Monday, December 28, 2020

Во 2001, НЕ во 2003, СЕ ЗНАЕШЕ ДЕКА ГРУЕВСКИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГЕОРГИЕВСКИ

 


 

Со внимание го изгледав гостувањето интервјуто на г. Марјан Ѓорчев кај г. Васко Ефтов,  кое што секако ќе може да се вброи во историските интервјуа кои што ги направил како новинар и аналитичар.

Комплетно се согласувам со наводите дека Ѓорчев требаше да биде природен наследник на г. Љубчо Георгиевски на чело на ВМРО ДПМНЕ, не само партијата туку и Македонија ќе беше поубаво место во поубав филм и тогаш и денес,  да не погрешеше во изборот Георгиевски и не станеше Никола Груевски претседател на партијата, па премиер на Македонија.

 Точно е дека Ѓорчев  имаше убедлива поддршка меѓу делегатите на Конгресот во Охрид во 2003 година, но и пред тоа Ѓорчев уживаше висок рејтинг во партијата и беше омилен потпретседател на паријата иако кадрите околу него имаа слаб капацитет.  Ѓорчев има блага  нарав и не е конфликтен како што се гледа и во самото интервју.

Како  што кажува самиот,  месец дена пред конгресот во Охрид, Георгиевски побарал да ја повлече кандидатурата. Точно е дека во последен момент на конгресот во Охрид во изборот на нов лидер се замеша  Георгиевски, како што кажа и Филип Петровски во претходните интервјуа.

 Единствено само на тој начин Ѓорчев можеше да не биде избран за лидер на партијата и  за наследник на Георгиевски.

Исто така и  поранешниот новинар Зоран Димитровски во еден од своите текстови ќе забележи: „На конгресот во Охрид, расположението на над 70 отсто од делегатите е неговиот(мисли на  Груевски) противкандидат Марјан Ѓорчев да стане нов партиски претседател. Не оти Ѓорчев е вистинска замена за Георгиевски, но во споредба со Груевски, тој е меѓу основачите на партијата, а згора на сѐ е рафиниран и компромисен политичар, кој ја познава историската ВМРО и партијата, а подоцна и државата, може да ја поведе во мирни води.

Но, мислам дека Ѓорчев не знае дека изборот Груевски да биде наследник  на Георгиевски е направен многу порано, а не во 2003 година на конгресот во Охрид.

Првите разузнавачки информации дека Груевски ќе стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ од неформален карактер ги слушнав како член на Регионалната разузнавачка група во рамките на Светската Царинска Организација на состанок во  Лвов во Украина во 2001 година. Тогаш бев член на извршниот комитет на групата за Европа, бев избран веднаш после настаните на 9.11.2001 година со Светскиот Трговски Центар во САД.

На втората вечер во Лвов, на неформалниот дел, претставникот од  Словенија ми раскажа дека имало план  Груевски ќе станел претседател на партијата, а  подоцна премиер, додека  неговите братучеди Сашо , министер за внатрешни работи, а Влатко министер за финансии.

Со скепса и неверување го ислушав, но приказната ми остави најсилен впечаток  од сите информации во тоа време.

По враќањето веднаш му ја пренесов  до детаљ информацијата на директорот г.Драган Даравелски,  кој беше мој претпоставен  како вработен во Одделението за меѓународна соработка во Царинската Управа на Република Македонија. Ми рече да не зборувам со никој за да го проверел тоа кај Георгиевски, па ќе ми кажел што потоа. Јас со Георгиевски во тоа време немав никаков контакт и мислам дека не ни знаел дека постојам. После извесно време Даравелски ми кажа дека му пренел на Георгиевски, а тој  многу се лутел за такви муабети кои што биле  детски глупости и наводно ги ширеле Сашо и  Влатко Мијалкови, а јас добив забрана да зборувам за таа тема.

Во тоа време како што знаеме Георгиевски и неговата екипа повеќе не беа омилени кај западниот фактор и НАТО.

Како што се редеа настаните, подоцна приказната се потврди во скоро сите детали, Груевски стана претседател , па премиер, Сашо Мијалков требаше да биде министер, но го водеше МВР од сенка, а Влатко од сенка ја водеше Царина. Се роди режимот кој изникна од технократијата која што требаше да го смени името на Република Македонија, за ова поопширно во друг текст.

