Saturday, April 23, 2022

ВРХОВИЗМОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

 

                                     Изборот на кадри- од време е јаката страна на ВМРО-ДПМНЕ :D 

Само Васко Ефтов го може ова,  две емисии величање на Марјан Ѓорчев, во третата  бришење на  под како што би рекол и самиот, но овој пат со прилично многу факти. Марјан Ѓорчев веројатно мислел со својата слаткоречивост и употреба на позитивниот дел на историјата од ВМРО, како тоа што го прават тоа со години на средби со поширокото членство,  да ја прикаже партијата како патриотска и македонска, но суштината е друга и позадината не е многу светла. За време Георгиевски се прогласи континуитет со историското ВМРО, за да после доаѓањето на Никола Груевски на  врховизмот се налепи и идеологијата на  српскиот свет, но внимавајте,  сето тоа за крајна  полза на Москва. Обидот да се спречи влезот на Македонија во НАТО, пропадна, но сега се работи прилично успешно на спречувањето на отпочнување на преговори со ЕУ.

Како што кажа и самиот Ѓорчев целата со прогласувањето  на континуитетот  на ВМРО-ДПМНЕ со историското ВМРО било да се прикажа дека ВМРО-ДПМНЕ е најстаро политичко движење во Македонија и во регионот, но тоа не е точно,  се работи за  посуштински и покомплексен план за служење на туѓи интереси. До 1997 година ВМРО-ДПМНЕ е прилично затворена и конспиративна партија за да може да пристапат поголем број граѓани. После расколот  во 1997 се отвара како партија за пристап на што е можно повеќе граѓани и тоа трае до денес.  Преку континуирани обуки  на одбрани кадри од раководствата партијата успева да се наметне и да го контролира теренот скоро низ целата држава со непосредноста кон гласачите, најпрво преку месните комитети, но  а подоцна и на повисоко ниво. Партијата функционира како мулти левел маркетинг шема. Во тој дел заостануваат сите други партии. Има измени на тој систем и промени на таа политика од кога врвот на ВМРО-ДПМНЕ влезе во заштита на груевизмот , односно од кога дојде Кристијан Мицкоски на чело и малку е потешко да се пристапи кон врвот од општото членство. Се затвори партијата и се врати на политиката кон гласачите пред 1997 година, нема капацитет да се оттргне од груевизмот  и сето тоа се одразува на бројот на гласовите што ги добива.

По однос на врховизмот изостанува конкретен  став на Мицкоски како и за сите крупни  политички прашања од кога е дојден на чело на партијата. За врховистичкиот дел има одговорни луѓе како нпр. Марјан Ѓорчев, Милошоски, Пандов, но има и за одговорни за „српскиот свет“ како што е целата структура околу Гога Сорос и поранешниот претседател Хорхе Иванов, олигархиската структура околу БЦ, а сето предходно  залепено од Груевски како дел од проектот за надминување на бариерата од 300 000 гласа на Љубчо Георгиевски.

За сето ова има и вина во делот од современата македонска историја која што го прескокнува ликот и делото  на Ванчо Михајлов како и самиот врховизам и неволното споменување и истражување на тој период , а сето тоа вешто се користи од структури на партија за да се изврти и да се употреби делото на Гоце Делчев, на пример, за пошироката јавност и членство да добива впечаток  дека партијата е патриотска, но табуто останува. Кога обичен човек ќе се зачлени и ќе влезе во штабот , ќе стане активист или ќе напредува во структурите, кога тогаш  ќе ги види сликите нпр на Тодор Александров, Мара Бунева, Ванчо Михајлов и ќе го чуеи сфати целокупниот наратив на партијата, преку неформало дружње,  а со тоа  и значењето на прогласениот континуитет со  историското ВМРО, веќе е прекасно.  За изворите на сомнителното финансирање и да не зборувама, а особено не за делот на соработката со Каракачанов, на обичен македонец  само може косата на главата да му се дигне. После тоа, освестените членови  нема ни каде да го продолжат својот политички активизам, луѓето се зоон политикон  како што рекол Аристотел, нели.   Груевски увиде дека Либералната партија, после 2013 година има капацитет да ги апсорбира разочараните членови од него и целиот комплекс на психо- патологии во партијата и со своите структури и послушници тргна во гаснењена ЛП,  за жал, веројатно со несвесна помош на самиот претседател поставен страна на Стојан Андов. Можноста Либерална партија да постави курс центар- десно би било погубно за ВМРО-ДПМНЕ, а сето тоа заокружено  во пакет со понудената  предизборна коалиција со ДУИ на парламентарните избори во 2014 година. Подоцна тој концепт го презеде СДСМ, но коалиција со гласачите албанци во 2016 година,  за тоа во друг текст.

