Thursday, March 31, 2022

ВРЕМЕ ЗА ОДГОВОРНОСТ !

 


Мислам од каде да почнам, најпрво се мислев дали и да пишувам, но очигледно темата за пописот е многу актуелна од причина што во јавноста  се бара кривецот зошто не се попишале 7,2 отсто од граѓаните?!

Пописот се спроведе успешно и тој требаше да се случи, секако.

Демографски секако сме поразени сите затоа што населението се иселува, а старееме  како популација, се зголемува бројот на пензионери се иселуваат младите. Негативната селекција, корупцијата, дефектната демократија си го  прават своето. Ѓаволот ја однел шегата.

Општа е согласноста дека кривецот е  сеако,  Левица на Апасиев, но најголем кривец погодувате, секако, е токму лично господинот  Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ. Често и самиот се натпреваруваше со реториката на Апасиев за многу клучни прашања. Реторика на Мицкоски е таа што го спречи да стане премиер во неколку наврати.

Искрено сите се уморивме од неговите политики во овие 5 години од кога е на чело на партијата. Не истроши сит, веројатно и партиското членство е заморено од него.

Настаните  околу пописот многу  едноставно го прикажуваат сето погоре опишано, сега им е јасно на сите како (не)функционира политиката на Мицкоски

Прво се собираа потписи да се одложи пописот, па се закануваа дека нема да го признаат, па го признаа, па ќе спроведеле нов попис, па да се допопишеле тие што не се попишале, аман Мицкоски доста водеше политика!

Мицкоски ги  промаши сите крупни процеси и настани како во геополитика така и во домашната политика, но проблемот е дека  покрај тоа што тоа  е штетно  за членовите и партијата тоа е поштетно за целата држава и сите граѓани. За пописот требаше недвосмислено да повика да се попишат сите, како дома така и во дијаспората.


Пописот нека биде само повод за оставка на Кристијан Мицкоски, секако,  се повеќе и се подлабоки за конечно да ја заврши својата неуспешна кариера како лидер на најголемата опозициска партија.

 5 изгубени години како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, драги мои!

Уште еден крупен настан треба да помогне за побрза одлука, разрешувањето на  директорот  на француското воено разузнавање    поради погрешни процени, но сигурно не само поради Украина.

Само да потсетам дека  добар дел  информациите на Комисијата за безбедност на Мицкоски, која што е клучна за и формирање на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, доаѓаа и се базираа врз основа на соработката со  од француското разузнавање, поточно   од соработката со поранешниот амбасадор Кристијан Тимоние.

Се сеќаваат членовите на ДПМНЕ за се уште свежиот наратив: „Од сигурни извори, американците губат интерес за Балканот,но  французите и германците преземаат  и клоца ќе добијат америте, се е договорено  со Путин“.

Ќе потсетам дека не случајно во студија на ЕУ токму Мицкоски беше посочен како извор на лажни вести, заедно со Груевски, Николоски  и други. За демантите од  Чешка и Словачка исто така се сеќавате, погрешниот став за преговорите со Бугарија и да не набројувам понатаму.

Клучна е процената со кого ќе соработува еден политичар, тоа  влијае на политиките што ги води и одлуките што ги донесува , во  случајот на Мицкоски,  погрешни . Патетчно е да се вади од „кашата“ која што сам ја запржи за пописот и сега се „дави“.

Фер е, не само заради пописот, туку заради граѓаните да поднесете оставка господинот Мицкоски, а со тоа да ги откочи промените, не само во партијата туку и во државата.

Saturday, March 26, 2022

КАМЧЕВ ГО ПОТОПИ МИЦКОСКИ

 

                                                Брат за брат, кожинка за пари!

Каков гол драги, гледачиии, Камчев и гоооооолллллллллллллл, во мрежата на Христијан Мицкоски, каков гооол, во последната минутааа, да се изразам со фудбалски речник vis a vis победата на Македонија над Италија,. Голот  на Александар Трајковски донесе голема радост за фудбалската репрезентација и народ ,  граѓанство ако сакате.