После споделената информација, за жал  мојата разузнавачка кариера во Царина заврши, јас не отидов повеќе на ниту една средба со Групата ниту внатре ниту надвор од Македонија се до смената на Даравелски од позицијата директор на Царина, а после тоа бев деградиран на позиција Виш цариник и во 2003 година ја напуштив Царина.

Да, токму Даравелски кој не беше испорачан од српските правосудни органи на барање од нашите правосудни органи во 2004, а и во 2016 година . Да, токму Даравелски чиј што човек од доверба ,   Александар  Даштевски беше одговорен за граничните премини, кој што  сега е човек од доверба на  Христијан Мицкоски. Да, Драган Даравелски кој повеќе од четири месеци во 2001  држеше опрема на Американската амбасада во Скопје  под царински надзор, заедно со Даштевски и шефот на истраги во тоа време ( не се сеќавам како се викаше), а Американскиот Стејт Департмент мораше да се јавува од Вашингтон кај Георгиевски да врши притисок опремата да биде испорачана. Образложението на Даравелски беше дека со опремата  Американците ќе не прислушувале.  Да, Даравелски кој не беше испорачан од Србија, каде што Груевски беше советник на Српската Влада.

Длабока држава? Не знам.

Дали Георгиевски го чул муабетот? Не знам. Секако многу случајности.  

Thursday, December 24, 2020

НАЧАЛНИЧЕ спашава ОЛИГАРХИЈУ!



    Слугата на Груевски и фамилијата, слугата на сите режими, слугата на олигархијата. повторно е ангажиран да одработи против својот народ и Македонија. Служеше  на  покојни  Ѕинго, служи на Грујо, на Бранко и секако на олигархијата кој  сега ја брани заедно со својот задник. 

Процесот на демонтирањето на олигархијата и  фамилијата започна да се реализира во 2015 година со променлива среќа и филмски пресврти, прво „бомбите“, „Пржино“, СЈО, РЕКЕТ.

2011 е годината кога Македонската олигархија застана комплетно зад Груевски од моментот кога не успеа обидот да се врати Црвенковски на местото премиер.

Да се вратиме на Латас, 11 години служеше на нај ретроградниот режим на Балканот и во Европа, режим на ниво на Лукашенко и Милошевиќ, се ситеше на судбините  на луѓето со кои се изживуваа Мијалков и Груевски, креираше јавно мислење на прогон,  пресметки, манипулираше. Секако имаше гласини за негово учество во  многу криминал, наместени тендери  и слично. Го имаше во бомбите каде што се со глас и лично ја слушнавме  целата негова патологија.  За дел од криминалот што лично го сторил се водат и судски спорови.  Латас  имаше впечаток дека ќе се извлече и едно време не го напаѓаше Заев и Владата.

Неговиот крик за народ на улиците  и приказната дека народот бил апатичен и психијатриски  случај е во рамките на неговата  матрица за потценување на народот од  златните времиња на пропагандната машинерија на Груевски и режимот за перење мозоци,  во која и  тој  самиот креираше дел и го предводеше .

Јасно е дека  го „боли“  тоа што  истата машинерија е препознаена и  конечно е оценета како место од каде што се шират лажни вести и се перат пари, а сето тоа е  потврдено  со студија, финансирана од ЕУ. Се жали на цензура, а самиот цензурираше.

Неговата пизма кон Заев, Шеќеринска и Герогиевски точно ја оцртува не само неговата омраза затоа што не му помогнале да се извлече од судскиот процес туку и начинот како ќе се одвива политичката битка за преживување на Груевски, фамилијата, Бранко и олигархијата. 

Точно лоцирал и кажа дека Заев и Шеќеринска се таргетот од страна на СДСМ и Георгиевски е таргетот од страна на  ВМРО-овска провиниенција. Веројатно ги  исплашило последното интервјуто на Марјан Ѓорчев кај Васко Ефтов и настапите, претходно на Георгиевски, од кои што може да толкува, како најава за  обид за реституција на ВМРО од моментот кога го презеде Груевски и ја однесе Македонија во сосема лош филм и состојба во која што живееме и денес.

Бранко и кировистите, односно Асномистите се целната група со која ќе се обиде да се прави преврат во социјалдемократскиот дел на гласачкото тело. СДСМ го нарече дека е залутана фирма без идеологија. Најави дека би можело да гласа за Апасиев, на пример. Тоа се двете точки на идната политичка борба.

