Tuesday, July 26, 2022

ДЕМЕК „ДОБРО УТРО“ ОД НИКОЛА ГРУЕВСКИ


 БАЊАЊЕ ЗА НЕБАЊАТИТЕ ОД НИКОС ГРУЈОС ака НИКОЛАЈ ГРУЕФФ

Последното пишување е едн од ретките текстови  што ги читам  од Груевски,  не можам да се начудам дека оваа јавна тајна ја обзнанува дури во 2022 година, а како и секогаш Груевски си се правеше „мутав“ за клучни прашања, како на пример,  не знел дека има војна/конфликт во 2001 година, а набавувал блиндиран џип?!?!?

Самиот Груевски е  прецизно селектиран и монтиран наследник на Георгиевски во тронот на пробугарска партија во  чие што владеење 1998-2002 година започна процесот за поделба на Република Македонија.

Нема  логика е зошто толку касно пишува за овј а процесот, доколку бил против, а токму тој  можеше да го запре истиот , благовремено.  Проектот беше еден вид на табу за високот раководство на партијата кое што успешно се крие до ден денес од обичното членство.

Но, Груевски  за време на својот режим  влезе во некои нерационални историски процеси, веројатно точни се гласините дека сакаше да се круниса а крал. Како што велии Ефтов, Никос Грујос  е најголемата грчка инвестиција.

Западот го остави да се комрумпира заедно со фамилијата и соработниците  до „Балчк“ затоа што ветил дека ќе ја реализира крајната цел на ЕУ- бугаризација на Македонија. Јасна  е причината за неговиот начин на владеење,   објаснет со  паролата „после него потоп“, те занел за идното припојување/поделба  кон Бугарија, но сето  како крајна цел на европската перспектива Република Македонија.

Картата за поделба на  Република Македонија циркулираше помеѓу претставниците во Владата уште пред конфликтот во 2001 година. Како што призна Георгиевски, подоцна во 2010 година, ВМРО-ДПМНЕ беше пробугарска партија. И самиот сега се чуди како  најголемите бугари во партијата се нјагласни македонисти. Доколку се вратиме наназад ќе се потсетиме дека токму и најтврдите пробугарските кадри во ДПМНЕ останаа во врвот на партијата по расколот со Георгиевски, не зборувам за кадрите кои што ги донесе Груевски да бидат неговите „преторијанци“. Веројатно се јавиле од Софија, како што ќе каже, сега македонистот Марјан Ѓорчев?!?!? Македонски патриоти низ годините беа елиминирани низ партиските структури.

Веројатно прерано беше да се случи бугаризацијата на Република Македонија во периодот после 2000 година затоа што тоа немаше да помине кај народот особено кај тврдите членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.  Додека пак, наспроти тоа, дел од  раководството на СДСМ на велико си ги користеше своите бугарски корени за одржување на блиски релации со пробугарскиот врв на ДПМНЕ, некои се спасија од кривичен прогон, а други се вработуваа и доаѓаа на вискои државни функции, за чудење на членството.  Од врвот на партијата се шегуваа:„комуњари се ама биле вмровци од ‘903та“, а си мислелел во себе „бугарчиња се како нив“!

Членството, да потсетам 90% од Македонците кои се членови се Македонски патриоти и во двете партии, а се чекаше дел од елитата на СДСМ од југословени да се разбудат „чисти“бугари! Еве дојдоа и тие денови....Некој подмачкан со јака парка, де. Веројатно требало да се бањаат почесто, а  сега останува уште „небањативе“ да се избањаат.

Веројатно како предигра во тој процес  требаше да ни се случи конфликтот од 2001, па Рамковниот договор, па режимот на Груевски, за да видиме дека исто се корумпирани  и двете партии, па  требаше Преспанскиот договор и конечно Европа да ја отвори скриената агенда за бугаризација на Македонија со Францускиот предлог.

Проблемот е што за 30 години и двете партии на македонците се корумпираа што нивната елита нема каде да мрда и да сака и им се посочува дека исстите  ќе завршат полошо и од  Груевски,  кој ете,  сега решил да зборува за вистината пред македонскиот народ, а самиот ја траше велико бугарската агенда на Ванчо Михајлов и ете завршува како него. Фаќаат клетвите друже Грујо, прашај го слугата Кирца?!?