Треба да знаеме дека во 2022 година не треба да е срамно било кој да сака да се бави со политика, а не особено надвор од црно белиот свет кој ни е наметнат преку стигматизација на луѓето кои што сакаат да променат и партиски бои. Настаните со Русија и војната во Украина е основа за ново партиско определување на сите граѓани во Северна Македонија и партиските раководства треба да го направат тоа отварање се со цел демокртаизација на општествотокако по пример на една вистинска НАТО земја која што се стреми за членство во  ЕУ, на  граѓани кои што препознаваат ги сфаќаат новите предизвици и современите општествени токови и при тоа се информирани и правилно ги разбираат сеништата на минатото и ги ставаат ад акта, истите.

Tuesday, April 19, 2022

ПЕТКОВ, ВРХОВИЗМОТ И УКРАИНА

 

                                                  ТАЈФАТА НА ИВАН МИХАИЛОВ

Врховизмот е жив, тој е темниот дел на заедничката македонско-бугарска историја и само луѓе кои што не и мислат добро на Македонија може да помислат да го искористат ликот и делото на фашистот ВАНЧО МИХАЈЛОВ, но сепак  тоа е само провокација за оддалечување на Македонија од ЕУ. Да бидеме реални, славењето на ликот и делото на фашистот Ванчо Михајлов е само проста демонстрација дека врховизмот е жив и во 21 век,  иако истиот во историјата се дефинира како: Идеологија од почетокот на ХХ век на Врховниот македонски револуционерен комитет во  служба  на бугарскиот двор.

 Следствено на тоа реално е да кажеме дека бугарскиот двор е дел од  Сакскобурготската европска царска лоза, токму тие политики ги дефинираат целите не само на Русија туку и на Франција и Германија, за жал. Денешната политика на Бугарија кон  Македонија, може слободно да ја оцениме како врховистичка

За среќа, не сум дипломат или политичар, па послободно ќе можам да ги дадам тие квалификации и да го  искажам моето мислење за темниот дел на нашата историја и да направам паралела со денешните настани во Македонија, Украина и секако ЕУ.

 Молчи ВМРО-ДПМНЕ, молчи СДСМ, нашите сојузници го оставија нивниот пулен, фаворитот за наследник на Али Ахмети, Бујар Османи да глави во калиштата на врховизмот кој се уште е табу  во нашата држава и историографија. Секако правилно е осуден врховизмот како политика и  самото делувањето на Ванчо Михајлов , но истиот  дел од таа историја е недоволно разјаснет и по самото тоа контроверзен.

 Секако голема среќа е што со врховизмот во Македонија расчистувале комунистите пратени од Тито, но настрадале и многу вистински патриоти кои што му сметале на Лазар Колишевски, кој во 1942 година  поднесол молба за помилување до бугарскиот цар Борис III, каде што „се пишал дека е  бугарин“,  по што смртната казна му била заменета со доживотен затвор и слободно може да кажеме дека опортуно  го искористил врховизмот за да се спаси,  исто како што во денешно време многу Македонци зедоа бугарски пасоши од економски побуди, кои што  исто така не можеме да ги осудиме за тие постапки, но слободно можеме да заклучиме дека тоа е политиката на врховизмот   на дело. Во минатото,  секако е ОК таа  политика да се искористи за да преживување,  но лошиот дел е    злоупотребата на  врховизмот  за пресметка со деловите на  македонската патриотска интелигенција, тоест оној дел  кој што му сметала на Колишевски и неговиот режим.