Во истиод ден, предходно се случи и голем потрес на политичката сцена исто така. Сведочењето на Орце Камчев,  секако и на екс кумот на Груевски за  случајот со  „Плацови на Водно“ го затече и вџаши самиот Груевски. Изостана реакција од ботовите и медиумите под негова контрола,   до вчера вечер немаше реакција и од Христијан Мицкоски, секако и од ВМРО-ДПМНЕ. Ја  чекав реакцијата со нетрпрние.

Овие сведочења не е се само гол, туку се и „глогов колец “ во политичкиот корпус на фамилијата , самиот  Груевски  и секако торпедо за Христијан Мицкоски.

Реакцијата пристигна вчера на Мицкоски и е во стилот на  ни риба, ни девојка,, бил згрозен од  тврдењата на сведоците, но би сакал да го слушне мислењето на неговиот лидер Груевски.  Веројатно се грози и од секоја минута помината во белата „Шампита“.

Г-дине Мицскоски, па си  напиша фејсбук ферман Груевски, не го прочита?!? Со ова реакција уште еднаш потврди дека не ја прекинал „папочната врска“ со Господарот.

Исто така оваа изјава потврдува дека Мицкоски  не само што е надвор од главните регионални и глобални гео-политички  процеси  туку дека Мицкоски е надвор и од домашните општествено политички токови и процеси. Мицкоски не располага со релевантни и благовремени информации.

Целата своја кариера како лидер ја потроши за спас на Орце Камчев. Кога се среќаваше со странските фактори наместо да ги јакне своите позиции и позициите на партија, тој молеше и бараше спас за Орце и неговата Империја. Наместо тој да се откаже од Орце, Орце го продаде Груевски, но со тоа го потопи и Мицкоски. Евтино ги продаде нивните политички кожинки.

Наративот на Мицкоски беше дека Орце му помогнал кога му било најтешко како претседател на ДПМНЕ, платил струја и репрограмирал некои долгови на партијата, но дека Орце и многу му помогнал и кога родителите на Мицкоски биле болни од Ковид 19. Главниот адвокат на партијата беше пратен на испомош кај Орце, итн, итн.

Како што пишува Груевски, Орце е „стар пазарџија“, а се бореше „кучето“ за својот спас, да го искористам речникот на Мијалков. Орце неколку пати беше блиску заедно со помош на странски служби и ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски да ја сруши Владата на Заев, да предизвика дури и регионална нестабилност во НАТО земја, го сруши СЈО. Орце предходно  се има спасено од кривичен прогон  за затајување на данок и воедно е креатор на „Иперијата“ на фамилијата односно тој е идеологот како фамилијата од голтари станаа милионери со тоа што ги воведе во оф шор шемите и  лавиринти  за перење пари. Главниот фирмаџија на режимот.

Наивно беше Мицкоски да му верува на Орце, особено од кога во правосудните кулоари се прошепоте дека се спрема нешто, а на сето тоа  плус се надоврза признанието на вина од страна на Протуѓер, Гордана и Миле. Година и пол се стари тие муабети, Мицкоски или не слушнал или не сакал да слушне, но сведоци сме дека често самиот е жртва или е креатор на лажните вести. Оверено од ЕУ. Некој близок веројатно му ги сервира. Секако може да му се оддаде признание на Мицкоски е комплетно лојален кон Груевски и неговите политики.

Денес, слободно може да заклучиме дека  после 5 години од како е претседател Мицкоски конечно и  Орце, главната тупаница на режимот, изгубил верба дека Мицкоски има било каква перспектива и капацитет да стане премиер, а со тоа  да им помогне нему и на сите други кои што гнијат по затворите заради Груевски и фамилијата. И Орце не верува дека ќе се врати Груевски како победник.

 Нема светење,  господине Мицкоски.

Погрешните информации создаваат погрешни  перцепции и се основна причина за креирање на погрешни политики.  

После овие сведочења сериозен раскол е на повидок во ВМРО-ДПМНЕ.

На здравје бричење!

Friday, March 25, 2022

ГРУЕВСКИ, КАМЧЕВ И ФИРМИТЕ

 

                                                            ДУО-ТРИО фирмаџии

Радосни сме сите за победата на Македонија над Италија, големи честитки за победата!!!