Не гласањето на ВМРО –ДПМНЕ против францускиот предлог ја потврдува тезата на Бучковски дека за брзопартијата  ќе сменат плоча,  да потсетам  токму Бучкоски одржуваше блиски бугарофилски  релации со кадрите во ВМРО-НП,  кои што топ-тан преминаа кај Груевски , а сега се Македонски патриоти од најголем ред кај Мицкоски.

Браво, претстава за народ од двете сега бугарски партии на Македонците.

Sunday, July 24, 2022

ЕМ КОМУЊАРЧИЊА, ЕМ БУГАРЧИЊА ИЛИ ЗА БУГАРЦКИТЕ РАБОТИ

 


Иронијата да биде до толку поголема СДСМ „не носи“ во Бугарија во 21 век, токму за тоа што го обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ во ’90-тите години од минатиот век. Бугари,  бугарчиња и слично Иако во суштина  членството на  беше ДПМНЕ е патриотско, но  реално изманипулирано од тогашното раководство кое што беше пробугарско, но ете и пробугарите кои останаа во раководството наводно се освестиле дека биле Македонци или пак  тогаш работеле за кешот кој доаѓаше преку Каракачанов?!

 Точно, нашата историја и преданија  паметат и раскажуваат за многу национални предавства помеѓу Македонците во клучни историски моменти, за грст златници, но некогаш и многу помалку, но тоа е балкански синдром, нели?

Очигледна е намерата на западната политика со концесии кон Бугарија да ја придобијат Бугарија на своја страна и Бугарија да го напушти прорускиот курс.  Мислам тоа е погрешна проценка на американците која што за брзо ќе ја увидат. Македонија, но сега  повеќе Македонците се токму монетата за поткусурување како и секогаш низ историјата, но забораваат дека Македонија е бурето барут на Балканот.

Точно е дека, за жал, постои намера за асимилација на Македонците, токму со  францускиот  предлог да се вметнат бугарите во уставот на Македонија, како што вели Мицкоски и дека Македонците ќе исчезната,  како што стравува академикот Коцарев.

Се согласувам со нив, но пристапот им е погрешен. Политиката не е црно-бела, но пристапот им е погрешен. Мицкоски мора да ја смени реториката затоа што премногу сме мали да ја тераме реториката на Тито и политиката на Југославија. Комплетно се потврдија стравовите на постарите дека без Југославија ќе биде тешко, но не треба да се откажуваме во нашата вековна борба. Идејата на Коцарев за поништување на Преспанскиот договор е комплетна утопија. Водење на таква политика и позиционирање на такви цели е неконзистентна со позицијата на Република Северна Македонија , светската реалност во услови на реал политика кога правото, и идеалите се погазени и поразени во сите области на човековото живењее и постоење во   општество, во политика, насекаде. НАстаните во Украина само ни ни покажа дека страдањата на луѓето се реални и блиси до Европа,  колку и да не бевме свесни за страдањата во Сирија, на пример.

Сепак ние како Македонци, ќе мораме да бидеме достоинствени на ниво во нашата борба и  културно да им укажуваме на западните дипломати дека е доста е со понижувањето на македонскиот народ. Дека токму тие со помош на домашните политичира без киќма, алчни за пари  ја донесоа Македонија пред распад, до ниво на пред-федерација. Тоа го направија со газаење на идивидуалните права и  вметнување на одредби за племенска доминација на одредени партиски кланови и дека истото тука треба тука да се запре,  а токму мора да запре со недостоинствениот француски предлог.

Секој ден луѓето од на Ахмети, а и тој самиот како и целата  ДУИ ни покажуваат дека  сме граѓани од втор ред во сопствената држава и јасно е дека обидот да се вметнат бугарите во уставот е обид дискриминираните Македонци да се асимилираат, нарадски кажано да пишат за бугари. Политиката на Бугарија со давање на пасоши не вроди со плод. Бугарите имаа погрешна процена како и русите кога го нападнаа Киев, дека за брзо време ќе се разбудат спијачите, Киев ќе падне за три дена, а Македонија ќе стане бугарска.

