.
Што по мене сметам дека е најпаметен потег во 30 години Македонска политика,
секако има голем кредит и за влезот на Северна Македонија во НАТО.
Правдата секако дека не е сеопфатна, но трагично е Миле и Гордана да бидат единствените примери од голтарите кои што ќе лежат за сите!
Добар дел од причина за голтарите да стаат милионери лежат и во тоа што меѓународната заедница ги толерираше заради безбедност пред демократија и врските кои што голтарите и длабоката држава ги имаа на истокот, Русија, Украина и секако Србија. Секако и брзото корумпирање на западните дипломати токму од голтарите кои што ги бива за се ама само во Македонија. ИРЛ само не потсети на тие операции кои се одвилвале за време на сите режими ос страна на Минчо Јорданов и Благоја Механџиски– Зегин. За пропаднатите банки да зборувам. „Сето тоа народот ќе го позлати“ како во филмот „Време на чуда“ од 1989 година.
Нема невини!
Конфликтот во Украина доведува некои процеси да се убрзаат, па да видиме како ќе изиграат голтариве, веројатно дојде времето да си ги продаваат своите кожи голтарите меѓу себе!
Пресот денеска на Каевски и мешањето на Стоилковски некако ми звучи познато како во турбо- фолк песната од Индира Радиќ и Ален Исламовиќ : ЛОПОВ.
ЛОПОВ, ЛОПОВА УВЕК
ОСЕТИ!
No comments:
Post a Comment