Третата точка е ВМРО-ДПМНЕ и преку неговиот исказ јасно може да се заклучи дека Бранко смета и на ВМРО-ДПМНЕ, но со нов лидер.  

Народот го слушна Латас во бомбите и 11 години го гледаше и слушаше како служи на режимот и конечно го прочита и не паѓа повеќе на неговите манипулации, да, не му помага ниту алузијата со евреите и вратата. Режимот на Груевски чукна на многу врати, но Латас тогаш го немаше. Зошто народот сега да го има кога Латас и режимот треба да одговараат?!?!

Секако следи интересна политичка Нова 2021 година.

Tuesday, December 22, 2020

Македонци сме со векови!

 Ние не сме Срби, Бугари нит Грци,

Македонци сме со векови!


Македонци сме со векови, но премиерот Заев не откри топла вода и среќа што наспроти него преговараат бугарски владетели кои што донесуваат лоши одуки поради своето незнаење, ароганција и функционална неписменост како што пишува Евгениј Дајнов, бугарски политиколог, дипломец на Оксфорд и професор на Новиот бугарски универзитет во текст објавен во бугарскиот весник „Дневник“ под наслов „Тито против тато?“

 

Ќе се согласите дека навистина е чудно како, лик како Каракачанов е министер во земја членка на ЕУ, за неговите  изјави нема ни потреба за коментар.

Веројатно Каракачанов, а и самиот Борисов,  не можат да разберат дека со тепање не се станува ниту Бугарин како што со тепање не се станува Македонец ниту пак Грк, ниту пак Србин.

 

Србите тоа го сфатија за време на Тито, но сепак основата правилно да го сфати македонското прашање допринел  Моша Пијаде кој предавал сликање во Охрид од 1913 до 1915 година.  Иако и самиот за време на првата светска војна известувал и застапувал велико српски позиции како дописник . Лично сметам дека е грешка преименувањето на средното училиште наречено по неговото име затоа што има голем придонес во основањето на современата Македонска држава заедно со Гоце Делчев и секако да не ја изоставиме и Мис Стон.

 

            Додека пак, Бугарија и Бугарите имаат сериозен проблем со тоа и со историските факти и правото на народите на самоопределување како и сфаќањето на индивидуалните човекови права. Како што кажа и поранешниот премиер Георгиевски во ТВ интервју и самата Бугарска комунистичка партија го споменува македонскиот народ уште во 20тите години од 20ти век. Големата  улога за  Македонското прашање на Георги Димитров секако нема да  забораваме  да ја споменеме, но за жал наследството на Тато, Тодор Живков пренесено преку неговиот телохранител, бивш пожарникар сега премиер е проблематично во современите политички и историски текови. Се надевам дека Борисов ќе замине во март од поличката сцена.

 

Правото да се чувствува некој Бугарин секако е основно човеково право и тоа треба да го почитуваме во Македонија, но да се биде Македонец треба да го почитуваат сите, пред се Бугарија и самите Бугари.  

Србите тоа го прифатија низ времето  на живеење во заедничката држава, додека Грците полека го прават  тоа и сфаќаат  со мали тешкотии после Преспанскиот договор.

Историски пропагандите од 19 Век се комплетно погрешни и не може да се применат во денешно време.

 

Постоењето на Македонската нација и јазик се историски факти и нивното негирање претставува  чист фашизам!

Факт е  постоење на Македонската современа држава како историски стремеж на Македонците низ историјата. Држава  која што сега се нарекува Република Северна Македонија, скратено  Македонија.

Friday, December 18, 2020

ЛИЦЕМЕРНАТА АНГЕЛА МЕРКЕЛ

 



Покрај јасната позиција на американската дипломатија искажана преку амбасадорот Рикер, неколку пати, дека Македонија и земјите членки на ЕУ треба да продолжат да бараат решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на земјата во ЕУ, зачудува перфидниот обид на канцеларката Меркел да ги прифати притисоците на Бугарија за вметнување на билатерален спор, односно да го протне бугарскиот став за тоа дека Македонија ја фалсификувала историјата. 


Претходно, Амбасадата на САД во Скопје објавувајќи го делот од писмото на амбасадорот Рикер,  на твитер, сакаше само да ја појасни позицијата на американската администрација:

„Ве охрабруваме и вас и земјите од ЕУ да барате решение за билатералите прашања надвор од интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ“. 