Гледате и прагматичниот Вучич сфаќа дека Бугарите се надеваат дека тој процес  на бугаризација би почнал од Охрид  и отвара конзулат токму таму.  Ако ВМРО-ДПМНЕ го копира Вучиќ, крајно време е да го стори тоа и да ја смени реториката и начинот на водење на политиката секако со комплетно кдаровско ослободување од стегите на груевизмот. Со право стравува  Мицкоски од можна асимилација од причина што одлично ја запозна  партијата и луѓето, но мислам дека стравот е преголем од причина што  тоа се премалку луѓе за таков сериозен процес на инстантна бугаризација.

Главната цел за асимилација доколку се смени уставот би била токму  администрацијата, односно државниот апарат и антимакедонската супстанца на тајните служби.

 Лично сметам дека доколку бугарите влезат во уставот токму администрацијата ќе биде прва која што би се бугаризирала за определени бенифиции и подобрување на својата позиција, а некои луѓе ќе се декларираат за бугари за да се вработат. Тоа би било некој рамковен договор за „разбудените“ бугари. Мобингот е секојдневие помеѓу вработените во администарцијата, само ќе се пренамени во мобинг со крајна цел бугаризација.

Токму дека ја препознаваме таа намера треба да им се укаже на западните дипломати и да им се кажеме дека истото го разбираме,   препознаваме и дека имеме право да се бориме против тој перфидниот обид. Лажеше Макрон, дека ако го смениме името ќе влеземе во ЕУ,  лаже и сега, а наследникот на Меркел само ја продолжува таа иста француска-германска политика на лаги. НЕ лаѓат нас Македонците, но се лажат американците дека не ги лажат и нив.

Од авион се гледа дека и русите преку Лавров играат со тие чувства на Македонците како што реагира МНР на Бугар Османов, но истиот тој лик  ги понижи Македонците до најниска можно ниво и му даде плодна почва на Путин и русите за играње со чувставата.  На Русија не и смета што сме Северна Македонија, не и смета американското решение за МПЦ, не им смета да сме бугари,  но исто така им  треба  криза на овие простори која што  реално и да биде предизвикана.

Крајно време е членовите на СДСМ да го дигната својот глас против ова раководство на СДСМ и Владата и  да направат нова партија  иако истите се прагматични и тешко е да се очекува  да го покажат својот пркос  како тоа што го направи Стојко Пауновски,  се со цел со Македонците да го спасат  Македонскиот народ од исчезнување.

За Македонија се работи!

Thursday, July 21, 2022

БОЉЕ БУГАР НА ЈАХТА, НЕГО ЌОСЕ ВО ЗАТВОР?!

 


Драги мои се живо се распродаде за постапката за почнување на постапка за постапка за преговори за влез во ЕУ кога „врбата ште роди грозје“, „никад,  а можда ни тад!“

Гледаме дека на премиерот ни дома не му веруваат  дека францускиот предлог бил добар за Македонија и Македонците, а бугарите секој ден не потсетуваат дека не не признаваат.

После војна, ќе речете,  многу генерали, па еве и Никола Димитров и Лилјана Поповска, кукаат како  Преспански договор бил лош, а францускиов предлог дека бил   уште полош.

Знаете, ете доживеавме да видиме дека македонската политичка елита, кој а што  е без компас  како нивните матични партии,  некогаш биле југословени, па сега се разбудиле како бугари, бараат заедничка историја, наспроти тоа некои бугарофили станаа антички македонци, некој е за српски свет, имаше и православни албанци...се извинувам на израз,  политичка клептократска калакурница.

Тајна служба на Македонија никогаш не ни била за Македонија, слушајте  ги сведоштвата на живите поранешни припадници. Немало нокогаш македонска супстанца во врмот на службите. Македонските патриоти биле заведени како бугарски врховисти, а пробугарите уживаа во  високи позиции во југословенското општеството, професорски титули, станови, куќи....

Касно му текна на Никола Димитров дека Договорот од Преспа претходно е добро спремен со многу кеш, па кукаше како немал бизниси, сфатил човекот дека евтин му бил потписот за големото име. Џабе и солзите  на Лиле и целата кариера на татко и, јасно е што направи, се надевам некој ќе и подаде тоалетна хартија. Касно сфатија дека две фамилии се трајно обезбедени со продажбата на држвата и народот.