Покрај победата  над Италија, клучен настан вчера се сведочењата на Камчев и Новачевски, за кои што Груевски си напиша ферман на фејсбук статус.

Со кого тоа  Никола Груевски правел партија?!?!? Ццццццццццц, не ми се верува, кумот бесрамено лажел, Орце познат пазарџија, бесрамни лажговци, ножиња во грбот, предавници...

Веројатно се се сќавате кога овие споменати лица, со пиштол на чело, а  и претходните издаици кои што ги искара Груевски,  удобно си живееа на грбот на народот и слугуваана  режимот  додека сите други страдавме. Стално се луѓево со пиштолот на чело?!?!?!?

Настрана сарказмот и иронија, ова е писание за конечна финална пресметка на нашиот каков таков судски систем со остатоците од режимот и идеите за негова реституција во блиска иднина.

Предолго  трае процесот на демистификацијата  и рушење на режимот на  Никола Груевски ,од 2015 година наваму.

Како што сведочеше  Орце Камчев, Груевски е одмаздољубив и тоа е факт. Исто така е очигледно дека Камчев се пазарил за својот спас од злоделата кои ги што ги сторил за време на режимот на Груевски како битен олигарх на фамилијата- факт.

Точно е дека стравот од одмаздољубивоста на Груевски е оправдан кај  сите , па и стравот кај неговите слугите.

 Да не заборавиме многу од господарите и слугите кои што беа битни во режимот  од голтари станаа милионери, како што кажа Мицкоски.

 Се сеќавам како вчера, кога го сретнав Ристе Н. после настаните на Панорама во продавница за рамки во ТЦ Скопјанка, го поздравив куртоазно и разменивме некој збор, му беше непријатно од причина што  ја бев „непријател“ на неговиот  лидер  и кум, односно бев првиот што се спротивставуваше на криминалните комбинации од Груевски и фамилијата, за кои криминалии си бараа маши односно слепи извршители, а пазете уште не беа ни дојдени на власт, зборувам за периодот  2003-2004 година, некаде.

Ќе биде убаво  да се потсети  и  Ристе дека му кажав што и да прави да си гледа бизнисот и да не се меша во политика од причина што лесно било кој може да заглави како Ламбе и Војо кои што беа актуелни тогаш. Истото му го кажав и на Миле, во друга прилика, но ете сега кога веќе се демонтира режимот јавно признава дека не би се занимавал со политика доколку занел што ќе му се случи....Знаеше Миле, знаеше,  ама убави беа привилегиите и кешот од слугувањето кај Груевски. Ви направи Груевски филм дека се грижи за своите кадри, немаше нели друга опција за да бидете слепи послушници?!!?!

„Бетонирањето“ на остатоците на режимот започна токму со признавањето на вината од слугите на режимот како  што се Протуѓер, Горда и Миле, за „Титаник“ а за наша радост продолжува со Камчев и Ристе. Веројатно тоа не им е јасно само на Мицкоски и врвот околу него кој уште рапортира кај лидерот во егзил.

Орце Камчев не го познавам и не сум го сретнал никогаш, но симптоматично е дека не само Сирах туку и други партиски фирми завршуваат кај неговиот слуга Нено, така си го викаат.

Фирмите кои Груевски и слугите ги основаа и преземаа на претек  секако е  прашање како за актерите во настанатите, јавноста,  но и обвинителството.

Како на пример, чија е ШЕРИЛ ЛЛЦ од Делавер, зошто нема истарага и зошто сега е избришана во регистарот на фирми таму?!?!?!  Како тоа,  многу  од фирми завршуваат кај тој Нено, на пример? Дали Михајло Маневски, секако  и кој го пратил,   му помагл не смо  на тој фамозен Нено туку и на Орце и да ги брише трагите во истрагата за Империја? Дали со амнестијата и со спасот на Орце нема да преживее дел од режимот?!

 Практично гледаме лекции како „голтарите“ дрмаат се уште во сите сфери на општеството, но тоа е битно за падот на структури режимот, спас на демократијата и секако подобрување на угледот и довербата како во судовите, исто така и во обвинителството.