Ова  беше обид пластично да им се нацрта нивната позиција како  на македонските политичари и јавност така и на бугарските, но и покрај се станува нејасно зошто тоа не го сфатила канцеларката Меркел?! 


Позицијата на амбасадор  Филип Рикер, самиот ја повтори и во своето обраќање на онлајн форумот „Да се биде безбеден“ во организација на Атлантскиот сојуз на Црна Гора, повторно потенцирајќи дека Европската унија не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок на Северна Македонија во интеграциите.


    Лично имам впечаток дека и германскиот министер за надворешни работи г-динот  Рот го сфатил сево ова, но не и самата канцеларка.


    Обидот на мала врата да се протне реченица за погрешно толкувана историја која што секако алудира на тоа дека Македонија ја фалсификувала историјата повторно беше силен аларм за нашите пријатели да реагиираат, пред се мислам на САД и амбасадорот Рикер. Реакцијата беше буквално пет за дванаесет.

Секако зачуди  молкот на нашата Влада ден претходно по ова битно прашање , но и на  медиумите, се до заедничката реакција на Чешка и Полска.

Целата ситуација ја спасија Прага и Братислава, се зборува дека и Виена е на таа линија.

Тие објавија  заеднички став во кој официјално потврдуваат дека не можат да се согласат со заклучоците предложени од германското претседателство. Главен проблем е реченицата за „погрешно толкување на историјата“.

Германската канцеларка  Меркел завчера во Бундестагот беше обвинета од  пратеникот од нејзината партија ЦДУ, Гинтер Крихбаум дека подлегнала на притисоците на Борисов и на Бугарија за наметнување на билатерални барања во процесот на пристапување. На обвинувањето и прашањето,  Меркел беше многу кратка во одговорот, рече дека :

„Уште еднаш разговарав со бугарскиот премиер Бојко Борисов и се надевам дека овие прашања ќе се надминат во блиска иднина“.


Сега преговарачката рамка е замрзната на неодредено време за Македонија, но обидот да се вметне фашистичката клаузула за некакво фалсификување на историјата конечно ги симна маските на Меркел и Германија. Тоа значи дека ние нема пријател во Германија и тие се комплетно ставени на страната на Бугарија во толкувањето на историјата, но среќа е што имаме други сојузници во рамките на самата ЕУ и секако да не ги изоставиме и надворешните светски фактори, големиот пријател на Македонија, амбасадорот Рикер и секако САД. 

Веднаш   Владата на Македонија , но и партијата ВМРО - ДПМНЕ која што ваши за блиска до Германија треба да ги преиспитаат односите како со Меркел и ЦДУ така со Борисов и Каракачанов.

Лицемерието на канцелраката е огромно од причина што самата ветуваше дека ако го смениме името ќе влеземе во ЕУ.




Wednesday, December 16, 2020

КРИКОТ НА ТРАНЗИЦИСКАТА ОЛИГАРХИЈА И ЗОШТО ТРИФУН КОСТОВСКИ НЕ Е ВО ПРИТВОР?!