За жал не ја искористивме американската наклоност да го решиме спорот со поповолен компромис   за нас, затоа што знаете,  уште Тукидит пишал дека малите правата што сакаат големите.  Европа покажа не само што покажа дека не ги еманципирала своите  „деца“ од минатото, туку и дека тргна по нивниот памет да негира нација, јазик, идентитет. Голема срамота за Европа! А, за чудо некои наши сограѓани се крстат во Русија, а забораваат на Радев.

Не постои политичар кој не придонел во изминатите 30 години за ова срамно решение, албанските не ги кривам, си имаат луѓето агенда и си ја тераат. Така треба.  

Поддршката за Македонија од Вашингтон почнува да бледее некаде во 2011 година, токму кога нивниот фаворит, технократот Груевски, забега не само во историја туку и во психопатологија, поддржана од партијата. После тоа знаете евро за бате, подобро бугарин на јахта или во егзил него со ќосињата во затвор.

Изгубена ни е елитата, но за таа негативна селекција не се криви само македонските парти, туку и западните бирократи кои што ја имаа завалено својата задницата во некоја скопска амбасада. Никола Димитров и Стево Пендаровски, нпр беа добри за сите партии....

Останува да виси  прашањето колкав „пакет“ од пратеници  е ветено да се испорача токму од  затворот  од Струга за да се изгласаат  уставните измени, за внесување на бугарите во уставот. Бате ќе им купи пратеници или они ќе му продаат?! Некои упатени извори, брифираат дека треба уште 6 пратеници.

Занете,  се што е пренагласено е сомнително или не постои, најголемите анти-геј активисти излегоа најголеми гејеви во Америка, нпр, а реториката:„Преку нас мртви промена на устав“ и слично, па уште и чудната непромислена  одлука за референдум?!?!......

Да се биде против францускиот предлог, ќе повторам, не значи дека ја поддржуваме политиката и  реториката на Мицкоски и партијата, која што реторика,  во суштина го држи надвор од премиерското столче. Не им доаѓа памет, ќе затварале, ќе апселе, зандани, чуда ќе се светеле...тоа е уште еден показател  дека уште долго ќе бидат опозиција.

Забораваат дека механизмите на власта ги држи во раце и нивните клиенти кои што  лесно ќе се превртат ....плус слаткоречивоста на дипломатите без тоа да е ставено на хартија, а нели и хартијата беше тоалет, да ја искористам реториката и практиката  од времето режимот, „жими жицата“  што би се рекол за време хибридниов  режим!

Само сакам да ги потсетам западните дипломати дека причина за Балканските војни е токму Македонија и неправилната распределба на нејзината територија помеѓу балканските сили, Бугарија, Грција и Србија.  Србите се незадоволни не само со Македонија туку и со Косово, така да едно  рано утро во блиска иднина некој може да се чеша во Вашингтон исто како со случајот со Украина, а Туркије задоволна е?

Wednesday, July 13, 2022

ХРОНИКА НА ЕДНА НАЈАВЕНА СМРТ ЗА МАКЕДОНСКAТА НАЦИЈА

 

  

                                                        Носителот на членската карта број 001 на СДСМ


 
Драги мои  Македонки и Македонци, ете конечно сме обединети, но за жал  во горчината и траорот дека ја загубивме државата, а ќе ги загубиме и нацијата, идентитетот  и јазикот.

 Можеби  имаше  некаква надеж со веста дека Чешка би го блокирала францускиот предлог како што го блокираше германскиот, но не било така. Не била ни американска идејата за блокада на клаузулата за „погрешно толкување на  историјат“,, за жал, а можноста за евентуална блокада од трета земја е стопирана со тоа што ова прашање со Бугари ќе го решиме во билатерален протокол и историскиот  ревизионизмот на Бугарија важи само за нас, но не и за другите, мислам ќе важи и за србите.