Не се откажал се уште Груевски, зошто да се откажеме ние од финална победа и разбивање на неговите структури ?!

Tuesday, March 22, 2022

ПОДРЖИ МИ ГО ГОЛТАРОВ, ДА СЕ ПОСМЕАМ НА ГОЛТАРИВЕ!

 

                                            Секако фали претставник од ДУИ на сликата

Изјавата на г-дин Христијан Мицкоски дека политичарите влегуваат како голтари и стануваат милијардери е сосема точна.  Истата изјава ја отсликува суровата реалност во последниве 30-тина години во Македонија,  но сепак не остава сите нас во чуденки затоа што не знам по кои критериуми самиот тој не се смета дека е опфатен со изјавата.  Неговиот ПР навистиба не ми е јасно што сака да постигне?!?! Наместо да се засрами и да се извини за режимот?!

Изјавата, секако  го размрда домашното досадно, политичкото устоено мочуриште и давењето  на нашите партии со изјавите и позициите спрема  инвазијата на Украина од страна на  Путин.

За жал, економијата ни е и увозно и извозно зависна токму од Украина и Руската федерација, голтарите, кои што  ги спомена Мицкоски, 30 години не успеаја да направат некој посериозен продор и освојување на нови западни пазари.  

Инвазијата врз Украина, која што секако е за осуда и е стравична не  замрзна сите нас  психолошки, но и ја замрзна и онака задреманата економијата водена токму од голтарите.

И за чудо веднаш тука се јави г-дин Артан Груби кој веројатно си ја ишка мувата на капата, но веднаш, секако сакам да потенцирам дека моево писание нема етничка определба.

Ние, обичните граѓани на Македонија сме робови, без разлика на етничката припадност на голтарите кои што ги спомена Мицкоски.

Многу од нас се иселија  од државата, а оние кои што остана тука се принудени  да работи за минимални плати или да се увлекува во задниците  на голтарите преку членување по партии, одење по митинзи,  собирање сигурни гласачи или купување на работни места, секако мора да се снаоѓа народот, треба да се преживее. Ако пркне некој самостојно во бизнисот, преку иновација веднаш му се „сече“ главата.

Цели 30 години сите  се давиме во корупција и организиран криминал во секоја пора на општеството, сведоци сме дека немаме никаков напредок, туку назадуваме во сите области, за жал и образованието.

Поради тие голтари имаме, корумпирано судство, здравство, образование парламент, царина, полиција,инспекциски служби, итн,итн, значи комплетно  се е корумпирано и најжално на сето тоа немаме реална економија.

Се усложнуваат процедурите за работа на малите субјекти се со цел работата, тендерите  и концесиите да ги добиваат токму голтарите во политиката и нивните „вчера“регистрирани фирми, дечиња, пријателчиња, партнери.

Голтарите почнаа да стануваат милионери со „чесниот“ Црвенковски, со неправедната приватизација на општествениот капитал, продолжија да се богатат со средно богатиот бизнисмен, Георгиевски, па дојде режимот на Груевски и почна преземање на бизнисите од Фамилијата и нивните одбрани луѓе со наративот дека не може сите да бидат богати и си тераа  со презимање на фирмите по нотари, тоест,  се си било нивно?!

 После тоа  го гледавме неуспешниот обид на Рашковски да биде новото  бате и секако слушавме за шпекулации за „евро за Вицто“, но сега за сега, се повлече Заев од политика. Што по мене сметам дека е најпаметен потег во 30 години Македонска политика, секако има голем кредит и за влезот на Северна Македонија во НАТО.

Правдата секако дека не е сеопфатна, но трагично е Миле и Гордана да бидат единствените примери од голтарите кои што ќе лежат за сите!

Добар дел од причина  за голтарите да стаат милионери лежат и во тоа што меѓународната заедница ги толерираше заради безбедност пред демократија и врските кои што голтарите и длабоката држава ги имаа на истокот, Русија, Украина и секако Србија. Секако и брзото корумпирање на западните дипломати токму од голтарите кои што ги бива за се ама само во Македонија. ИРЛ само не потсети на тие операции кои се одвилвале за време на сите режими ос страна на Минчо Јорданов и Благоја Механџиски– Зегин. За пропаднатите банки да зборувам. „Сето тоа народот ќе го позлати“ како  во филмот „Време на чуда“ од 1989 година.