За издавањето на пасоши преку „трупа“, Бугарија никогаш не е прекорена од ЕУ, ниту пак е била во опасност да биде исклучена од Шенген зоната, што имплицира дека  ЕУ ја поддржува политиката на врховизмот?!?

На  темата со врховизмот заглавија,   како  ПЕТКОВ , така и бугарската државна надворешна политика, потполно, исто  како руските тенкови во калиштата на Украина.

Ќе ве потсетам дека уште кога го потпишавме договорот за Стабилизација и асоцијација јасно беше дека Македонија е непожелна во ЕУ, бевме следната Турција.

За воља на вистинита во тој процес за пристапување несебично не помагаа  нашите пријатели, САД и  Обединетото Кралство и уште притискаат да влеземе во ЕУ, но мислам дека и нив им е јасно дека тоа нема да се случи.

Прво Франција, со првото вето за отпочнување на преговорите на Македонија суптилно најави дека ја поддржува официјалната политика на Бугарија,  тогаш на чело со Борисов, а демонстративната поддршка за тн „врховизмот“ дојде токму од Германија за време на Меркел и обидот да се вметне клаузулата во документот за проширување на ЕУ, дека Македонија погрешно ја толкувала историјата, за што се  сеќаваме дека истото тоа беше спречено со вето од страна на Чешка и Словачка. И тогаш пичав дека тоа е проба за перење на Германија од срамното фашистичко минато.

Историјата се повторува, но да потсетам дека „ врховизам“ е и признавање на континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со историското ВМРО и Ванчо Михајлов, неговите фотографии  во штабот, восочната фигура во музејот на ВМРО, дел од преименуваните улици во Скопје за време на режимот на Груевски, тврдењата дека сме „неосвестени бугари“.

Паралелата со Македонија и Украина е легитимна и исправна. Путин го негира постоењето на Украина и Украинците исто како што и бугарската политика го прави тоа за Македонците. Самиот факт дека Зеленски работел и живеел во Русија, не го прави русин исто како што нашите преродбеници живеењето и творењето во Софија не ги прави бугари, но и македонците кои што зеле бугарски пасош за да емигрираат и работат во ЕУ:

 Французите и Германците ги опструираат напорите на Македонија за влез во ЕУ за корист на Бугарија, но  уште пострашно со тоа ја минираат и одбраната на Украина и санкциите кон  Русија.  Стара „курва е Европа“ како што сакаше да каже починатиот професор Маријановиќ, а со право. Мари Ле Пен го кажува тоа што го мисли Макрон, но не смее да го каже, а заедно, Макрон и Меркел во 2008 година го блокираа влезот на Укараина во НАТО сето тоа во корист на Русија и нивниот заеднички интерес, на штета на светот и Европа. И секакоп големо задоволство е каога пробугарските кругови од ВМРО-ДПМНЕ го осудуваат ликот и делото на Ванчо Михајлов,но останувам да се мислам дали лашеле кога го величале или лажат сега кога го осудуваат.

God bless the USA,  Украина и  Македонија!

 

 

Sunday, April 17, 2022

ОД ВМРО-ДПМНЕ ГО „ДОЧАКАА“ ВАНЧО МИХАЈЛОВ

                                                            За прв пат оваа слика ја видов во просториите 
                                                                                         на УМС на ВМРО-ДПМНЕ


Бугарштината и ВМРО-ДПМНЕ  одат заедно, секако со  величањето на Ванчо Михајлов кое за првпат го видов како член во партија, еве го „дочакаа“ да им дојде во Битола!