Се надевавме дека можеби „плескањето“ на амбасадорката Брнз од страна на Едвард Џозев, ќе предизвика преврат во последен момент во американската политика и дипломатија , но  не било  така. Работата е завршена и се влегува во процес на повторно кршење на нашата „кичма“ како народ. Некој решил да не постоиме. Одлуката на ЦО на СДСМ е само најава на крајот на Македонија и Македонците. Има ли поголема иронија од тоа, наследниците на КПМ да ја пратат Македонија и Македонскиот народ во историјата како фалсификатори.

Нашата политичка елита, клептократите од двете големи Македонски партии продадоа се што можеше да се продаде. Се изнакрадоа ко последно да ќе им биде.

Заебанцијата „ го продадоа знамто и имто“ излезе вистина, продадоа се.

Нема идеали, нема етика нема морал. Стратезите од нашите сојузници го увидоа тоа и ги оставија елитите да се корумпираат до бесвест за да може мазно да поминуваат вакви битни работи против еден народ и држава.

Џабе се надеваме на било што да се случи во пратеничката група на СДСМ, тоа е партија на прагматици каде што нема луѓе како што имаше во ВМРО-ДПМНЕ да се спротистават на пример на Груевски и Мијалков кога беа нај јаки, по цена на загуба на приходи, распад на фамилии или не дај боже како некои што завршија своите животи во „ендек“, како што „обичаше“ да каже Мартин Протуѓер, кого го амнестираа за сите недела.

Признавањето на Република Македонија во 2004та, од страна на САД видовме дека не вредело 5 пари, не преименуваа без око да им трепне  во Север Македонија.

За жал оваа политика за бришење на Македонија, триумфалистички  е помогната од нашите сограѓани од ДУИ, но сакам јавно да ги прашам: „Мислите дека вака лесно ќе помнете со бугарите во иднина?! Гледам и грците ви спремаат блокада. Нашиот пораз ќе биде и Ваш пораз, заборавате дека и корупцијата во Вашата партија е одлично документирана. Со сигурност тврдам дека не може уште долго да сметаат на ваква американска поддршка.

Во овие моменти ми текнува на „ванчовистите“ кои што ги спомна Љубчо Георгиевски, кои што доаѓаа во бифето на жолтата зграда на ДПМНЕ и ја раскажуваа приказната за Бугари и како тоа сме биле неосвестени бугари, дури  и луѓето на Георгиевски викаа баталете ги будали, бивајќи им јасно дека ги бркаат гласачите.

Но, ете и во нивните највлажни роматически соништа пред  крајот од нивниот животен век не ни замислуваа дека СДСМ ќе биде партијата која што ќе ги имплементира нивните идеали. Не дочекаа да видат како нивните идеали се остварија и тоа во 21 век!?!?! Заебанцијата дека некој еден ден легнал да спие и станал како бугарин веќе ни покажуваат дека било вистина од раководството на СДСМ.

Сакам да прашам, само, за колку стана би се продале 10 пратеници од ДПМНЕ на пример, што недостигаат за 2/3 мнозинство во парламентот, 25 или може 28?!? Пошто знаете, „за идеале гину будале!“

Сакам само да ги прашам зошто западните дипломати во 2000 година и после не убедуваа дека предлогот на за поделба на Македонија  е штетен и е погрешна политика на ракодствот на мојата поранешна партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство. Еве го моментот дојдовме до таа фаза, Љубчо Георгиевски излезе повторно визионер, а бугарофилите од негово време пак сека ја бранат македонштината под раководство на Христијан Мицкоски.  Комплетно, може да си се наречеме Северен Апсурдиста.

Неформалната карата за поделба на Република Македонија во нашата Влада циркулираше уште во 2000 година, а новинарите кои што со сета сила го обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ за бугарфилство во тоа време сега се за францускиот предлог?!?!!?

За жал нема чудо што може да не спаси, а „шамарањето“ на Пендаровски, дека браќата Миладиновци, нпр, се бугари ќе стане секојдневие.

Не ни замислувавме дека бугарските и грчките пропаганди од 19 Век ќе бидат прифатени од ЕУ, а најмалку од САД во 21век?!?!?

Може да сте геј, нпр и да уживате секаква државна заштита, а како Македонци не смееме да се изјасниме!?!?!

Спремни ли сме народе да ги следиме наште идеалите и нпр. 50 години да сме будали?!?!