Има неколку сличности со ликвидацијата на Македонска Банка во 2007 година и стечајот на Еуростандард банката ова година. Евидентна е спората реакција на двајцата Гувернери на НБРМ, тогаш Петар Гошев,  сега Анита Ангеловска Бежоска, но ќе веруваме дека тоа било  се со цел да не  предизвикаат паника и поголем колапс како и да ја зачуваат стабилноста и  довербата во  банкарскиот систем на Македонија. 
Навидум ништо посебно и во двата случаи, можеби менаџментот на банките правел некои манипулации   со кредитите и со ризични  пласмани базирани на лоши процени и лоша кадровска политика,  но сепак суштината е многу подлабока и има сомненија дека се  задира не само во политиката и криминалот  туку и подлабоко, сериозно  во двата случаи  се задира во  геополитика односно во сударот на истокот и западот. 
    Евидентно е дека на гласините и шпекулациите во јавноста дека се случуваат нелегални активност во двете банки, своевремено, Обвинителството  за организиран криминал не реагира или пак реагира пост фестум, а погодувате дека  обвинителка за организиран криминал и тогаш и сега е Вилма Русковска. 
    Во 2007 година гувернерот Петар Гошев ја ликвидираше банка после барањето на ММФ и Светската банка, како што кажува и самиот, додека гостуваше во емисија на Јадранка Костова и објаснува за банката на белосветскиот хохштаплер, газда Нини чии што траги водат преку  банкарката на Милошевиќ, Бранка Вучиќ, до нечистиот транзициски капитал на самиот Милошевиќ и длабоката екс Ју држава чија што испостава се уште делува во Македонија и регионално  и секако учествува во разни  криминалии и политички  сплетки и смутови како што сведочи самиот премиер Заев, но и екс премиерот Георгиевски како и проминентни новинари и аналитичари. 
Последната активност на оваа длабоката држава, секако погодувате,  беше да се спречи влезот на Македонија во НАТО односно спречување на Преспанскиот договор, како што кажа и американскиот државен секретар Помпео и секако одработување за ветото од Бугарија за Македонија за да се спречи отпочнувањето на  преговорите со ЕУ, за ова поопширно друг текст. 
Тоа е таа длабока држава составена од транзициски олигарси, политичари, банкари, бизнисмени, сегашни и поранешни службеници на разузнавањето и безбедносните служби, сите оние актери кои што се главни учесници во сите крупни криминални зделки и афери, а кои што претежно не одговараат пред лицето на правдата или местат статисти да одговараат место  нив. 
Но, да се вратиме кон стечајот на Еуростандрад банка. Прв кој што објави јавно  за тоа дека  нешто чудно се случува со банката уште пред една година  стечајот беше таблоидниот новинар Зоран Божиновски, но  истата информација многу луѓе не ја зедоа за сериозно, а Коста Костовски, синот на Трифун Костовски, мнозински акционер и член на менаџментот во банката, редовно  почна да  оди и да  се враќа пешки од работа по улицата Македонија, веројатно со цел за да го видат и да покаже дека се е во ред со банката и дека гласините се невистинити. 
    Обвинителката Русковска  паметно си молчела цело време или пак не знаела ништо штом  не презела никакви дејствија исто како во случајот со Македонска банка, но и со поновиот случај Рекет за кој што  мораше да реагира после подолго време под притисок на јавноста и барањето на претседателот Пендаровски да се врати од одмор и да почне  да работи. 
    Во периодот пред  стечајот на Еуростандард  банката се случуваат многу сомнителни работи како што е примерот на  статистката  во Владата на Заев, екс министерка за финансии Нина Ангеловска, за која што имаше  гласини и истите  се потврдија  дека по добиени инсајдерски информации  си ги спасила парите од депозитот во висина од 200 000 евра во бакната и дека со тоа си  купува стан. Под притисок на јавноста мораше да даде оставка и да замине од позицијата министер.
 Исто така има гласини дека и ќерката на Трифун Костовски, Олга која што е директорка на Еуролинк осигурување префрлила депозит од 10 милиони евра во друга банка пред самиот стечај, но сето тоа ќе мора сега, сакала или не, да го истражи обвинителката Русковска. 
    Се слуша дека се работи на обвинение, но  деновиве се објави дека е поднесено  обвинение околу  приватизацијата на Поштенска Банка која што своевремено е споена со Еуростандард банката. За истиот случај требаше да се поведе постапка од страна на СЈО и Катица Јанева која што заврши неславно како што знаеме во случајот Рекет заедно со Боки 13 и барала од обвинителите лицата наведени во обвинението за Поштенска банка да не одговараат, само да платат парична казна. 
Секако дека стечајот на Еуростанадар банката ги изненади сите, а најмногу обвинителството.  
    Обвинителството за организиран криминал после стечајот на банката делува како да е приморано да ја работи својата работа  и дека мора да започне да го стега обрачот околу главните учесници во скандалот. Самите осомничени како да си ја ишкаат мувата од капата и  започнаа да се правдаат во јавноста и да бидат гласни во своето бранење и правдање дека се невини и  да обвинуваат други за криминалот, истите   гостуваат по медиумите и   бараат оставка од гувернерката Бежоска, секако пред се тука мислам на Трифун Костовски.
     За него  сите се криви освен тој самиот и неговиот син Коста. Како што знаеме Трифун Костовски важи за прилично влијателна јавна личност и самиот е  фигура  од транзицискиот период и секако лице  од  современата политика како поранешен пратеник и градоначалник секако добро поврзан со сите политички гарнитури, кој што  имаше неуспешен обид да формира партија во 2011 година.
Особено е интересно што како сопственик на банката односно акционер и  поранешен претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард банка требало да знае и е одговорен за многу работи во банката секако и нелегалните. 
Неговите активност на јавната сцена, а не знаеме можеби и тие  зад кулисите, секако  се квалификуваат согласно со членот 165 од Законот за кривична постапка  и слободно може обвинителството да побара, а судот да му се определи  притвор се  со цел за да не го попречува водењето на  постапката односно  истрагата  од причина што  самото  негово присуство во медиумите јасно укажуваат на  обидот да  ја попречи и веројатно да влијае врз самите сведоците, соучесници, помагачи, но и врз обвинителот, истражителите и гувернерот. 
 Додека пак неговиот син Коста  со самото тоа што формирал фирма која што ќе се бави со финансиска дејност отвара можност и го  оправдува стравот дека ќе го повтори кривичното дело за кое што се зборува дека се осомничени.
Секако и на двете прашања зошто не е побаран притвор доколку има истрага  одговор на јавноста и оштетените го должи самата  обвинителката Русковска.
    Но, тоа не е се! Секако ќе следиме интересен расплет на настаните,  јавноста заслужува да добие одговори и на други прашања, како на пример:  Каква е улогата на Горан Трајковски, кадарот на Груевски кој што беше поставен за директор во последната година на Еуростандар банката и со тоа каква е улогата на самиот Груевски и неговата фамилија и делови на режимот како во Еуростандар банка така и во приватизацијата на Поштенска банка и дали учествува во сопственичкиот капитал на банките и дали тргувал со своето влијание како премиер, во времето кога бил?  Секако треба да се истражи и улогата на актуелниот премиер Заев и неговата фамилија во врска со  кредитирањето на нивните фирми од страна на Еуростандард банката.
Каков капитал се перел во Еуростандар банка и од каде? 