Севедочењата и фактите говорат дека СДБ ја формирала партијата со цел да ја стави под контрола екстремната и бугарофилската опција во Македонија, по осамостојувањето  под контрола.

Во врска со бугарштината во Македонија, секако имаат путер на главата и видни членови на КПМ, подоцна СДСМ.

Како просечен македонец што потекнува од фамилија која што нема никаква врска со тн„бугарштина“ се приклучив случајно во 1997 година после расколот,  за кој што сведочеше и Александар Диневски во една емисија на интернет.

 Во партијата се приклучив   секако како  дел влијанието од поширокот опкружување и мнозинството на населението во Скопје во  ’90-тите години од минатиот век. Сите веруваме дека ВМРО-ДПМНЕ е патриотска партијата која што ќе го сруши комунизмот во Македонија и ќе донесе промени за подобро и просперитетно општество, дека ќе се води со воведување на мерит систем во сите области, ќе се бори против „Октоподот“  и олигархијата на БЦ, неправедната транзиција, корупција, итн, итн....

Но, не беше така тоа сите го знаме после ’98-та година и промените кои што настапија. ВМРО-ДПМНЕ понуди само доразграбување на државниот капитал и  замена на кадрите во сите области по основ на роднински, пријателски, но и „бугарски врски“. Точно, бугарски врски.

За првпат за  време на кампањата ’98 година  увидов  дека голем дел од раководството како во сениорите така и меѓу младинската да пласираат тези  : „комунистите ни го смениле јазикот“, дека ние македонците  сме биле неосвестени „блгари“, азбуката ни ја смениле, слушнавме и прочитавме за „џуџето од Небрегово“, дека  „сите преродбеници биле блгари“ итн  итн.  Сретнав и видов луѓе кои што навистина се чуствуваат бугари, наследници на луѓе кои имале блиски односи со Ванчо Михајлов, луѓе кои што плачат на бугарска граница, слушнав за Каракачанов и  дека секоја недела се оди од партијата на Пиринска 5 за финансии,  секако се работи како за луѓе од  Македонија така и  за луѓе од дијаспората, особено МПО, но знаев дека е мал нивниот број како што го покажа тоа и последниот попис.

Не можам точно да се сетам, но 2002 или 2003та имаше спот на ВМРО-ДПМНЕ каде штоВаначо Михајлов е покажан како лидер на партијата од историскиот континуитет кој го прогласи ВМРО-ДПМНЕ.

Во тоа време многу мои роднини и пријатели ми реагираа дека сум отишол кај „бугарите“, но се обидував да им објаснам дека не е така дека ВМРО-ДПМНЕ во суштина е патриотска партија, не дека дел раководството и мал број членови негуваат такви чувства, но не беше така длабоко во мене знаев и чуствував, а тоа дури во 2010 го потврди Љубчо Георгиевски, а не разочара, нас патриотскиот дел уште во 2007 година кога бугарското МНР обзнани дека поранешниот премиер „иконата на ВМРО“ зел бугарски пасош. Партиското табу стана јавно.

Груевски се обиде да се оддалечи од тоа наследство со србизација на партијата, тоа го потврди и креаторот на „Српскиот свет“ Александар Ракиќ во едно свое интервју.  Марјан Ѓорчев,  кој ги потврди сите тези на Георгиевски, во своето последно интервју кажа дека се јавиле од Софија пробугарските структури да преминат кај Груевски.  До тогаш сите се чудевме како тие структури до еден се ставија под команда на Мијалков.

Сега кога е клучно да постигнеме договор со Бугарија за да отпочнем преговори со ЕУ смешно е ликовите од партија кои што не убедуваа во нашата бугарштина да го напаѓаат отварањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“, за кој што сметам дека е погрешен избор од страна на бугарската држава. Контраверзна личност со фашистичко минато од од заедничкото историја,   но демократаски е да ги оставиме да го прават тоа, иако е дел од играта на Москав за оддалечување, не само на Македонија туку и на Западниот  Балкан од ЕУ и НАТО.