ПС Ме прашуваат  зошто пишувам кога се е завршено, но мора да се остави трага во историјата дека не се слагаме со политичките елити и не би рекол дека е завршено, борбата продолжува за Македонија иако сме најглупата** и нај корумпираната генерација Македонци која што постела.

·                                                                                                                              Александар Бежовски                                                                                 

**  **Најглупата генерација Македонци е кованица која што ја употреби  Стефан Влахов Мицов, со право во емисијата Во Центар.

Saturday, July 9, 2022

ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, КРАЈОТ НА КАРИЕРАТА НА БРНЗ И ДАЛИ МОЖЕ ДА МУ СЕ ВЕРУВА НА МИЦКОСКИ?!?

 


Какво време за пишување на колумни, летна есен J

Политичката ситуација се вжештува, а и дополнително  се комплицира со вестите од Чешка дека сите  членки на ЕУ не се консултирани за францускиот предлог,  при тоа истите се вознемирени поради тоа. Со право,  чесите знаат дека средновековието не е бугарско,  а обидот да се прогласи истото и да претставува официјален  став на е ЕУ е потполно исто  со германскиот предлог, кој што чесите и словаците го блокираа во  последен момент, се сеќавате тоа беше документот за проширување на Меркел,  за тн погрешно толкување на историјата од страна на Македонија.

 Сега ни станува многу појасно зошто идеата е да има обид,  францускиот предлог да се протурка со билатерални протоколи помеѓу Македонија и Бугарија.

Од тие причини, францускиот предлог најверојатно ќе добие Чешко вето, чех-мат!

Фацијалната експресија на амбасадорката Брнз јасно кажува дека самата не  е на висината на задачата и не ја контролира ситуација, а веројатно веќе е искарана од страна на Стејд департментот и се по веројатно дека ова е крај за нејзината неуспешна амбасадорска кариера , иако пред 3 години ни беше најавена како дипломатски тешкаш.

Премногу  политички фактори и чинители се занемарени од одговорните американци, веројатно на тие во скопската амбасада, околу бугарското прашање во обид да се реши ситуацијата со бугарско вето,  брзо и веднаш, а со тоа и брзоплето, но штетно секако, пред се.

Она што го кажува Пендаровски дека русите ќе го искористеле незадоволството,  требаше некој да го предвиди и да го размислат  пред  да го прифатат понижувачкиот предлог за бугаризација на Македонија, македонскиот народ и јазик. Кејт е само прагматична нели?!?

Спогодбата на Мијалков со нашето корумпирано судство и обвинителство со 8% доверба од јавноста остава сомнеж дека има позадинско разигрување,  се крчка  и се заговара нешто  во ДПМНЕ.  Веројатно ќе има нов обид за кршење на кичма прво на пратениците, членството, а на крај на чесниот македонски народ?!?!

Ете криминалот се исплател, па  дај  народот и јазикот да го шитнат, ако помине, прагматично нели?! Кога тргнало веќе!

Бај д веј, мора да се спомене дека алчниот и злобен Мијалков ослепел од крадење и го шие  Грујо со становите....ах, неразбрани трговци, и двајцата имаат огромен удел на ова што и се случува на Македонија во моментов. Со спогодувањето со Мијалков и Камчев судствотото и обвинителството ни покажаа колку се корумпирани до срж!

Тврдиот став на Мицкоски дека нема да гласаат за промена на уставот е моментот кој загрижува , а токму за гласањето на Преспанскиот договор спротивното  на таквите изјави тоа го направија дел на пратеници кои што беа членови на ДПМНЕ,  а претходно се покажаа документи  дека Комшо е вратен на голема врата во партијата,  собира паушали од дпмневските градоначалници и финансира активности?!

И секако да не ги заборавиме информациите кои  што говорат дека Мицкоски никогаш не ни бил скаран со Мијалков,  а има супер односи со несудениот бугарски конзул Орце, кој нели му плаќал струја и го лечел фри?!

Сведоци сме дека во минатото тврдите ставови  на раководството на ДПМНЕ биле меки ко душа и често чинеле пари, ах неразбрани , алчни трговци кои ги има  таму во раководството  колку сакаш, и избеглиците , да не споменуваме.....

