ДУО-ТРИО фирмаџии
Радосни сме сите за победата на Македонија над Италија, големи честитки за победата!!!
Покрај победата над Италија, клучен настан вчера се сведочењата на Камчев и Новачевски, за кои што Груевски си напиша ферман на фејсбук статус.
Со кого тоа Никола Груевски правел партија?!?!? Ццццццццццц, не ми се верува, кумот бесрамено лажел, Орце познат пазарџија, бесрамни лажговци, ножиња во грбот, предавници...
Веројатно се се сќавате кога овие споменати лица, со пиштол на чело, а и претходните издаици кои што ги искара Груевски, удобно си живееа на грбот на народот и слугуваана режимот додека сите други страдавме. Стално се луѓево со пиштолот на чело?!?!?!?
Настрана сарказмот и иронија, ова е писание за конечна финална пресметка на нашиот каков таков судски систем со остатоците од режимот и идеите за негова реституција во блиска иднина.
Предолго трае процесот на демистификацијата и рушење на режимот на Никола Груевски ,од 2015 година наваму.
Како што сведочеше Орце Камчев, Груевски е одмаздољубив и тоа е факт. Исто така е очигледно дека Камчев се пазарил за својот спас од злоделата кои ги што ги сторил за време на режимот на Груевски како битен олигарх на фамилијата- факт.
Точно е дека стравот од одмаздољубивоста на Груевски е оправдан кај сите , па и стравот кај неговите слугите.
Да не заборавиме многу од господарите и слугите кои што беа битни во режимот од голтари станаа милионери, како што кажа Мицкоски.
Се сеќавам како вчера, кога го сретнав Ристе Н. после настаните на Панорама во продавница за рамки во ТЦ Скопјанка, го поздравив куртоазно и разменивме некој збор, му беше непријатно од причина што ја бев „непријател“ на неговиот лидер и кум, односно бев првиот што се спротивставуваше на криминалните комбинации од Груевски и фамилијата, за кои криминалии си бараа маши односно слепи извршители, а пазете уште не беа ни дојдени на власт, зборувам за периодот 2003-2004 година, некаде.
Ќе биде убаво да се потсети и Ристе дека му кажав што и да прави да си гледа бизнисот и да не се меша во политика од причина што лесно било кој може да заглави како Ламбе и Војо кои што беа актуелни тогаш. Истото му го кажав и на Миле, во друга прилика, но ете сега кога веќе се демонтира режимот јавно признава дека не би се занимавал со политика доколку занел што ќе му се случи....Знаеше Миле, знаеше, ама убави беа привилегиите и кешот од слугувањето кај Груевски. Ви направи Груевски филм дека се грижи за своите кадри, немаше нели друга опција за да бидете слепи послушници?!!?!
„Бетонирањето“ на остатоците на режимот започна токму со признавањето на вината од слугите на режимот како што се Протуѓер, Горда и Миле, за „Титаник“ а за наша радост продолжува со Камчев и Ристе. Веројатно тоа не им е јасно само на Мицкоски и врвот околу него кој уште рапортира кај лидерот во егзил.
Орце Камчев не го познавам и не сум го сретнал никогаш, но симптоматично е дека не само Сирах туку и други партиски фирми завршуваат кај неговиот слуга Нено, така си го викаат.
Фирмите кои Груевски и слугите ги основаа и преземаа на претек секако е прашање како за актерите во настанатите, јавноста, но и обвинителството.
Како на пример, чија е ШЕРИЛ ЛЛЦ од Делавер, зошто нема истарага и зошто сега е избришана во регистарот на фирми таму?!?!?! Како тоа, многу од фирми завршуваат кај тој Нено, на пример? Дали Михајло Маневски, секако и кој го пратил, му помагл не смо на тој фамозен Нено туку и на Орце и да ги брише трагите во истрагата за Империја? Дали со амнестијата и со спасот на Орце нема да преживее дел од режимот?!
Практично гледаме лекции како „голтарите“ дрмаат се уште во сите сфери на општеството, но тоа е битно за падот на структури режимот, спас на демократијата и секако подобрување на угледот и довербата како во судовите, исто така и во обвинителството.
Не се откажал се уште Груевски, зошто да се откажеме ние од финална победа и разбивање на неговите структури ?!
No comments:
Post a Comment