„ГО ДОЧАКАВТЕ“!

 

Wednesday, April 13, 2022

МИЦКОСКИ, ГРУЕВСКИ И ЦРНАТА ЛИСТА

 


    Конечно заврши на црната листа на САД, Никола Груевски креаторот на режимот и заробената држава, цели 11 години. Со него заслужено  е и неговиот братучед Сашо Мијалков, неговата десна рака или како што сакаше самиот да се фали дека Груевски не би бил ни претседател на Месна заедница кога не би бил тој . Секако разочарани сме што нема и други лица на истата листа, секако што на таа листа  не се најде Јордан Камче, но уште лани од кога му нацртаа дека е крај со Груевски, а и Мицковски, речи да им даде гол во амдибајрамовски стил. Тој беше омилениот олигарх на фамилијата и гарантот за опстанокот на рестовите на длабоката држава  кои што  ја водат македонската економија, но и политика.

Среќа што  Груевски е стар пациент на Бајден, од  времето кога беше потпретседател на САД, поточно од неуспешната средба во Белата куќа во 2011, која  секако не беше забележана само како  неуспех на државниот секретар Хилари Клинтон и амбасадорот Филип Рикер.

Читаме, по не знам кој пат, дека сериозно оваа порака  што се нашле на „Црната листа“ не ја разбираат ни Груевски, ниту Мијалков, ниту пак партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски, секако ќе  беше заборавен од сите доколку  си седеше мирен во егзил во Будимпешта, но неговата психопатологија не го дозволува тоа. Постојат информации дека покрај што учествува во финансирањето на партијата, исто така  и на дневна основа ги координира актуелното раководство и избраните функционери. Мијалков помага финансиски и логистички. Последната акција им беше лани во ноември кога неуспешно се обида да ја срушат владата на СДСМ и  мораше западот да ја спасува преку мисијата на холандскиот премиер Руте. 

Овие активности на Груевски и Мијалков после нивниот пад во политика логично е да ги донесе на црна листа, особено во момети кога целиот запад е свртен кон помош на Украина, а знаеме каков опортунист е Груевски.

Мицкоски уште лани, пред Орце Камчев доби понуда, за последен пат,  да се приклучи кон „Тимот Запад“, но тоа не го стори и остана лојален на Груевски, но  не очекуваше исто како и Груевски и Мијалков дека Орце ќе ја прифати понудата која што беше првенствено наменета  за Мицкоски и ќе ја пушти низ вода фамилијата и режимот.

Се лути сега Груевски, веројатно и Сашо се чувствува предаден.

Капак на се им беше Црната листа на САД, нормална е реакцијата на Груевски и Мијалков, лично се погодени, но проблем е што партијата не ги разбира последиците од санкциите уште помалку и самиот Мицкоски. Портпаролката, дури, излезе на прес со читање на имиња со кои би требало  да се надополни листата, наместо веднаш реагираат и да го осудат и да се оградат како од  Груевски  така и од Мијалков, а сето тоа да е проследено со разрешување на  Груевски од почесен претседател на партијата и  секако, да го исклучат од истата.

После ова и најмалата шанса  ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, пропадна,  а можноста Мицкоски да стане премиер исчезна за секогаш!

Но,  тоа не е се ! Режимот има резервна антизападна партија, нели?!?!

Проценката на западните дипломати е дека Груевски ќе може да издржи со концептот уште 2 до 3 години пред да биде комплетно поразен. Опирањето  на нормалните текови на демократизација на општеството и партијата и гаење на  илузија дека ќе се врати како победник ќе го натераат ги истроши сите украдени пари, но постои и ризик истите да бидат откриени и да бидат замрзнати. Каков крај за режимот, но може да е крај и за ВМРО-ДПМНЕ.


Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...