Западниот брифинг вели дека на Мицкоски не може да му се верува, а има и луѓе кои што лично може да го потврдат истото со лични сведоштва дека Мицкоски не си стои на зборот....

Може ли да му се верува на Мицкоски?!

Friday, July 8, 2022

ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ГО ПОТОПИ СДСМ И МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ГРАЃАНСКА ВОЈНА

 




Францускиот предлог комплетно го потопи неспособното раководство на СДСМ и актуелната Влада. Огромно е незадоволството против францускиот предлог и тоа незадоволството расте секој ден се повеќе и повеќе.  Лошо е на тоа што долеа оган Бујар Османи со изјавата за можни немири кое што се преточи со пукање од страна на етнички албанец против незадоволните протестанти.

Да беше оваа изјава дадена од функционер македонец, ќе бараа американците истиот да ја заврши својата кариера, зарем не?!

Голема среќа што инцидентот не ескалираше, бевме на самиот раб на граѓанска војна во НАТО земја, а секако тоа им одговара на русите. Сега излегува дека францускиот предлог е испомош за русите да го дестабилизираат Балканот преку Македонија, токму фитилот на бурето  барут. Веројатно американците ќе треба да најдат начин да „стават“ вето на ваква штетна европска политика како во случајот на ветото на Чешка и Словачка против предлогот Меркел за спорната калузула од документот за погрешното дека толкување на историјата од  Македонска страна е погрешно ,а тоа  генерално како обид за протнување на мала врата обид да се брише и фашистичкото минато на Германија од светската историја.

Франција и Германија, за жал, не само  во случајот со Македонија директно работата и потпомагаат Русија, за некои области.....

Ок, малите мора да прават што сакаат големите, но се си  има граница. Ете, сменивме име под притисок, но можеби и не е битно како се вика државата, но ова веќе е премногу!

Во 21 век да се наметнува некој на сила да станеме бугари е сулудо! Не лажеше Макрон да го смениме името, читаме повторно ни пушта некои пораки, а му верува некој?!?!?

Секако предлогот може и да е француски, но на крајот кривицата, за можна дестабилизација во регионов  ќе ја сносат, никој друг,  туку самите американски дипломати распоредени во Западен Балкан,  во моментов. Но, поради што, неспособност, лоша проценка, зафатеност со Украина?!?!

Со францускиот предлог како да се потврдува наративот на  луѓето на Мицкоски дека: „Балканот го презематаа  французите, а америте добиваат клоца!“-излегува така, но на штета на Македонците, зарем не?!?!

СДСМ лошо владееи лошо ги менаџира сите процеси,  цело време. Во медиумите е непрепознатлива, а и реално ништо  „работи“ на терен или за интересот граѓанитете и државата, корупција, конформизмам владее со таа партија иако нпр, го нема Шилегов, нпр, како  и целото скопско крило. Членовите се незадоволни, граѓаните исто така,  итн, итн.

Аферата со менито на исхрана на министерот Маричиќ, кој бил гладен, дополнително медумски ја закопа СДСМ, за предходните афери не ни спомнувам/

СДСМ е на власт само поради недвосмислената поддршка на западот и нивата, со право скепса и нетрпеливост кон Мицкоски и нереформираното  ДПМНЕ,  нивната реторика  и негувањето на груевизмот.....

Јасно дека и на премиерот Ковачевски му е тоа му е јасно и секако нема храброст францускиот предлог да го помине на Влада, плус  секако знае дека на крај, ќе заврши искористен  како жртвено јагне ќе ја заврши својата кариера  исто како Зоран Заев и како Никола Димитров, искористени  за интересите на големите сили, против својот народ.

Сакам да појаснам дека секој што е против  францускиот предлог, не е за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, како што се обидуваат и двете партии да го прикажат, но секако легитимно е  да се обиде ВМРО-ДПМНЕ истото да го капитализира со поддршка, сега и со евентуална победа на наредните избори во услови  кога реално  постои политичка празнина во центарот,  со сето кадровско бледило собрано во  ЛДП, ДОМ, ДС, итн, итн....Не постои партија на центарот.

