Брат за брат, кожинка за пари!
Каков гол драги, гледачиии, Камчев и гоооооолллллллллллллл, во мрежата на Христијан Мицкоски, каков гооол, во последната минутааа, да се изразам со фудбалски речник vis a vis победата на Македонија над Италија,. Голот на Александар Трајковски донесе голема радост за фудбалската репрезентација и народ , граѓанство ако сакате.
Во истиод ден, предходно се случи и голем потрес на политичката сцена исто така. Сведочењето на Орце Камчев, секако и на екс кумот на Груевски за случајот со „Плацови на Водно“ го затече и вџаши самиот Груевски. Изостана реакција од ботовите и медиумите под негова контрола, до вчера вечер немаше реакција и од Христијан Мицкоски, секако и од ВМРО-ДПМНЕ. Ја чекав реакцијата со нетрпрние.
Овие сведочења не е се само гол, туку се и „глогов колец “ во политичкиот корпус на фамилијата , самиот Груевски и секако торпедо за Христијан Мицкоски.
Реакцијата пристигна вчера на Мицкоски и е во стилот на ни риба, ни девојка,, бил згрозен од тврдењата на сведоците, но би сакал да го слушне мислењето на неговиот лидер Груевски. Веројатно се грози и од секоја минута помината во белата „Шампита“.
Г-дине Мицскоски, па си напиша фејсбук ферман Груевски, не го прочита?!? Со ова реакција уште еднаш потврди дека не ја прекинал „папочната врска“ со Господарот.
Исто така оваа изјава потврдува дека Мицкоски не само што е надвор од главните регионални и глобални гео-политички процеси туку дека Мицкоски е надвор и од домашните општествено политички токови и процеси. Мицкоски не располага со релевантни и благовремени информации.
Целата своја кариера како лидер ја потроши за спас на Орце Камчев. Кога се среќаваше со странските фактори наместо да ги јакне своите позиции и позициите на партија, тој молеше и бараше спас за Орце и неговата Империја. Наместо тој да се откаже од Орце, Орце го продаде Груевски, но со тоа го потопи и Мицкоски. Евтино ги продаде нивните политички кожинки.
Наративот на Мицкоски беше дека Орце му помогнал кога му било најтешко како претседател на ДПМНЕ, платил струја и репрограмирал некои долгови на партијата, но дека Орце и многу му помогнал и кога родителите на Мицкоски биле болни од Ковид 19. Главниот адвокат на партијата беше пратен на испомош кај Орце, итн, итн.
Како што пишува Груевски, Орце е „стар пазарџија“, а се бореше „кучето“ за својот спас, да го искористам речникот на Мијалков. Орце неколку пати беше блиску заедно со помош на странски служби и ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски да ја сруши Владата на Заев, да предизвика дури и регионална нестабилност во НАТО земја, го сруши СЈО. Орце предходно се има спасено од кривичен прогон за затајување на данок и воедно е креатор на „Иперијата“ на фамилијата односно тој е идеологот како фамилијата од голтари станаа милионери со тоа што ги воведе во оф шор шемите и лавиринти за перење пари. Главниот фирмаџија на режимот.
Наивно беше Мицкоски да му верува на Орце, особено од кога во правосудните кулоари се прошепоте дека се спрема нешто, а на сето тоа плус се надоврза признанието на вина од страна на Протуѓер, Гордана и Миле. Година и пол се стари тие муабети, Мицкоски или не слушнал или не сакал да слушне, но сведоци сме дека често самиот е жртва или е креатор на лажните вести. Оверено од ЕУ. Некој близок веројатно му ги сервира. Секако може да му се оддаде признание на Мицкоски е комплетно лојален кон Груевски и неговите политики.
Денес, слободно може да заклучиме дека после 5 години од како е претседател Мицкоски конечно и Орце, главната тупаница на режимот, изгубил верба дека Мицкоски има било каква перспектива и капацитет да стане премиер, а со тоа да им помогне нему и на сите други кои што гнијат по затворите заради Груевски и фамилијата. И Орце не верува дека ќе се врати Груевски како победник.
Нема светење, господине Мицкоски.
Погрешните информации создаваат погрешни перцепции и се основна причина за креирање на погрешни политики.
После овие сведочења сериозен раскол е на повидок во ВМРО-ДПМНЕ.
На здравје бричење!

No comments:
Post a Comment