    И секако на крајот зошто молчеле обвинителството , финансиската полиција и сите македонски институции и зошто се чекало на светските монетарни авторите да извршат притисок врз НБРМ за да определи стечај на Еуростанадард банка?


 

Monday, December 14, 2020

АБЕР ОД ВАШИНГТОН


-текстот е објавен како статус на ФБ на 29.11.2020 година-


Писмо кое што го најавува неповолниот расплет за опзицијата.

Писмото упатено до македонската Влада од страна на амбасадорот Рикер е сериозна порака како до нашата Влада, до бугарската Влада така и до македонската опозиција.
Во минатото амбасадорот Рикер има забележано дека нашите дипломати не знаат да читаа дипломатски пораки, но тоа сметам дека и денес не е сменето.
Во врска со договорот со Бугарија, премиерот Заев имаше конкретна рамка зададена од нашите НАТО партнери како да ги води преговорите со Бугарија.
Рамката е дека имаме заедничка ( common/shared) историја со Бугарија и од неа произлегле како македонците така и бугарите, нашите држави и нашите јазици.
Заев тоа го кажа, но во продолжение во несреќното интервју импровизираше до бескрај што е недозволиво за решавање на ваков историски проблем и спор. На интервјуто требаше да излезе спремен со концепт во рамките на тоа што му било кажано, поткрепено со историски поенти и да не меша баби и жаби.