Нема невини!

Конфликтот во Украина доведува некои процеси да се убрзаат,  па да видиме како ќе изиграат голтариве, веројатно дојде времето да си ги продаваат своите кожи голтарите  меѓу себе!

Пресот денеска на Каевски и мешањето на Стоилковски некако ми звучи познато како во турбо- фолк песната од Индира Радиќ и Ален Исламовиќ : ЛОПОВ.

ЛОПОВ,  ЛОПОВА УВЕК ОСЕТИ!

Saturday, March 12, 2022

ДЛАБОКАТА ДРЖАВА ПРОТИВ САД И ЗОШТО ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ДОЈДЕ НА ВЛАСТ?!?!

 


Војната во Украина полека зема на замав, ќе трае и ќе биде не само глобално поместување во светскиот поредок туку и ќе влијае како на макро така и на микро ниво. Се чувствува и тоа јако  во Македонија, Северна ако сакате, која што секако за нас е  центарот на светот.

Економијата ни е партиско-политичка-олигархиска од осамостојувањето па наваму, ништо не е сменето. Партиски(читај удбашки) послушници во инсталирани во сите пори на економијат те државата, секоја чест на ретките исклучоци!

Лошите перформанси на сите полиња во власта предводена од СДСМ се веќе познати и се разглобувааат во сите дебатни емисии. Анкетата на ИРИ го покажува истото, исто така  загрижувачкиот е и трендот за поддршката на Русија од страна испитаните граѓани.

 Секако за да се направам  оваа кратка анализа за овие настани ќе мора да направим и ретроспектива на блиските историски настани. 

При сето наведено,   опозицијата не нуди ништо ново и подруго, нивното владеење го  видовме  додека беа  на власт, 11 години со режимот на Груевски.

Партиски апаратчици и полтрони без ден реален стаж во реален сектор и во приватна сфера се нудат како решенија за тешките проблеми од старана и на двете партии, за жал.

 Секако дека ликовите, тн „бизнизмени“ од партиско-политичката економија не ги сметам за успешни.

Изјавата на г-динот Бислимовски, претседателот на РКЕ е застрашувачка и фрапантна дека во денешно време  Македонија,  100% зависи од руски гас и токму таа реченица ги одбележува 30-тината години од нашата самостојност, ја опишува болката на длабоката држава и олигархијата кон Русија, и ја црта нашата економска трагедија и катастрофата која што може да ни се случи! Тоа е токму изјава која што ги открива сите тајни на длабоката држава!

Длабоката држава владее со Македонија, се уште!

Длабоката држава е неформалната структура која што продолжи да владее со Македонија и по распадот на Југославија, со променлива среќа,  но успешно, без разлика која и да е партија  на власт. Длабоката држава и олигархијата во суштина е антимакедонска и антидржавна и без разлика дали покажува просрпски или пробугарски аспирации, работат за центри во Москва. 

До падот на Груевски, а и потоа, длабоката држава  владееше со застарените путинови механизми и токму тоа се луѓето кои што  во суштибна се фасцинирани од путинска Русија, затоа што не можат да функционираат во функционална демократија и слободна економија. Со тие методи се обидуваат да го срушат токму новиот СДСМ во обид и нашата НАТО и ЕУ перспектива.

Знаеме дека  американците се вклучуваат во процесите во Македонија, по препораката  на ЦИА до Џорџ Буш, постариот, се   со цел да не избие Балканска војна, но  и регионална војна во Источна Европа во која што би можело да се вклучат Грција и Турција.

Американците, 30 години,  работат  паралелно  на тоа да го срушат комунизмот во Македонија, при  што, тоа  им беше планирано да го сторат со  ВМРО – ДПМНЕ на Георгиевски, односно да да го демонтираат комунизмот, длабоката држава и структурите на КОС кои ден денес владеат..