Лично се надевам дека американскиот стејт департмен веќе поактивно ќе се вклучи во смирување на тензијата и ќе прифати дека ЕУ и не ни треба под тие услови, а секако и ЕУ е една неспособна „творевина„ која што ја напуштија британците, значи има зошто?!?!?

За Жал во Македонија нема политичар со западна провиниенција кој ќе има „муда“ да каже дека ЕУ под овие услови не ни треба!

Но, сето тоа ќе треба да е поткрепено со нов општествен договор и откажување на олигархијата на дел од своите приходи за да имаме поправилна распределба на доходот се со цел  граѓаните да не ја напуштаат Македонија, кој и онака нема некоја изгледна  ЕУ перспектива.

Monday, July 4, 2022

НЕ СМЕ БУГАРИ, АМЕРИКАНСКИ ДРУГАРИ!!!

 


Лошо, лошо,  изработено другови амери!  Не сме бугари!

Ме немаше подолго време, но „дошаја је нож до коску“!

Не сум за Мицкоски, тој е залутан во високата политика,  но втор пат лошо ја вршите работата!!!!!! 

Дека поддржувате  ретардирани луѓе во македонската политика  и самите знаете од многу одамна, веројатно се сеќаватае дека  еден го направивте актуелен претседател...

Како што и самите знаете на картата на монархистичка Европа не постоиме, тоа ми го кажаа луѓе од фондацијата  Конрад Аденауер уште пред 22 години, затоа сум  за Вас! Верував дека пријателството од аферата Мис Стон со американците е вечна! „Република прва на Балканот“, сте забораиле?!?!?

Сега станавте дел од  Хабсбуршка монархија?!?!

Јасно ми е дека двете политички елити, мислам на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, газат длабоко во бугарофилството, но народот е Македонски!

 Јасно, јасно, врската на Доста и Фрчко е пробугарска,но  ете и Денко бил бугар, џабе се распраавме на факултет, но тогаш беше пројугословен, а јас за независна Македонија.

Сменивме име, но ова не може да помине, гледате и сами! Колку и да ја воделе ретардирани луѓе Македонската политика и Македонските тајните служби,  последниве 30 години,  ова тешко да ќе Ви помине!

Јасно е дека сте зафатени со Украина и тоа е ОК, но не ги оставајте наследниците на фашистите да располагаат со Македонија! Ќе ни ја скшите кичмата уште еднаш?!?! После ќе се чудите зошто проруското расположение е превалентно?!?!?

Се сеќавате како лажеа Меркел и Макрон дека ако го смениме името ќе влеземе во ЕУ?!?! Но, тоа не се случи! 

Македонија,  Македонците  и Македонскиот јазик  не постојат за Европа, да не се лажеме.

Јасно ми е мене,  дека Вам америкаците не Ви значи нешто многу историјата, но мора да разберете дека Македонците се мал народ кој опстојува со милениуми и е оспоруван од сите соседи, бугарски, грчки, српски пропаганди......Македонците се горд народ!

Погрешно проценивте дека ДУИ со Али Ахмети ви е правиот сојузник! ОК, Бујар Османи Ви е фаворитот за негов наследник, но очигледно е дека ќе ја заврши кариерата како  Никола Димитров!

Конфликтноста во „ едното општеството за сите“ , како што гледате  Ви е на високо ниво, во сите пори, од сообраќај па нагоре, нелогично е албанскиот јазик да се воведе на целата територија,  судството крахира!

 Покрај тоа што декларирате дека сте за целовита Македонија, токму преку  службениците во судот може да се види дека се очекуваат поделба на државата!

Ќе ве потсетам дека „Договорот од Преспа“ го поминавте со клептократијата, наспроти волјата на граѓаните, клептократијата  проти која се боревте, нели?!?!!?

Немој да се вадите дека Грујо стои за овој народен револт!!!

ЕДНО ИМЕ, ИМАМЕ!

Честит 4ти Јули, God bless the US, и се надевам на правилна одлука на Стејт Департментот!



Мицкоски, Фамилијата и „Дезертерите“: Видена авторитарна матрица

  Полека, многу полека, почнува да се исцртува една позната слика. Не само односот кон поединците, туку и поширокиот модел – начинот на одне...