Денеска, американската дипломатија, промптно, преку амбасадорот Рикер го спасува својот пулен со писмото упатено до Владата за да ги извади од бербатот што го направи со лошото интервју за кое што ретерираше и самиот Заев.
Опозицијата на чело со Мицкоски и Апазиев помогната од Црвенковски спреми неуспешен обид за ново парламентарно мнозинство. За сите нив постојат основани сомненија дека се во блиски врски со Каракачанов и неговата проруска, анти македонска и анти нато политика. Има основани сомненија дека последните потезите на опозицијата се влечени во координација на опозицијата во Скопје со Владата во Софија.
Јасно е дека опозицијата ја поведе инстинктот за политичка капитализација на моментот и обид за создавање на ново парламентарно мнозинство, но сето е погрешно од неколку причини:
1. Во САД победи Бајден, но и да не победеше американската меѓународна политика е конзистентна во нашиот регион, секако со Бајден ќе биде поактивна.
2.Бојко и Каракачанов ја завршуваат својата политичка кариера, секако Бојко со тешки афери и сега двајцата се борат да спасат било што , но влегуваат во рамки на дефиницијата за клептократите кои што ќе бидат демонтирани во наредниот период заедно со Орбан.
3. Брифингот за лидерот на опозицијата која го има дадено токму Рикер уште во 2018 година е дека на Христијан Мицкоски не може да му се верува, тој си знае зошто и со тоа стави јасно до знаење, по којзнае кој пат, заедно со амбасадорката Брнс, дека немаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ меѓународна поддршка.
4. Бранко Црвенковски ја заврши својата кариера во 2011 година.
5. Олигархијата и длабоката држава која што ја создаде БЦ и дел од нив преминаа кај Никола Груевски, а сега е со Мицкоски се во немилост на меѓународниот фактор, но за тоа во друг текст.
Од сето наведено може да се заклучи дека за да се формира ново парламентарно мнозинство недостасува меѓународнатa поддршка, нашите сојузници цврсто стојат позади Владата во овој момент иако неумесноста на Заев го троши нивното трпение како што го потроши Груевски со манипулациите дека ќе ги реши проблемите со Грција и Бугарија.
Сега целиот товар од овој неуспешен обид за НПМ е на грбот на Мицкоски за кој што мислам дека нема да може уште долго да се брани од барањата за оставка како и со фактот дека си ја влоши и така лошата меѓународна позиција во која ја доведе и партијата, секако по своја вина, сето тоа со помош на лошите советници, погрешната кадровска политика и секако со наследството од 11 годишниот режим на фамилијата.

АРЕН МАЖ НА ЗБОРОТ НЕ СТОИ


АРЕН МАЖ НА ЗБОРОТ НЕ СТОИ

-стара македонска-

Текстот е објавен на 10 Декември 2020 на Facebook


    Вчерашната прес конференција на премиерот Зоран Заев дополнително ги потврди тезите дека со интервјуто за БГНЕС и со предлозите што ги дал до бугарската страна драстично излезе од преговарачката рамка која што му беше зададена од нашите сојузници, поточно САД. Такво посипување со пепел на јавната политичка сцена е од невидени размери во поширокиот регион. Сета среќа како за него така и за нас што целиот процес будно се следи од американската дипломатија која иако е во фаза на транзиција по изборите во ноември. Тука веднаш да ги разочарам бриферите на опозицијата, амбасадорот Рикер нема да биде сменет иако шират лажни вести за што беа сертифицирани. Истата ситуација ја користи и Борисов за да остане на власт.

    Фашистичка определба на Бугарија во втората светска војна и антифашистичката основа на современата македонска држава не може да се избришат како историски факт со било каква и да е уценa од бугарска страна или наше прифаќање или пак можеби пак комплетно усогласување со желбите на определени тесни про бугарски кругови во Македонија.
Македонскиот идентитет и јазик се признати во целиот свет и се факт за кој не требаше да се преговара ниту пак имаше потреба и било каква основа да се признава било што.
Желбата за наметнување на анахроните бугарски ставови базирани на пропагандите од 19 век конечно се јавно осудени од ЕУ и членки, но треба да знаеме дека и германската историографија е на линија бугарската и руската.

     Таквото толкување на историјата за среќа е спротивна на гледањето и интересите на нашите најголеми сојузници САД, кои што успеаја да не интегрираат во НАТО, но за почеток на преговори со ЕУ и полноправно членство нема никаква гаранција што се потврди со ветото од Бугарија.

    Секако дека ние треба да го инкорпорираме ЕУ правото и стандардите и без да започнеме преговори се со цел доброто и просперитетот на државата и граѓаните.
Ставот на специјалниот преговарача г-динот Бучковски да се вклучат германски историчари во комисијата е погрешен и е директно спротивен како на нашите, те, македонски интереси така и на американските.

    Исто така, било какво толкување на минатото од големо бугарски позиции оди директно во прилог на Русија.
Како што знаме Каракачанов иако е министер за одбрана на Бугарија не поседува НАТО безбедносен сертификат и се погласни шпекулациите дека нашата опозиција директно соработува со него за спроведување на руската политика на Балканот.
Се зборува дека со помош на македонската опозицијата се делува координирано и дека во моментов на сите анкети за рејтинзите, партијата на Борисов има пораст на рејтингот од 7%.
Борбата на Борис0в и Каракачанов е да останат на власт и да не ги загубат изборите во март 2021 година, а се отвара прашањето за што е борбата на македонската опозиција?

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...