За жал,  веќе во 1999 година увидуваат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема никакава контрола во државата и дека постојат други моќни  структури кои што владеат, кои веќе се дефинираат како   Длабока држава(екс ЈУ-КОС).

 Клучниот момент за американските структури да  ја продолжат  соработката со таа екс- ју-КОС  длабока држава е палењето на американската амбасада во Скопје, за кој што  и чуварот на таа длабока држава, современиот Колишевски, самиот се фалеше како го спасил  самиот   амбасадор Хил, точно  погодувате, Павле Трајанов.  Професорот Фрчковски потврди дека тие КОС структури тргувале со информации за позициите на српската војска во Босна.

Павле Трајанов за жал  и сега е клучен за опстанок  на Владата на СДСМ и токму ДПМНЕ и структурите на Длабоката држава, групирана  околу Иванов му се лутат за тоа и при тоа плански  ја објавуваат аферата  за Градскиот паркинг, предводен од кадар на ДС на Трајанов.

Павле Трајанов,  исто така зборуваше за негативната улога на Доста Димовска и власта на ВМРО-ДПМНЕ до 2002 година,  но и самиот вршеше и се уште врши  понегативна  улога од самата,сега  покојна Димовска.

Токму  за него во јавноста се шпекулира дека е чуварот на тие длабоки структури и нивни експонент.

 Американците стратешки,  во 2019 година ја поделуваат таа структура на длабоката држава на две половини со кандидирањето на Пендаровски на функцијата претседател на републиката и со неговата победа. Самиот често гледаме дека балансира помеѓу тие структури , но на штета на СДСМ. Се сеќаваме дека дури и неговиот против  кадидат(ка) е  исто татов лик,  поврзан со нашата Далбоката држава, но после 2018 година  преминат во ВМРО-ДПМНЕ.

После 1999 година и неуспехот да го срушат комунизмот со ВМРО-ДПМНЕ, американците повторно го враќаат во игра СДСМ, кој што важеше за просрпска партија и повторно токму тој нереформиран СДСМ  доби виза  да се врати на власт, тоа се случи во 2002 година.

Но, американците не се откажаа од ВМРО-ДПМНЕ и го поддржаа проектот за Груевски премиер, кој требаше заедно со  целиот пакет да го реши спорот со името.  Поточно, идеата беше десницата да го реши името како побезболна опција. 

Длабоката држава и олигарсите ги чувствуваат новите ветришта, односно им дошепнува некој и од тие причини  поминува во и не се став во негова услуга туко го преземе(контролира) ДПМНЕ, а за тоа чувме помагал исамиот  Глигоров, со изјавата дека Груевски бил нивно дете, но да не заборавиме и на неговите врски со Кљусев, Наумов и други тн„ вмровци“.

Но, Груевски, како Груевски, поддржан токму од длабоката држава и олигархијата  никогаш не си стоеше на зборот и после 2008 година почнува нови процеси за антиквизација , по неуспехот на Џорџ Буш помладиот да ја зачлени Македонија во НАТО,  се сеќавате Грција стави  вето и историјата зема друг комплетно друг правец.  Како што рековме, Груевски комплетно зазема други  позиции и влегува во процес на антиквизација на Македонија што во суштина е антимакедонски проект, сето тоа е поддржано и од длабоката држава која што во суштина е и идеологот на таа доктрина. Павле Трајанов и Слободан Богоевски го потврдија тоа во своите интервјуа. 

Исто така битно е да се напомене дека Длабоката држава те олигарсите не ги надградија добиените на тацна народни  претпријатија и не ги направија да  се конкуретни на западните, не освоија нови пазари освен старите источни,кои што  ги имаа од времето на Југославија. Знаеме за улогата на нашата олигархија за кршењето на НАТО ембаргото кон Милошевиќ.

Тука сега е и главниот проблемот  со војната во Украина и санкциите кон Русија како и процесите околу истите. Длабоката држава со држење на Македонија надвор од НАТО и ЕУ всушност си ги штитеше своите економски позиции и влијанието во општеството  кои што сега гледаме се на стаклени нозе.

Заканата на Макпетрол што мислите дека е, освен крик по Русија и истокот и старите времиња?!?!?!

Американците во 2011 година, за време на администрацијата на Обама, конечно сфаќаат дека Груевски ги „вози“ и нема да го промени иметопри што  влегуваат во процес на демонтажа на неговиот режим.  Груевски се прецени дека може да ги победи американците како што тука во ги мачкаше своите неистомисленици!

Новите времиња носеа и нови предизвици, што за жал се уште не можат да  ги препознаат  во партијата која што тој ја контролира и финансира, за жал!

Рушењето на режимот  е килав процес и добар дел се должи на тоа дека локалниот стаф во америнаската амбасад има врски со тн длабока држава. Така беше до моментот  во 2015 година кога  пукаат тх аудио бомбите, а Груевски и Мијалков не успеаа да предизвикаат регионална криза со настаните од Диво Насеље. Министерката за внатрешни работи и Мијалков мораат да заминат од своите позиции, не им успеа да направат војна, што би рекол слугата на режимот Протуѓер.  

Демонтажата на структурите на Груевски оди тешко и денес, но секако и 27 Април 2017 година е критичен датум во тој процес, секако помогнат од таа длабока држава и партиско политичка олигархија и секако судството и администрацијата, а и луѓето кои што се затворени вреувајќи во филмовите на фамилијата, се со цел да не ја предаде Груевски властта и да не ги изгуби украдените пари и фирми.

Можам слободно да кажам дека референдумот за промена на името не успеа поради тие структури на длабоката држава и нејзината партиска олигархија, која што  од личен интерес го одмогнаа, а не затоа што народот не сакаше да се преименуваме, Македонците не го сакаат тоа  и денес, но истото е реалност.

Инаку можеме да забележиме како ликовите кои подобро ги разбираат овие нови политички текови се обидуваат да промовираат нови играчи во бизнисот со енергенси, те нови лица, нивните синчиња,роднини и протажња,  кој што обид, за среќа нема да го издржи притисокот на новото време.

Процесите се забрзаа до таа мера што  со војната во Украина не принудува   веднаш и не само декларативно туку и вистински  на дело да се покаже нашата идеолошка и економска определба за западот.

Тој процес секако е болен   за сите проруски  структури увлечени во париите, администрацијата, судството  и економијата, полека можеме да заклучиме дека губи комунизмот во Македонија. Самиот Мицкоски, покрај тоа што е избран од тие структури, туку  е најголемата жртва на тие структури кои што преку неговата Комисија за безбедност го хранат со лажни вести и ја потхрануваат хистеријата во партијата и  порачуваат дека само што не дошле  французите  и германците, читај русите на овие простори, а при тоа се уште  си ги праќа свои кадри на обука кај Вучиќ!

Слободно може да кажеме  дека за среќа сме сведоци на раѓање на  новото сонце на економската слобода над МАКЕДОНИЈА! Не плачете по олигарсите и длабоката држава, ќе биде тешко, но после тоа доаѓаат нови подобри времиња!

Да живее Македонија, Северна Македонија!

ПС Се чудам како би функционирала фабрика за автобуси со партиски послушници, веројатно ќе летаат автобусите!?!?!

 

Saturday, March 5, 2022

ЗA ДЕМОКРАТИЈА ИЛИ ЗА ПУТИН?!

 


На 24.02.2022 година Путин ја започна тоталната инвазија на Украина, нешто што мислевме дека може да се случи само далеку од Европа и дека таквите случувања еднаш за секогаш  завршија на европското тло со распадот на Југославија и Советскиот сојуз, но изгледа се излажавме. Од сведоштвата на и на украинските жители се гледа дака и тие не очекувале вакво нешто.

Путин е против целиот свет, митот граден за него  од моментот кога стана премиер во август 1999 година се распрсна како меур од сапуница, дури и руски астролог гој го подржуваше до пред инвазијата сега тврди дека Путин е антихристот што го предвидел Нострадамус во своите катрени. Цврстата рака на Русија во еден момент стана лик кој веројатно ќе ја заврши својата кариера многу неславно.

Ова однесување на Путин само ја потврдува исправноста на западната демократија дека  еден политичар  треба да се задржи на власт најмногу 8 години, за да не забега.  Ние  во Македонија се уште  имаме  свежи сеќавањата и може да правиме компарации за  нашето диктаторче,  Груевски,  кој среќа на аудио „бомбите“  успеавме да го симнеме од власт заедно со неговата забегана врхушка и намерата да се прогласи за крал.

Како обични граѓани после оваа инвазија ние полека стануваме свесни за придобивките од членството на Македонија во  НАТО, но тоа одеше прилично тешко и долго за да наеднаш американците го изгубат трпението и не натераа нас и Грција да го потпишеме фамозниот Преспански договор, кој полека ја покажува својата историска важност и значење на Северна Македонија.

Инаку,  разузнавачките информации за можна војна во Украина датираат и пред  датата што ја кажа претседателот Пендаровски. Позадинските игри за  дестабилизацијат на Македонија траат многу одамна, но западните разузнавачи критичноста на периодот и ризикот во Западен Балкан ,  почнаа суптилно да ја потенцираат уште на почетокот на 2021 година.  Гледаме пред некој ден  и Абазовќ, премиерот на Црна Гора зборува за можноста за дестабилизација на регионот.

Две партии во Македонија беа маркирани како русофилски,  а за рестовите на длабоката држава,  знаеме.  

Само кратко да се навратам  на минатото. Професорот Фрчковски демистифицираше како тоа КОС структурите во Македонија со издавање на позициите на србите во Босна успеале да премината на американската старана. После тоа се надоврза во интервју и Павле Трајанов во обид да ја велича својата улога за самостојноста на Македонија, но добро знаеме дека токму тој е ликот кој работеше на зачувување на длабоката држава во Македонија и им помогна на тие структури да го срушат ВМРО-ДПМЕ во 2002 година, за да во 2006 година се стават на услуга на иста партија под Груевски и за жал токму тие структури да работат на можното враќање на Груевски на власт, а сето тоа спротивна на нашите државни интереси и интересите на нашите сојузници.  

Полека, но сигурно сите политички чинители на поранешната или сегашната  на македонска политичка сцена сведочат во прилог на тезите дека предлогот на МАНУ за размена на територии е руски предлог, а тоа дека Македонија  да не пости е руски план кој Путин му го навестил на еден од наште поранешни претседатели. Западни дипломати уште во 2009 година тврдеа дека и пранешнот и актуелното раководатво на ДПМНЕ работи на поделба на Македонија и дека проектот за антиквизација на Груевски, односно Скопје 2014 е токму тоа, и така натаму и така натаму, тоа го знаеме скоро сите кои што следиме политика.

Сега да се навратиме на случувањата од почетокот на 2021 година. Двете русофилски партии , маркирани од западните разузнавачи се Левица и ВМРО-ДПМНЕ, за жал.

Некаде во април или мај 2021 година беше побарно страна на западни дипломати,  Мицкоски да даде гаранции за Преспанскиот договор и гаранција за Македонските евро-атлански определби како и кадровски да се дистанцира од кадрите на Режимот со цел да може да дојде на власт. Истото не го направи, но немушто, после победата на локалните избори тоа го направија неговите градоначалници, кои на изненадување на членството дадоа изјави, онака од небо, па во ребра дека Преспанскиот договор е завршена работа. Сета таа игра на зборови и обидот да дава изјави во стилот на Гоца, Мицкоски го чинеше со неформирање на ново парламентарно мнозинство и Влада кон крајот на мината година.

И сега гледаме како тој Мицкоски  се обидува да го оправда делот на своето русофилско членство, но и себе си за проруската симпатија кон путинова Русија. Тука секако се вклучи да му помага и Клековски, тн, независен аналитичар.

Секако дека помина времето на одлука дали сме за „Тито или за Сталин“, за жал врхушката на најголемата опозициска партија уште мисли дека може да манипулира со западот, но и со членството во стилот на џелатот на режимот, Протуѓер, виновен сум ама не сум виновен, додека секојдневно  рапотрира во Будимпешта кај фирерчето.

Проверени информации говорат дека после поддршката на Орбан на санкциите кон Русија,  Груевски нема многу простор и време во Унгарија.

 

Слава на Украина.

Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...